Црна хроника
Два часа пожарникарите гаснеа опожарен стан во Скопје
Два часа пожарникарите синоќа гаснеа опожарен стан во Скопје. Како што информираат од Противпожарната единица на Град Скопје, пожарот зафатил стан на улицата Христо Татарчев бр 62.
Осум пожарникари со три возила синоќа во периодот од 21:34 часот до 23:05 часот интервенирале на гаснење на огнот. Зафатени биле 20 метри квадратни, при што првично е причинета штета од 200 000 денари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претрес во Кавадарци, пронајдено оружје и муниција, уапсено едно лице
Вчера вечер во 22:00 часот, во Кавадарци, полициски службеници го уапсија А.М.(38) од Кавадарци. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба од Основен суд Кавадарци, биле пронајдени и одземени гасен пиштол, рамка со куршум, воздушен пиштол, два револвери и 58 куршуми 9 мм, кои ги поседувал без соодветна документација.
Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
(Фото) Претрес во Гостивар, пронајдена дрога, уапсен 34-годишник
Ноќеска во 01:20 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода 34-годишниот Б.Б. од Гостивар, поради основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање на промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори‘‘.

Врз основа на судска наредба, извршен е претрес во дом и помошни простории, сопственост на Б.Б. и при претресот, тој доброволно предал кутија во која имало марихуана.

Б.Б. е задржан во ПС Гостивар и по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Црна хроника
Кривична пријава и одземени возила на возачи од Охрид: предизвикале сообраќајна несреќа, при тоа имале изречени забрани за возење, а едниот бил пијан
Вчера во 20:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на улицата „АСНОМ“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „фолксваген амарок“, со охридски регистарски ознаки, управувано од 24-годишниот В.В.М. од Охрид, патничко возило „ланчија“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 37-годишниот Ј.П. од Охрид и патничко возило „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 35-годишниот П.Н. од Охрид.
По преземени мерки, констатирано е дека В.В.М. го управувал возилото под дејство на алкохол, односно измерени му се 0,71 промили алкохол во крвта, а има и три забрани за управување со моторно возило за „Б“ категорија. Исто така, и Ј.П. има една забрана за управување со моторно возило за „Б“ категорија.
Известен е јавен обвинител, по чии насоки им се одземени возилата на В.В.М. и Ј.П. и по документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави по член 297-а од КЗ „безобѕирно управување со возило“.

