Македонија
Зоран Заев: Мијалков ги охрабрувал пратениците да гласаат за промена на името
Претседателот на Владата, Зоран Заев, во интервју за „Алсат“ призна дека ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалоков, лично разговарал со 8-те одбегани пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и им вршел притисок да гласаат за промена на уставното име.
„Сашо Мијалков зборуваше со пратеници заради тоа што верува во тоа решение. Тоа го кажуваше на сите, јавно се зборува во Скопје, насекаде, дека тој зборувал со пратениците. Седел со нив, ги охрабрувал, лично верувал“, рече Заев.
Во однос на притворот на Сашо Мијалков, Заев и тука вели дека можело да се случи да не биде притворен ако бил во интерес на политичкиот процес.
„На сред процес тој беше притворен. Зошто? Правниот систем си ја гледа својата работа. Ако тоа беше во функција на политиката, ќе го оставеа тука за да помогне“, додава Заев.
Пратеничката Елизабета Канческа-Милескана на нејзиното последно судење ја убедуваше јавноста дека таа гласала за Северна Македонија по сопствено убедување и дека никој не ѝ извршил притисок. И на денот на гласањето Канческа-Милеска се правдаше дека гласот го дава за европската иднина на државата и ги прозва пратениците од ВМРО-ДПМНЕ дека ги запирале процесите.
Инаку, пред да се изгласаат уставните измени, имаше обид за промена на член од Кривичниот законик, со кој од вина би се ослободиле пратеници и поранешни функционери против кои се водат постапки од страна на специјалното јавно обвинителство. Промените на кривичниот законик не поминаа, но според извори на „Макфакс“, ќе се бара друго законско решение, пратениците кои се осомничени, а избегаа од ВМРО-ДПМНЕ да не одговараат пред лицето на правдата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општината Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот корисниците на улиците Борис Сарафов и Атанас Иљоски (општина Ѓорче Петров).
Македонија
Магла на два патни правци, најавен собир на регионалниот пат Берово – Струмица, сообраќајот ќе биде блокиран
Поради појава на магла се бележи намалена видливост од 50 – 60 магла има на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија, извести АМСМ.
Најава за прекин на сообраќај: На 19.12.2025 година во 10.00 часот од страна на Месно население на село Двориште, најавен е јавен собир на Регионален пат П-1302 (Берово – Струмица) на место викано „Студенецо“, при што сообраќајот ќе биде блокиран, а возачите кои сообраќаат по патниот правец Струмица – Берово, да ги користат алтернативните патни правци, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне магла
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне наместа ќе има појава на магла. Во југоисточниот дел од земјата ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на стабилна воздушна маса до понеделник ќе се задржи стабилно и тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник кон крајот на денот ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

