Спорт
Осака спречи чешко финале во Мелбурн

Наоми Осака ќе игра против Петра Квитова во финалето на Австралија опен, откако во второто полу-финале ја победи Каролина Плишкова со 6/2, 4/6, 6/4.
Јапонката продолжи со брилијантните изданија и успеа да стигне до своето второ гренд-слем финале, откако лани ја освои титулата на Ју-Ес опен.
Мечот на арената „Род Лејвер“ се одигра со затворен покрив бидејќи температурата на воздухот во Мелбурн изнесуваше 42 степени Целзиусови.

Осака го доби првиот сет откако при резултат 2:2 во гемови, успеа да добије четири гема во низа. Таа прва направи брејк и во вториот сет, меѓутоа и дозволи ри-брејк на Плишкова, а потоа тенисерката од Чешка уште еднаш и го одзеде сервисот на противничката и успеа да израмни на 1:1 во сетови.

Решавашкиот момент во мечот се случи во вториот и третиот гем. Осака најпрвин успеа да спаси три топки за брејк, а веќе во наредниот гем и го одзеде сервисот на Плишкова.
Финалето ќе се одигра в сабота, во 9.30 часот по македонско време. Осака и Квитова нема да се борат само за трофејот во Мелбурн, туку и за првото место на ВТА листата.
#AusOpen title isn’t the only thing on the line.
Whoever wins the final will be the new world No.1 pic.twitter.com/5bKrBPIRxG
— #AusOpen (@AustralianOpen) January 24, 2019


Наоми Осака ќе игра против Петра Квитова во финалето на Австралија опен, откако во второто полуфинале ја победи Каролина Плишкова со 6/2, 4/6, 6/4.
Јапонката продолжи со брилијантните изданија и успеа да стигне до своето второ гренд-слем финале, откако лани ја освои титулата на Ју-Ес опен.
Мечот на арената „Род Лејвер“ се одигра со затворен покрив бидејќи температурата на воздухот во Мелбурн изнесуваше 42 степени Целзиусови.

Осака го доби првиот сет откако при резултат 2:2 во гемови, успеа да добије четири гема во низа. Таа прва направи брејк и во вториот сет, меѓутоа ѝ дозволи ри-брејк на Плишкова, а потоа тенисерката од Чешка уште еднаш ѝ го одзеде сервисот на противничката и успеа да израмни на 1:1 во сетови.

Решавашкиот момент во мечот се случи во вториот и третиот гем. Осака најпрвин успеа да спаси три топки за брејк, а веќе во наредниот гем ѝ го одзеде сервисот на Плишкова.
Финалето ќе се одигра в сабота, во 9:30 часот по македонско време. Осака и Квитова нема да се борат само за трофејот во Мелбурн, туку и за првото место на ВТА-листата.
#AusOpen title isn’t the only thing on the line.
Whoever wins the final will be the new world No.1 pic.twitter.com/5bKrBPIRxG
— #AusOpen (@AustralianOpen) January 24, 2019
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Милевски: Освоивме голем бод против Белгија, но веднаш се фокусираме на Казахстан

Македонската фудбалска репрезентација приреди пријатно изненадување во Гент, извлекувајќи голем бод против силната Белгија (0:0) и задржувајќи се на врвот на групата пред последните два квалификациски меча за Светското првенство 2026.
Селекторот Благоја Милевски беше задоволен од резултатот, особено од играта во одбрана, но предупреди дека има простор за подобрување во организацијата на играта во средниот ред.
„Мораме да бидеме реални – задоволен сум од дефанзивата, но не и од начинот на кој ја организиравме играта. Извлековме максимум од натпреварот, иако знам дека можеме многу повеќе. Секако, противникот имаше големо влијание со својот квалитет, имавме и т.н. ‘фактор икс’. Сега целосно се фокусираме на следниот меч со Казахстан. Се надевам дека повредата на Висар Муслиу не е сериозна – ќе имаме појасна слика по скенирањето во наредните 24 часа“, изјави Милевски на прес – конференцијата.
Македонија ќе го пречека Казахстан во понеделник, со цел да го задржи лидерското место и да го продолжи сонот за пласман на Светското првенство во 2026 година.
Спорт
Светската шампионка објави дека ја менува дисциплината

Холандската атлетичарка Фемке Бол, двократна светска шампионка во трките на 400 метри со пречки, објави дека во иднина ќе се натпреварува во дисциплината 800 метри.
Бол (25) ја опиша одлуката како „ново поглавје во нејзината кариера“, нагласувајќи дека преминот кон подолга дисциплина е „голема промена полна со неизвесност и вистински предизвик“.
Фемке Бол го освои своето второ светско злато во трките на 400 метри со пречки оваа година, со најдобар резултат во сезоната во таа дисциплина, на Светското првенство во Токио во септември.
Покрај тоа, таа освои сребро во микс штафетата 4×400 метри и бронза во женската штафета 4×400 метри.
Спорт
Белгија удри во македонскиот ѕид – Фудбалерите освоија бод во Гент

Фудбалската репрезентација на Македонија одигра без голови во Гент, против Белгија, во квалификациите за пласман на Светското првенство во САД, Канада и Мексико.
Македонските фудбалери ја исполнија целта, останаа непоразени против фаворизираната Белгија и ја задржаа лидерската позиција во Ј групата. Македонија ја продолжи успешната серија, во официјалните натпревари нема пораз на последните 13 натпревари.
Избраниците на Благоја Милевски излегоа со јасна цел да избегнат пораз и тоа им успеа и покрај тоа што противникот имаше 78 отсто од поседот на топката, но во првиот дел немаше сериозна шанса за гол. Сите напади на Белгија се одбија од македонскиот ѕд пред голот на Столе Димитиревски.
Во вториот дел кога белгија уште повеќе го засили ритамот, на сцена стапи Димитиревски, кој имаше неколку изворедни интервенции. Особено се истакна во периодот од 60-та до 65-та минута кога ги одбрани ударите на Доку и Опенда.
Македонија за три дена ќе игра на домашен терен против Казахстан.
Табела, Група Ј:
EPA/OLIVIER HOSLET