Македонија
(Видео) На барање на СЈО, судот ја исклучи јавноста во „Трезор“
Поради тоа што првиот сведок во случајот „Трезор“ е вработена во УБК на МВР, обвинителот Артан Ајро побара, а судот дозволи, јавноста да биде исклучена.
Судијката Џенета Бектовиќ образложи дека тоа е поради опасност од издавање службена тајна. Рочиштето за „Трезор“ е во фаза на доказна постапка.
Обвинети во случајот „Трезор“ се поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, поранешниот началник на Петтата управа, Горан Грујовски, шефот на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски, и поранешниот помошник-министер во МВР и член на Управниот одбор на „Телеком“, Небојша Стајковиќ.
Според обвинението, обвинетите Мијалков, Јакимовски и Грујовски во 2010 година договориле набавка на опрема за пресретнување на комуникациите и обука за користење на опремата за потребите на Петтата управа. Но, наместо набавката да оди директно преку Министерството, обвинетите ја вклучиле и компанијата „Финзи“ како застапник на МВР.
Фирмата „Финзи“, кога ја презела набавката, увозот на опремата го фактурирала по двојно поскапа цена. Набавката на опремата е направена во 2010 година, а фирмата „Финзи“ ДООЕЛ е формирана кон крајот на 2009 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.

