Економија
(Видео) Николовски: Лозарите ќе ги добијат своите пари за предаденото грозје
Владата заедно со Министерстсвото за земјоделство, шумарство и водостопанство мора да ја затвори како прашање исплатата на долговите од винарската визба „Повардарие“ и винарницата со германски капитал „Гарланд Агрофуд“- (Стефанс винарија) и лозарите мора да ги добијат своите пари, порача денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.
При тоа Николовски посочи дека е во постојна комуникација со раководството на „Поварадие“ и стечајниот управник на „Гарланд Агрофуд“ (Стефанс винарија), како и со лозарите и градоначалниците на Неготино и Кавадраци, со цел да се најде соодветно решение.
„Се трудиме да правиме притисок и да ги решаваме напластените проблеми каков што првенствено беше со винарницата ‘Повардарие’, која на лозарите им должеше близу четири милиони евра. Денеска вршевме инспекциски увид и констатиравме дека ‘Повардарие’ уште исплаќа и оти во овие два месеца се исплатени 200 илијади евра. Останува по долгот за 2015 и 2016 година да се доисплатат уште 500 до 600 илјади евра. Министерството координира да го направиме на некој начин тоа што може да го сториме како држава. Разговараме да ги мотивираме што побрзо да се најде решение за овој проблем зашто лозарите имаат побарувања од околу 30 милиони денари од винарницата ‘Стефани’ кои мора да бидат исплатени“, изјави министерот Николовски.
Веќе утре, како што што посочи министерот Николовски, е закажан состанок со градончалниците на Кавадарци и Неготино, со пратениците од тој регион и со претставници на лозарите, а пртетходно ќе има и состанок со стечајниот управник на винарницата „Стефани“ и со претставниците на банките.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

