Свет
(Видео) Претседателот на парламентот се прогласи за преоден претседател на Венецуела
Претседателот на парламентот на Венецуела, единствената институција контролирана од опозицијата, Хуан Гуаидо, вечерва се прогласи за преоден претседател на државата пред десетици илјади приврзаници во Каракас.
„Официјално, се колнам дека ќе ги преземем овластувањата од извршната власт како претседател на Венецуела со цел да добиеме преодна влада и слободни избори“, рече Гуаидо на собирот.
Меѓу првите регира претседателот на САД, Доналд Трамп, кој изрази поддршка за Гуаидо.
The citizens of Venezuela have suffered for too long at the hands of the illegitimate Maduro regime. Today, I have officially recognized the President of the Venezuelan National Assembly, Juan Guaido, as the Interim President of Venezuela. https://t.co/WItWPiG9jK
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) January 23, 2019
„Денес официјално го признавам претседателот на парламентот на Венецуела, Хуанг Гуаидо, за преоден претседател на Венецуела“, стои во соопштението на Трамп. По САД, новиот претседател на Венецуела го признаа и Канада, Бразил и Парагвај.
Гуаидо (35) неодамна повика на протести со образложение дека во земјата треба да се формира преодна влада.
#Venezuela is Screaming for #freedom because #SocialismKills #SocialismDestroys #help retwitt #VenezuelaLibre #florida #cuba #usa @POTUS #america #Americans #help pic.twitter.com/BZinRFpR8M
— Carlos Perla (@carlosperla) January 23, 2019
Николас Мадуро беше реизбран за претседател на 20 мај 2018 година по неговиот прв шестгодишен мандат. Поголем дел од опозицијата ги бојкотира изборите и не ги призна резултатите.
Венецуела ја тресе длабока политичка и економска криза, дополнително продлабочена од санкциите воведени од страна на САД, кои се противат на владеењето на Мадуро.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Врховниот лидер на Иран: Ова е предупредување до Америка
Врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, им честиташе на социјалните мрежи на учесниците на денешните провладини собири.
Во серија објави на X, ајатолахот сподели фотографии од провладини демонстранти и рече дека тие „одлично ја завршиле работата“ и „го спречиле планот на странските непријатели, кој требало да го спроведат домашни платеници“.
„Големата нација Иран им се покажа на своите непријатели, заедно со својата решителност и идентитет“, додаде Хамнеи.
„Ова беше предупредување до американските политичари да престанат да бидат измамници и да не се потпираат на предавнички платеници“, додаде тој.
Свет
Украинската војска објави видео: Го освоивме градското собрание во Купјанск
Украинските одбранбени сили ја вратија контролата врз зградата на Градскиот совет на Купјанск, објави Вториот корпус на Националната гарда на Украина (НГУ), познат како Хартија.
„Хартија воспостави контрола врз зградата на Градскиот совет на Купјанск. Единицата за пребарување и уништување на Хартија и тактичката група Купјанск ги завршуваат операциите за расчистување во градот, кој беше деблокиран за време на успешната операција предводена од командата на Вториот корпус на НГУ“, се вели во соопштението.
Корпусот објави снимка од GoPro камера за која тврди дека е направена од борци од 4-тиот баталјон Хартија за време на упадот во зградата на Градскиот совет на Купјанск. Војниците од извидувачката и ударна група на баталјонот го кренаа украинското знаме над градскиот совет во центарот на Купјанск.
„Операцијата во Купјанск докажува дека благодарение на планирањето, стручноста на командантот и штабот и висококвалитетната подготовка на единиците – сето тоа го нарекуваме метод на Хартија – е можно успешно да се запре и уништи непријателот“, рече полковник Ихор Оболенски, командант на Вториот корпус.
Свет
Белата куќа: Трамп не се плаши да употреби воена сила против Иран
Портпаролката на Белата куќа, Каролина Ливит, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп „покажал дека не се плаши да употреби воени опции“ кога смета дека е потребно.
„Мислам дека едно нешто во што претседателот Трамп е многу добар е тоа што секогаш ги држи сите опции на маса, а воздушните напади би биле една од многуте, многу опции што се на маса“, изјави Ливит пред новинарите.
Во исто време, таа додаде дека „дипломатијата е секогаш првата опција“ за Трамп.
„Претседателот ви кажа на сите синоќа дека она што јавно го слушате од иранскиот режим е многу различно од пораките што администрацијата ги добива приватно“, рече Ливит.
„Претседателот покажа дека не се плаши да користи воени опции ако и кога смета дека е потребно, а никој не го знае ова подобро од Иран“, заклучи таа.
фото/депозитфотос

