Македонија
Каракамишева: Венециската комисија поради притисоците испрати писмо до Османи и Заев
Венециската комисија испратила писмо до Кабинетот за вицепремиерот за евроинтеграции, Бујар Османи, и до премиерот Зоран Заев во кое се наведува дека не е дозволен владин притисок од каков било вид врз национален претставник на телото, тврди професорката Татјана Каракамишева.
„Само што добив информација од генералниот секретар на Венециската комисија, г. Томас Маркерт, дека согласно со правилата на Комисијата владин притисок од каков било вид врз национален претставник НЕ Е ДОЗВОЛЕН и дека писмото е веќе доставено до Кабинетот на Османи и на Заев.
Да имавме слободно новинарство јавноста веќе ќе беше информирана. Ама немаме!
Ги повикувам новинарите да го добијат писмото упатено до претседателот и заменик-претседателот на Владата и да ја информираат јавноста за ставот на Комисијата во однос на ваквите недолични испади на политичари врз угледни експерти”, напиша Каракамишева на „Фејсбук“.
Ваквата реакција доаѓа откако вицепремиерот Османи се закани дека до Венециската комисија ќе бидат испратени само членовите за банкнотите и за униформите, а не целиот закон, затоа што во ова тело како претставник од Македонија е професорката Тања Каракамишева, која, наводно, се обидувала субјективно да влијае на Законот. Каракамишева, која е претседател на комисијата за политички систем на ВМРО-ДПМНЕ, Османи ја нарече деструктивен елемент за кој ќе гледале со коалициските партнери да го повлечат од Венециската комисија.
И покрај спротивните најави од вицепремиерот Бујар Османи, Владата одлучи целиот Закон за јазици да го испрати во Венециската комисија. На мислење до советодавното тело на Советот на Европа околу уставноста на законот се испратени и двата члена што не се дел од донесеното решение: одредбите за двојазичност на банкнотите и воените униформи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Колони возила чекаат влез во Македонија преку „Дојран“, „Богородица“ е затворен
Колони возила чекаат на граничниот премин „Дојран“ за влез во земјава. Претходно од АМСМ информираа дека од 11:00 часот сообраќајот на ГП „Евзони“ (Богородица) е блокиран за влез и излез поради штрајк на земјоделците.
На ГП „Ники“ (Меџитлија) сообраќајот е блокиран само за товарни возила и автобуси, информира АМСМ.
Според најновата информација од АМСМ, сообраќајот на ГП „Богородица“ (ГП Евзони) од 15 часот е нормализиран во двата правци.

На ГП „Дојран“ сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет има задржувања за влез во државата.

„Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничниот премин Дојран, времето на чекање за излез од државата изнесува 30 минути. На граничниот премин Табановце, времето на чекање за излез од државата изнесува 40 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата“, информира АМСМ.
Македонија
СДСМ: Мицко, малиот Вучко, копира сè што прави неговиот српскиот „стрико“
Имаме и ние „Ќаци“ препишувачи. Ова безидејно ДПМНЕ целосно го копира Вучиќ, реагираат од СДСМ, на изјавата на Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.
„СДСМ објавува соопштение дека Никола Груевски од Будимпешта ги води и им пишува што да кажат, праќа денеска соопштение ДПМНЕ „Заев од Дубаи“ ги пишува текстовите на СДСМ. Вчера СДСМ објави соопштение со наслов „Децата на Орбан“, ВМРО-ДПМНЕ излегува со соопштение „Децата на Заев“. СДСМ објавува соопштение „кога крадецот вели држете го крадецот!“. Томовски се јавува и ги употребува истите зборови „крадецот вели држете го крадецот“. Она што на сите им е одамна познато е дека Мицко, малиот Вучко, копира сè што прави неговиот српскиот „стрико“. Ама во ВМРО-ДПМНЕ очигледно не ја разбрале добро улогата на Светите Кирил и Методиј и нивните школи, како ни улогата на Климент Охридски. Тие се поблиски до препишувачката Ресавската школа. Бадијала им е на македонските „Ќаци“ препушувачи, граѓаните знаат и гледаат. Криминалот е на виделина. Сите ќе одговарате од прв до последен“, пишува во реакцијата.
Македонија
Николоски објави видео од изградбата на автопатот Тетово – Гостивар
Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, објави видео од градежните активности на автопатот Тетово – Гостивар.
„Интензивно се работи на автопатот Тетово – Гостивар. Силна динамика во комплетирањето на автопатското решение на Коридорот 8. Ја градиме Македонија“, напиша вицепремиерот Николоски на својот фејсбук профил и објави видео од изградбата.

