Македонија
Агенцијата за медиуми не донесе одлука за да се испита сопствеништвото на „1ТВ“

Агенцијата за аудио и аудиовизуелните медиуми (АВРМ) не донесе одлука за да се испитува сопствеништвото на „1ТВ“, каде што Бојан Јовановски, познат како Боки 13, во јавноста се претставува како сопственик, иако во официјалните документи никаде не фигурира како газда. Одлуката за неповедување постапка денеска беше донесена од Советот на АВРМ. Тројца членови беа „за“ донесување одлука, двајца воздржани и двајца беа против.
Предлог-одлуката се однесуваше за поведување постапка за утврдување постоење повреда на член 34 кај „1ТВ“ ДООЕЛ Скопје.
Членот 34 од Законот за аудио и аудиовизуелните медиуми забранува таен содружник, односно „радиодифузер не може да има таен содружник кој учествува со паричен или непаричен влог во радиодифузер“. Доколку се утврди дека еден медиум има таен содружник, АВМУ може да му ја одземе лиценцата за работа на медиумот.
Сопственик на „1ТВ“, според податоците од Централниот регистар, е фирмата „БМЈ медија груп“, а директор е Јасна Мандиќ.
Како сопственици на „БМЈ медија груп“, пак, повторно се јавува Јасна Мандиќ, но и таткото на Бојан Јовановски, Миле Јовановски, кој воедно е и директор на фирмата. Името на Боки 13 не фигурира никаде во официјалните документи, а тој во интервјуата што ги дава на телевизијата се претставува како нејзин газда.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без вода дел од Кисела Вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека денеска поради изведување на водоводен приклучок на водоводна мрежа со пречник од Ф-150 мм на улицата Христо Татарчев бр. 47, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица и кулите – Расдник, oпштина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.
Македонија
Сончево и топло, максималната температура ќе достигне до 34 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 19, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени.
Во Скопје, сончево и топло. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 34 степени.
Времето во наредните денови
Во следните денови времето ќе биде стабилно, претежно сончево и топло. Ќе дува умерен, во сабота наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер.
Македонија
„Уапсени се полицајци и полициски функционери кои биле на смена кобната вечер“: СДСМ ја поздрави акцијата на ОЈО ГОК за Кочани

„Ја поздравуваме вечерашната акција на Обвинителството за организиран криминал и корупција во која се лишени од слобода полицајци и полициски функционери кои биле на смена кобната вечер на 16 март во т.н. дискотека Пулс во Кочани“, соопшти СДСМ.
„Фактот што четири месеци ВМРО-ДПМНЕ се обидуваше да ја сокрие одговорноста на полицајците и полициските функционери, фактот што нивната вина беше негирана од страна на Панче Тошковски и Христијан Мицкоски укажува на тоа дека сите биле вмешани или на некој начин знаеле за нелегалното работење на Пулс и тоа го одобрувале.
Само поради обидите да се сокрие одговорноста од страна на Тошковски и Мицкоски на лицата кои тие ги поставија за полицајци, командири и началници би требало веднаш да си поднесат оставки.
Одговорност мора да има и за Александар Јанев, директорот на БЈБ. Тошковски и Јанев не смеат повеќе да ја попречуваат истрагата ниту да влијаат некој да не сноси одговорност.
Вистината за Кочани која цела недела ја објавуваше СДСМ е точна. Се покажа дека без силен притисок на јавноста, на дел од медиумите и на СДСМ нема да има правда за Кочани. Време е за одговорност, време е за оставки“, се додава во соопштението на СДСМ.