Македонија
ВМРО-ДПМНЕ бара укинување, а не одложување на Законот за зелени пазари
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ до Собранието ќе поднесе Закон за престанок на важењето на Законот за трговија на зелени пазари донесен од владејачкото мнозинство, соопшти координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски. Тој додаде дека Законот бил донесен во јануари 2018 година, во отсуство на ВМРО-ДПМНЕ.
„СДСМ искористувајќи го отсуството на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ од Собранието набрзина како и сите останати закони, го донесе овој штетен закон без никаква консултација ниту со пазарџиите, ниту со експертската јавност. Ваквото бевешто и несериозно носење на Закон за трговија на зелени пазари денес во пресрет на изборен процес очигледно не му одговара на СДСМ, па сега одлучил одложување на стапувањето на сила на законот за пс изборите. Повторно една провидна мерка што не ги решава проблемите на пазарџиите коишто протестираа за ова штетно решение на СДСМ“, рече Мицевски.
Според него, СДСМ со одложувањето на примената на Законот не го решава проблемот на пазарџиите туку само го пролонгира сè со цел да не претрпи политичка штета за претстојните избори.
„Од друга страна, како пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе поднесеме Закон за престанок на законот за трговија на зелените пазари со што сакаме да овозможиме оваа проблематика да се разгледа одново, да се слушне мислењето на пазарџиите, на експертската јавност, на пратениците од опозицијата и заедно да направиме едно квалитетно решение во интерес на пазарџиите. За таа цел, ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија ќе бара да се одржи и јавна расправа во рамките на Комисијата за економски прашања на која би се изнеле разни ставови и решенија“, рече Мицевски.
Тој најави дека во најбрз временски период претставници и пратеници од ВМРО-ДПМНЕ ќе се сретнат со сите засегнати страни со цел изнаоѓање на најдобро можно решение.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Трипуновски: Работиме на стабилен откуп и цена на суровото млеко
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски оствари средба со претставниците на поголемите млекарници во државата, на која се разговараше за стабилен откуп и цена на суровото млеко, покрај тоа што европскиот пазар и регионот се соочуваат со вишок на млеко.
На средбата се договори дека откупната цена на суровото млекото ќе биде стабилна, како и дека нема да има неоткупено млеко од страна на млекарниците.
Ќе се засилат контролите на пазарот со фокус на безбедноста и квалитетот на млекото и млечните производи, како и на добиточната храна.
Министерството останува посветено на унапредување на млекопроизводниот сектор и обезбедување на одржливи услови за фармерите и млекарниците, велат од таму.
Македонија
ЗНАМ до СДСМ: Димитриевски нема „златни визи“, не е вмешан во скандали и не оди на журки во Дубаи
Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија обвини дека СДСМ со нападите врз Максим Димитриевски и партијата се обидува да ја дефокусира јавноста од сопствената политичка и економска катастрофа. Во соопштението, ЗНАМ ги нарекува обвинувањата на СДСМ „политичка манипулација и замајување“, оценувајќи ги како „неосновани, тенденциозни и без докази“.
Од партијата велат дека Димитриевски има лична и професионална кариера надвор од политиката и дека не бил поврзан со корупциски скандали.
„За разлика од двоецот Заев-Филипче кој ги троши народните пари по луксузни јахти низ светот, тој не поседува ‘златни визи’ и не оди на журки во Дубаи“, се наведува во соопштението.
Според ЗНАМ, сите јавни набавки и финансиски постапки се спроведуваат законски и под надзор, а партијата останува доследна на принципите на отчетност и јавна одговорност. „Политиката за нас не е приватен бизнис, туку јавна одговорност во интерес на граѓаните“, велат од движењето.
Македонија
Хоџа: И во 2026 обезбедивме средства за Националните паркови кои се клучен столб во заштитата на природното наследство
Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, на работен состанок со директорите на националните паркови Пелистер, Маврово, Галичица и Шар Планина, ја потврди силната и континуирана поддршка на Министерството за нивниот развој, заштита на прирдоните вредности и одржливо управување.
„Со особено задоволство можам да истакнам дека и во 2026 година, Министерството во својот Буџет обезбеди наменски средства за понатамошен активности за заштита и промоција на националните паркови, што претставува јасен сигнал за долгорочната посветеност на државата кон заштитата на природата и одржливиот развој“, истакна министерот Хоџа.
На средбата беше нагласено дека националните паркови се клучен столб во заштитата на природното наследство, но и важен двигател на одржливиот туризам и локалниот економски развој.
Министерот Хоџа истакна дека Министерството ќе продолжи со поддршка на активностите на националните паркови преку подобрување на законската регулатива, обезбедување стабилна финансиска поддршка од државниот буџет, како и преку координација и мобилизација на средства од ПОНТ, ЕУ ЛИФЕ програмата и други меѓународни партнери. Со тоа ќе се зајакне управувањето, ќе се унапреди заштитата на биолошката разновидност и ќе се развива зелена инфраструктура во националните паркови.
Националните паркови, како што беше нагласено на средбата, денес претставуваат не само заштитени подрачја, туку и значајни двигатели на одржливиот развој, атрактивни еко-туристички дестинации и позитивен пример за одговорно управување со природните ресурси.

