Македонија
ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ не сакаат да се договорат за една изборна единица
Многуте повици од помалите партии за измени на Изборниот законик, со кои ќе се воведе една изборна единица и отворени листи на гласање, се чини не допираат до големите партии. Од ВМРО-ДПМНЕ не кажуваат дали ќе поддржат, а од СДСМ повеќе од две години велат дека се подготвени за промена на изборниот модел, но дека чекаат согласност од другите партии.
„СДСМ подолг период има јасно дефиниран и соопштен став по ова прашање и секако дека е прифатлива промена на изборниот модел од неколку изборни единици во една, со што ќе се обезбеди еднаквост на гласот на сите граѓани во државата, но и ќе се затворат непродуктивните дебати за промени на границите на изборните единици. Се разбира, за ова крупно прашање потребна е изградба на консензус и согласност и од другите политички субјекти. СДСМ останува на ставот за промена на изборниот модел, што впрочем е и дел од изборната програма ‘План за живот’ и е подготвен на измени на потребните закони доколку таа идеја е прифатлива и за другите партии“, велат од СДСМ.
Од ВМРО-ДПМНЕ не откриваат кои се нивните позиции со образложение дека таа тема не е на дневен ред на преговорачката маса меѓу власта и опозицијата.
„Во однос на една изборна единица и отворени листи потенцираме дека ќе го отвориме прашањето и сме подготвени за разговор кога ќе се отвори дебатата за законот за избори. Ние сме подготвени да разговараме, да аргументираме и да отвориме поширока дебата во тој момент“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Последните изјави од ДУИ за ова прашање беа во насока на тоа дека поддржуваат отворени листи, но за една изборна единица сметаат дека е потребна потемелна анализа, во која ќе бидат опфатени општествените карактеристики на државата и дека постојниот модел се покажал како попретставителен во споредба со другите модели.
Реафирмирањето на предлогот за една изборна единица следува кога се засилија најавите за можни предвремени парламенатрни избори заедно со претседателските. Повеќе партии, како ДОМ, НСДП, вонпарламентарната Левица и ДС на Павле Трајанов, вчера побараа да се применат долгонајавуваните измени на Изборниот законик за конечно да се демократизира државата и да се создадат фер услови за политичка трка на сите партии.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Фирма фатена на дело – нелегално вршела поштенски услуги и криумчарела пратки, Царинската управа поднесе кривична пријава против две лица
Царински инспектори од Одделението за истраги, во координирана акција со МВР, УЈП, Агенцијата за пошти и Државниот пазарен инспекторат, извршија претрес на фирма која нелегално вршела меѓународни поштенски услуги и криумчарела стока. Во моментот на претресот беа пронајдени вкупно 166 поштенски пратки со разновидна стока, со вкупна вредност од речиси 240 илјади денари. Пронајдената криумчарена стока е запленета, а од страна на инспекторите е поднесена кривична пријава против едно правно и едно физичко лице за сторено кривично дело прикривање стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама, извести Царинската управа.
Конкретно, фирмата вршела меѓународни поштенски услуги без соодветна лиценца, при што поштенските пратки ги внесувала со возила преку граничен премин, без да ги пријави кај царинските органи. Пратките потоа нелегално ги складирала во магацин во нејзина сопственост, со намера оттаму да ги транспортира до нарачателите, за што би наплатувала паричен надомест.
Царинската управа и понатаму ќе продолжи со засилени контроли и координирани активности со цел откривање и спречување на сите облици на криумчарење и незаконско работење, заштита на државните финансиски интереси и обезбедување услови за фер конкуренција, се наведува во соопштението на Царинската управа.
Македонија
Левица: Предизборна политичка манипулација – Владата на ДПМНЕ ги скрати парите откако истера кампања
„Во екот на локалните избори, владата на Христијан Мицкоски одобри средства на општините, а дел од нив беа и од унгарскиот кредит, за капитални проекти од областа на културата. Со овие проекти градоначалниците на ДПМНЕ си воеда предизбопрна кампања помпезно најавувајќи „обезбедени пари“ и „загарантирани“ проекти, само уште народот да им даде глас. Само неколку месеци подоцна, на еден ден пред Нова година, истата таа Влада со потпис на премиерот ги скрати речиси сите средства. Со ова власта на ДПМНЕ ја разоткри својата вистинска намера која не е реализација на проекти во културата туку предизборна политичка манипулација“, велат од партијата Левица.
„Со кратењето, од првично планираните 135,5 милиони денари за 13 проекти низ општините, Владата остави само 14,8 милиони денари за три селективно избрани проекти, додека останатите меѓу кои мултикултурниот центар во Аеродром, заштита на скопска чаршија, Исарот во Штип, конзервација и реставрација на фрескоживопис на црквата во Мокрино и низа други останаа со нула денари и со предизборните фалби и фотографии на градоначалниците на ДПМНЕ. Ова е јасен доказ дека културата била злоупотребена како предизборен маркетинг наместо да биде третирана како јавен интерес.
Дека Владата на Мицкоски воопшто нема намера да инвестира во општините, за проекти од културата, дополнително говори и фактот што наместо да се обезбедат средства за 2026 и 2027 година, Владата со одлука ги пролонгира во 2028 година, што практично значи ставање на проектите во фиока и нивно тивко умирање.
Левица укажува дека ова е само уште еден пример за класична изборна измама. Прво се ветуваат и одобруваат средства за политички поени, а по изборите парите се кратат, а граѓаните повторно остануваат излажани. Бараме од Владата да одговори зошто ги укинува средствата за најавените проекти и кој ќе понесе политичка одговорност за ова грубо манипулирање со очекувањата на граѓаните?“, се вели во соопштението на партијата Левица.
Македонија
„Со Мицкоски Македонија е во ранг со Сомалија, САД ја запре обработката на визи“, велат од СДСМ
„Македонија е опфатена во одлуката на САД за суспендирање на обработката на визи заедно со уште 75 земји, меѓу кои Сомалија, Сирија, Гана, Руанда, Бутан, Нигерија, Иран, Русија…“, велат од СДСМ.
„Минатата година САД ги зголеми царините кон Македонија, сега од 21 јануари САД ќе биде суспендира и обработка на визи за македонските државјани.
Толку е периметарот на Мицкоски, ја доведе Македонија во ранг со Сомалија“, соопшти СДСМ.

