Црна хроника
Тринаесет сообраќајки вчера во Скопје
Во текот на изминатиoт ден во Скопје се случиле 13 сообраќајни незгоди од кои четири со телесни повреди и девет со материјална штета. Како што соопшти МВР, при сообраќајните незгоди девет лица се здобиле со лесни телесни повреди.
Шеесет и осум возачи се санкционирани бидејќи се движеле со поголема брзина од дозволената. Исто така, исклучени се и 12 возачи бидејќи девет го управувале возилото пред да се стекнат со право за управување моторно возило, двајца биле возачи почетници и еден го управувал возилото под дејство на алкохол. 11 возила се исклучени од сообраќај бидејќи 10 биле нерегистрирани и едно технички неисправно. Санкционирани се и тројца возачи кои поминале крстосница на црвено светло, двајца не дале првенство на минување на пешаци, тројца не носеле сигурносен појас и осум користеле мобилен телефон додека го управувале возилото.
Во однос на пешаците санкционирани се 11 пешаци кои поминале коловоз надвор од пешачки премин и седум кои поминале на црвено светло. Во текот на изминатиот ден издадени се 59 мандатни платни налози, додека исто така 62 возила се подигнати со „пајак”.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Опожарено патничко возило во Батинци, нема повредени
Ноќеска околу 01:05 часот во село Батинци, скопско, било опожарено патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Б.Б. од Батинци.
Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а при инцидентот нема повредени лица. Извршен е увид, а надлежните преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Дете тепало дете во основно училиште во Драчево
Во СВР Скопје вчера (22.11.2025) во 21:40 часот, А.А. (43) од Скопје пријавил дека на 21.11.2025 околу 09:45 часот, во основно училиште во населбата Драчево неговиот малолетен син бил физички нападнат од соученик.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Сопругата го пријавила дека ја тепал, па потоа тој ја пријавил неа
Во СВР Скопје вчера (22.11.2025) во 13:00 часот, 35-годишна жена од Скопје пријавила дека во семејниот дом на подрачјето на Кисела Вода, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот 45-годишен сопруг, кој ѝ го одзел и мобилниот телефон.
Подоцна, околу 20:30 часот, 45-годишниот маж од Скопје исто така пријавил дека бил физички нападнат од неговата сопруга, и тоа во истиот временски период – околу 13 часот.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

