Регион
Во Грција почна расправата за ратификација на преспанскиот договор
Грчкиот парламент ја почна расправата за ратификувањето на преспанскиот одговор, а гласањето сепак ќе се случува в петок, пишува грчката новинска агенција АНА-МПА.
„За ратификување на договорот не е неопходно да биде обезбеден 151 глас на пленарната седница, но се очекува постигнување на апсолутно мнозинство или барем приближен број гласови. Од своја страна, премиерот Алексис Ципрас јасно стави до знаење дека Владата сака да се ратификува договорот за Преспа со најмалку 151 глас“, пишува агенцијата.
Расправата во парламентот која, како што пресуваат грчките медиуми, почна со висок тон, ќе биде проследена со протести во Атина и во другите грчки градови.
Со ратификацијата ќе биде ставена точка на повеќедеценискиот спор помеѓу Атина и Скопје и ќе овозможи приклучување на Македонија кон НАТО и ЕУ.
Расправата во грчкиот парламент го привлече вниманието во регионот, Европа и светот, а аналитичарот за политички системи, Флоријан Бибер, вели дека решението е добро за кредибилноста на Европската Унија, но и за другите балкански држави.
Бибер за „Дојче веле“ рече дека ова е последната пречка и повеќе ќе нема враќање на старото.
„Отпор постои, тоа се гледа по демонстрациите во Грција и опозицијата во Македонија, но малку е веројатно дека ќе се спречи спроведувањето на договорот на дело“, вели Бибер.
Говојреќи за протестите во Грција по повод ратификацијата, тој коментира дека прашањето околу промената на името на Македонија не е тема која е приближена до грчката јавност и за неа не се дискутирало многу.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Нови детали за малата Данка: нејзината ДНК не била пронајдена на автомобилот со кој била удрена
Како што пренесува „Нова.рс“, на ниеден од предметите што биле земени за помош во истрагата не биле пронајдени биолошки траги од двегодишната Данка Илиќ од Србија.
Српскиот портал напиша дека досега се пронајдени повеќе од 400 траги во службеното возило за кое се сомневаат дека го користеле Дејан Драгојевиќ и Срѓан Јанковиќ кога, според нивното признание, го удриле девојчето. Обвинителството пред неколку дена ги доби резултатите од новите вештачења.
„Од внатрешноста на службениот автомобил во Бор се земени повеќе од 500 траги, како и траги од надворешната страна на автомобилот. Досега вештачењата покажаа дека нема трага од ДНК на Данка Илиќ ниту во самиот автомобил ниту на надворешните делови од возилото“, пишува „Нова.рс“ повикувајќи се на Вишото јавно обвинителство.
Медиумот потсетува дека осомничените работници на фирмата „Водовод“ од Бор, Јанковиќ и Драгијевиќ, биле на работна задача на 26 март кога во Бањско Поле исчезна двегодишно девојче. Според признанието на Драгијевиќ, девојчето го удриле со службеното возило, го задавиле и го фрлиле на дива депонија, од каде што два дена подоцна Дејан со својот татко (73) и сега починатиот брат Далибор (40) наводно го преселиле телото на друга, непозната локација.
Телото на двегодишната Данка сè уште не е пронајдено.
Регион
Се урна конструкција на рингишпил, повредени 13 деца, од кои едно е во животна опасност во Куршумлија
Во Куршумлија денеска се случила несреќа кога на локалниот саем се урнала конструкцијата на рингишпилот, пренесуваат српските медиуми.
Според написите, повредени се 13 деца, од кои едно потешко.
Станува збор за девојче, чиј живот е во опасност и има сериозни повреди на главата и ‘рбетниот столб.
Таа била итно префрлена во КЦ „Ниш“ на Одделот за неврохирургија.
Седум деца се во друга болница, каде што во тек е понатамошна дијагностика, а другите деца се полесно повредени, пишуваат тамошните медиуми.
Регион
Шји Џјинпинг: Србија е првата земја од Европа со која ќе изградиме заедница со заедничка иднина
Претседателот на Народна Република Кина, Шји Џјинпинг, изјави дека во денешните разговори со претседателот Вучиќ е постигнат значаен консензус и дека Србија ќе биде првата земја од Европа со која ќе изгради заедница со заедничка иднина.
„Заеднички објавивме дека ќе изградиме заедница меѓу Кина и Србија со заедничка иднина во новата ера, што ќе отвори ново поглавје во историјата на кинеско-српските односи. Пред осум години Србија стана првиот сеопфатен стратешки партнер на Кина во Централна и Источна Европа, а денеска станува првата европска земја во која ќе изградиме заедница со заедничка иднина“, рече Шји во говорот по размената на потпишаните меѓудржавни договори меѓу Србија и Кина во Палатата „Србија“.
Тој посочи дека како вистински пријатели и добри партнери Кина и Србија уживаат политичка доверба, која е силна како карпа.