Црна хроника
Десет кривични и 167 прекршочни пријави за нелегално сечење и трговија со дрва
Во рамки на акцијата „Гора“ насочена кон сизбивање на криминалот со нелегална трговија со огревно дрво, сечење и пустошење шуми, од крајот на јуни до сега запленети се повеќе од 1.000 кубни метри дрвна маса или во просек по околу три камиони дневно, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.
Од таму соопштуваат дека при извршени контроли во 245 легални складишта н огревно дрво 49 биле затворени, а при контрола на 31 правно лиценцирано лице кај дури 21 субјект биле регистрирани неправилности во работењето.
Акција „Гора“ ја спроведува МВР потпомогнато од Државниот инспекторат за шумарство, Државниот пазарен инспекторат, Државниот трудов инспекторат и Управата за јавни приходи.
Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, посочи дека досега се поднесени 10 кривични пријави за “кражба“, “фалсификување исправа“, “даночно затајување“, “злоупотреба на службена положба и овластување“ и “несовесно работење во службата“.
При контролите на складовите со дрва досега биле евидентирани 167 прекршоци оносно 94 од страна на Државниот пазарен инспекторат, од страна на Управата за јавни приходи – 65 прекршоци, од страна на Државен инспекторат за труд – три прекршоци, од страна на Државен инспекторат за шумарство и ловство – три прекршоци, и по еден прекршок од Министерството за внатрешни работи и од Шумска полиција.
Покрај ова во рамките на секојдневното работење дополнително се документирани пет кривични дела, од кои три кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и две кривични дела „несовесно работење во служба“.
СВР Тетово документирало злоупотреби вршени од четворица вработени во шумска полиција и еден инспектор за шумарство кои неовластено вратиле околу 95 метри кубни дрва, кои претходно полицијата ги одзеде во акциската контрола на 24-ти јуни годнава. СВР Велес откри несовесно работење на тројца магационери во „ЈП Македонски шуми“ кои дозволиле незконско продавање на дрвна маса во вредност од околу 72.000 евра, додека СВР Куманово мерки на кривичен прогон перзела против директорот на подружницата на Македонски шуми во Куманово, поради незаконско присвојување на 6.500 евра од благајната на претпријатието и огревно дрво во вредност од 1.500 евра, соопштуват од МВР од каде додаваат дека вредноста на досега запленетите огревни дрва е проценета на над 36.000 евра /крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен жител на Богданци за убиство на сопствената мајка
Полицијата уапси 39-годишен жител на Богданци, осомничен за убиство на сопствената мајка.
Според информациите од МВР, денеска во Полициската канцеларија Богданци, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода П.С.(39) од Богданци.
На 11.01.2026 околу 21:00 часот во стан во кој престојувале дошло до расправија помеѓу П.С. и неговата мајка М.С.(58) од Богданци, која преминала во физичка пресметка во која П.С. со остри предмети и нанел убодни рани на М.С. во пределот на главата.
Од здобиените повреди М.С. починала, а смртта е констатирана и од лекар од Итна медицинска помош Гевгелија.
На 12.01.2026 година во 07:05 часот во Полициската канцеларија Богданци П.С. сам го пријавил делото. Увид на местото изврши јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и екипа од ОВР Гевгелија.
По наредба на обвинител телото на починатата е предадено на обдукција, а против сторителот во текот на денот ќе биде поднесена кривична пријава под сомнение за сторено кривично дело „убиство“.
Црна хроника
Пронајдени и одземени 220 таблети во пакет за осуденик во затворот Идризово
На 11 јануари 2026 година во 15:00 часот во СВР Скопје, од Казнено-поправна установа Затвор Идризово било пријавено дека околу 12:30 часот, при извршен претрес на пакет наменет за осудено лице А.Н. (39) од Скопје, биле пронајдени и одземени 220 таблети.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Инцидент во трговски центар: две жени меѓусебно се пријавиле за физички напад
На 11 јануари 2026 година во 13:10 часот во СВР Скопје, С.К.П. (41) пријавила дека околу 12:20 часот во трговски центар на подрачјето на Центар била физички нападната од М.Д. (56).
Според пријавата, со М.Д. било и едно машко лице кое ја снимало С.К.П. со мобилен телефон.
Од полицијата информираат дека и М.Д. поднела пријава, во која навела дека била физички нападната од С.К.П.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

