Економија
(Видео) МЗШВ: 39 понуди ги исполнија условите за јавниот повик за доделување државно земјоделско земјиште над 3 хектари
Заврши јавниот повик за доделување државно земјоделско земјиште над 3 хектари. Во рамки на повикот пристигна 51 понуда од кои 39 понуди се со уредна докумениција и ги исполнија пропишаните услови, додека 12 од апликантите се одбиени поради неисполнување на условите во огласот. Понудениот вкупен инвестициски фонд на овие 39 прифатливи понуди е 15,5 милиони евра, соопшти Министерството за земјоделство.
Сите понуди што ги исполнија условите освен подигање на насади и одгледување на едногодишни култури, содржат и капитални инвестиции во објекти за примарна обработка на земјоделски производи како винарии, кланички капацитети, центри за преработка на овошје и зеленчук, откупни центри, млинови, оранжерии и други објекти тесно поврзани со земјоделско производство.
„Покрај инвестицискиот фонд, бизнис-планот на компаниите со понуди кои ги исполнија условите предвидува и отворање на околу 100-тина нови работни места во агросекторот. Преку ваквите огласи јасно се гледа заложбата на министерството и Владата за зголемување на капиталните и инфраструктурните инвестиции во земјоделството и руралниот развој, што ќе придонесат за економски развој на регионите и за отворање нови работни места“, изјави министерот Љупчо Николовски.
Од овие 39 понуди, за одредени локации има по еден понудувач, но за поактрактивните и по повеќе. Формалната обработка на понудите од страна на Комисијата формирана од Владата е завршена и во следниот период ќе следува електоронското јавно наддавање за парцелите, а потоа склучување на договорите, во кои ќе бидат вградени бизнис-плановите и изјавата заверена на нотар во којашто стои вкупната инвестиција што треба да биде реализирана. Обврската на оние кои ќе поминат на електронското јавно наддавање е во рок од 5 години да ја реализираат инвестицијата. МЗШВ и Државниот инспекторат за земјоделство активно ќе ги следат сите договори и нивната реализација.
Министерот Николовски посочи дека паралелно се подготвува и нов ваков инвестициски оглас врз основа на ослободени атрактивни парцели кои ќе бидат предмет или на редовен оглас или на инвестициски.
Инвестициите од ваков тип се од исклучително значење за производство на конкурентните земјоделски производи, решавање на откупот и на вишоците земјоделски производи. Во оваа насока МЗШВ континуирано работи на воспоставување соработка помеѓу примарните институции во земјоделството и руралниот развој и примарните производители и преработувачки капацитети.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

