Регион
Авион од Хургада принудно слетал во Белград, патник доживеал срцев удар

Авион на нискобуџетната холандска авиокомпанија „Трансавиа“, кој полетал од Хургада за Амстердам, принудно слетал на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград откако еден патник доживеал срцев удар.
Пилотот на авионот во рамки на прицедурите побарал вонредно слетување на аеродромот во Белград, што му било одобрено, а по слетувањето патникот со возило на брза помош бил пренесен во болница.
По кусото задржување во Белград, авионот полетал за Амстердам. Од болницата во Белград навеле дека пациентот сè уште е кај нив и дека е примен на одделот за кардиологија. Неофицијално станува збор за државјанин на Холандија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Индискиот премиер пристигна во историска посета на Хрватска

Индискиот премиер Нарендра Моди слета во Загреб, каде што ќе се сретне со својот хрватски колега Андреј Пленковиќ попладне и со претседателот Зоран Милановиќ навечер. Ова е прва посета на индиски премиер на Хрватска.
„Индија е еден од најважните партнери на Хрватска во Азија. Ова е историска, прва посета на индиски премиер. Тоа е најнаселената земја во светот, (со) 1,44 милијарди жители“, рече Пленковиќ на владина седница.
Тој ги опиша билатералните односи меѓу двете земји како добри и во „фаза на подем“, додавајќи дека Моди доаѓа во Хрватска по самитот на Г7 во Канада на негова покана. Се очекува претставниците на двете земји да потпишат голем број меморандуми и билатерални договори во различни области, вклучувајќи земјоделство, култура и образование.
„Двете наши земји уживаат вековно стари блиски културни врски. Бидејќи ова е прва посета на индиски премиер на Хрватска, тоа ќе отвори нови патишта за билатерална соработка во области од заеднички интерес“, напиша Моди на социјалната платформа Икс.
Регион
Хрватска ќе ги евакуира своите дипломати од Израел и од Иран

Хрватскиот министер за надворешни и европски работи, Гордан Грлиќ-Радман, најави евакуација на хрватски дипломати од Израел и од Иран.
„Со оглед на тоа што и други земји ги евакуираат своите дипломати и претставништва од Техеран, одлучено е дека ќе ги евакуираме и амбасадорот и персоналот на Амбасадата од Техеран преку безбедни гранични премини што ги користат други дипломати. Таква евакуација ќе се спроведе и за Амбасадата, односно за вработените од Тел Авив“, изјави Грлиќ-Радман за новинарите по владина седница.
На прашањето кога ќе почне евакуацијата од Тел Авив, тој рече дека Министерството е во постојан контакт со амбасадорот и со вработените.
„Видовте што му се случи на колега во станбена зграда, каде што неговиот стан беше целосно уништен. Таа ужасна експлозија се случи на три метри од него. Генерално, чудо е што воопшто преживеал толку разорна експлозија“, рече Грлиќ-Радман.
Министерот зборуваше за хрватскиот конзул Ивица Сертиќ и за неговата сопруга Катица, кои беа лесно повредени во првиот ирански одговор на израелскиот напад. Тие поминаа со гребнатини и со исеченици. Нивниот стан беше целосно уништен.
Министерот исто така нагласи дека се работи на евакуација, односно репатријација на хрватските граѓани од Израел и од Иран.
„Со оглед на фактот дека воздушниот сообраќај е затворен или во голема мера ограничен, главно се користат копнени патишта и комуникација преку безбедни земји, како што се Египет и Јордан“, објасни тој.
Регион
Трагедија во Грција: Србинка пронајдена мртва на плажа во Олимпискиот Регион

Српска државјанка е пронајдена во несвест во вторникот наутро на плажата Макригијалос во Пиерија (Катерина), Олимпискиот Регион, соопшти денес грчката крајбрежна стража, објави српски „Блиц“.
73-годишната жена со возило на брзата помош била пренесена во Здравствениот центар во Егинио, каде што била констатирана смрт, јавува агенцијата „Ана“.
Како што е наведено, во тек е истрага од страна на Централната пристанишна управа на Солун во Грција.
Пред две недели исто така тело на жена од Србија беше пронајдено во морето кај Касандра, а брзата помош констатира смрт.