Црна хроника
Воз прегази овчар кај Маџари

Во недела наутро, товарниот воз што сообраќал на релација Табановце – Трубарево, изгазил овчар кој починал на самото место, соопшти полицијата.
Имено, околу 8 часот во Скопје на излез од Маџари, кон Трубарево, во непосредна близина на надвозникот се случила железничка незгода во која товарен воз кој сообраќал на релација Табановце – Трубарево удрил во Константин Ж.(79), кој напасувал добиток покрај пругата.
Од здобиените повреди Константин Ж. починал на местото на настанот.
Извршен е увид во присуство на ЈО. Се преземаат месрки за целосно расчистување на настанот./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Претрес во Радовиш, пронајдена марихуана, лишено од слобода едно лице

Вчера околу 16:30 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода Н.С.(30) од село Воиславци, радовишко.
При претрес во домот на С.А. во Радовиш, во кој престојува Н.С., извршен со судска наредба, пред влезната врата пронајдена марихуана. Исто така, марихуана е пронајдена и при преглед на Н.С.
За настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш, а по документирање на случајот против Н.С. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Шест уапсени по вчерашната тепачка пред угостителски објект во Скопје

На 09/10.10.2025 полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода С.С.(23), М.З.(24), А.Ѓ.(42), И.М.(33), М.З.(55) и Б.Р.(29), сите од Скопје, постапувајќи по пријава дека околу 20:00 часот пред угостителски објект на ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје бил нарушен јавниот ред и мир помеѓу лишените од слобода и неколку други лица од една страна и А.М.(40), Т.Д. (41) и М.Е. (45) од друга страна.
Сите тие претходно биле во угостителскиот објект.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Црна хроника
Битолчанка измамена за сума од 27.000 евра: лажен лекар и кажал дека ќерка и имала тешка сообраќајка

Вчера во 12:34 часот во СВР Битола, 62-годишна жена од Битола пријавила дека била измамена од едно лице за сума од околу 27.000 евра.
Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски, се претставило како лекар во здравствена установа и ја известило дека нејзината ќерка имала сообраќајна незгода и се здобила со тешки повреди и дека треба да плати за да ѝ биде направен операција.
Според пријавеното, таа ги однела парите на договореното место и ги дала на едно лице, а откако се слушнала со нејзината ќерка сфатила дека е измамена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти полицијата.