Свет
Русија не смета дека треба да постигне брз договор за територијалниот спор со Јапонија

Кремљ предупреди дека ниту Русија ниту Јапонија нема да ги тргнат на страна своите национални интереси во преговорите за решавањето на деценискиот територијален спор и изјави дека секој треба да биде реален за предизвикот да се постигне договор.
Јапонскиот премиер, Шинзо Абе, инсистира да се реши спорот за островите кои биле окупирани од страна на советските сили при крајот на Втората светска војна.
Непосредно пред разговорите во Москва помеѓу Абе и претседателот на Русија, Владимир Путин, портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, изјави дека преговорите за решавање на овој спор се сè уште во рана фаза и дека претстои уште многу работа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Постигнат е договор за новата германска влада

Четириесет и пет дена по парламентарните избори во Германија, демохристијаните (ЦДУ/ЦСУ) и социјалдемократите (СПД) постигнаа договор за заеднички коалициски договор. Оваа среда во 15 часот раководството на двете партии ќе и се обрати на јавноста и ќе го презентира постигнатиот договор. Според пишувањата на германските медиуми, веќе е договорена поделбата на најважните министерства.
СПД на тој начин треба да ги преземе Министерството за финансии, Министерството за одбрана и Министерството за правда. Според весникот Билд, Министерството за внатрешни работи и Министерството за надворешни работи ќе им припаднат на демохристијаните, пренесува Дојче Веле.
Претходните денови најголем дел од преговорите беа за мигрантската политика, како и за даночните и пензиските прашања. Изминативе денови дел од претставниците на ЦДУ го предупредија лидерот на партијата Фридрих Мерц да не прави премногу отстапки на СПД, што може да ја загрози „промената на политичкиот курс“ најавена во кампањата.
ЦДУ на изборите на 23 февруари освои 28,5 отсто од гласовите и со тоа стана најсилната политичка сила, но сепак беше принудена да најде коалициски партнер за да обезбеди мнозинство во Бундестагот, стои во написите.
Свет
(Видео) Стаорци големи колку мачки се шетаат низ вториот по големина град во Велика Британија

Бирмингем, најпознат како центар на британската индустриска револуција во последниве години се соочува со финансиски тешкотии, а сега купишта вреќи со ѓубре се трупаат по улиците додека работниците од комуналните претпријатија штрајкуваат поради спорот со градскиот совет околу платата.
Според извештаите, градот се соочува со зголемување на наездата на стаорци како резултат на оваа ситуација, пренесува CNN.
Медиумите јавуваат дека низ градот шетаат стаорци со големина на мачки.
Свет
Кина одговори – ги зголемува царините за увоз од САД на 84 отсто

Кинеското Министерство за финансии денеска објави дека ги зголемува царините за увоз од САД од 34 на 84 отсто како одмазда за давачката што ја воведе Вашингтон на нејзиниот извоз.
Претходно денеска, портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Лин Џијан, изјави дека Кина ќе продолжи да презема решителни и силни мерки за заштита на своите легитимни права и интереси.
Тој посочи дека Кина нема да дозволи никој да го лиши кинескиот народ од своето легитимно право на развој, како и дека нема да дозволи штета на кинеските интереси, објави „Глобал тајмс“.
Денеска, стапија во сила новите царини што САД им ги воведуваат на земјите во светот, вклучително и онаа од 104 отсто за Кина.