Македонија
Шекеринска: Македонија заврши со чекање, недели нè делат од седнување на масата на НАТО

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, се сретна со нејзиниот словенечки колега, Карл Ерјавец, кој престојува во официјална посета на Република Македонија.
„Денешната средба за нас и за мене има навистина дополнително значење, а тоа е дека ова е моја прва средба како министер за одбрана со колега на земја членка на НАТО во која можам навистина да кажам дека Македонија го исполни својот дел од обврските и го заслужи местото покрај Словенија во алијансата. Македонија е горда на своето постигнување. За неполни 2 години успеавме да ја нормализираме државата, да ги вратиме на сила основните демократски правила и шанси. И вие како Словенија имате право да бидете горди на овој наш успех бидејќи успехот на нашата држава на планот на членството во НАТО и членството во ЕУ морам да признаам дека има силна словенечка боја“, рече министерката по средбата.
Шекеринска истакна дека Словенија како сериозна држава не ја дава својата поддршка бланко и само на зборови.
„Покажавме дека демократијата, владеењето на правото, медиумските слободи, реформите, реформите во безбедносниот систем, грижата за армијата и нејзините членови не се само зборови на хартија, туку се дел од нашите приоритети и нашата политика. Ги следиме насоките на алијансата за зголемување на одбранбениот буџет, тоа значи повеќе пари за армијата на нашата држава, ја зголемивме мотивираноста кај секој припадник на АРМ, со две години по ред зголемување на платите и со подобри услови за работа. Ова е начинот на кој Македонија ја внесуваме во НАТО, но и НАТО-стандардите чекор по чекор ги вградуваме во нашите стандарди“, додаде министерката.
Министерот Ерјавец, нарекувајќи го овој период за Македонија историски, посочи дека и Словенија, како и Македонија направила многу компромиси за членство во НАТО и во Европската Унија и додаде дека му е задоволство што Македонија е на патот за влез во НАТО.
„Искрено ја поддржувам Македонија за нејзините напори за влез во НАТО – тоа го покажавме и со фактот дека контакт-амбасада за влез во НАТО е словенечката амбасада и имаме денеска тука наши претставници. Постојано ќе ја поддржувам Македонија за влез во НАТО“, рече словенечкиот министер за одбрана.
Министрите Шекериснка и Ерјавец истакнаа дека билатералната одбранбена соработка е на највисоко ниво, а како пример за тоа се заедничките вежби во двете држави, како и обновениот меморандум за соработка во делот на користење на армиските полигони во Македонија и Словенија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сиљановска-Давкова го прими Ристо Дурловски, претседател на организацијата „Обединети Македонци во Канада“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими Ристо Дурловски, претседател на организацијата „Обединети Македонци во Канада“.
На средбата, таа уште еднаш ја потврди својата определба за формирање на Совет за дијаспора, како политички исчекор во соработката меѓу државата и дијаспората. Во Советот, претседателката гледа институционален одговор на потребата од засилена и продлабочена комуникација со нашите иселеници во сите области.
Дурловски истакна дека примарна цел на Организацијата останува да биде промоцијата и заштитата на правата на Македонците во Канада, како и нивната интеграција во канадското демократско општество. За него, македонските корени се силна мотивација за поддршка на македонските национални интереси.
Соговорниците се согласија дека бројната македонска дијаспора може да биде фактор на зајакнување на канадско-македонските политички, економски, културни и други односи.
Македонија
Од утре авионско и терестрично прскање против комарци во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека утре ќе започне авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, а на 16 септември терестрична дезинсекција против возрасни форми на комарци и ларви од комарци, односно:
1. Авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се одвива на 12.09.2025 (петок) и на 13.09.2025 (сабота), во раните утрински часови.
2. Терестричната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци и ларви од комарци ќе се одвива од 16.09.2025 (вторник) до 19.06.2025 (петок), во период од 22.00 до 03.00 часот, наредниот ден
Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, додаваат од Градот Скопје.
Исто така се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.
Македонија
Зголемена фреквенција на возила на Табановце за излез од државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ГП Табановце за излез од државата се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање е околу 30 минути.
На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, додаваат од АМСМ.