Економија
Органското производство на еко туризмот адути за развој на руралните средини
Во организација на здружението на граѓани ,Еко Партнерс“ на 24.01.2019 година со поддршка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија се оддржа првиот ,,Ден на органското производство и форум за еко туризам преку регионални практики”.
На форумот присуствуваа голем број на производители на органско производство како и голем број на изложувачи со своите производи кои ја збогатија самата манифестација. Презентирање на региналните практики во органско производство и потребата за европските пазари како и моменталните состојби во Македонија беше испрезентирана од Габриела Митрикеска -Swiss Contact која ги охрабри органските производители за вмрежување,нови можности, идеи и заеднички извоз на европскиот пазар. Можностите за еко туризмот во заштитените подрачја и националните паркови и идеалните услови за Агри туризмот во руралните средини се испрезентираа од Дејан Методијески и Оливер Филипоски од факултетот за Туризам при Универзитетот Гоце Делчев – Штип.
„Македонија има идеални услови за генерирање на голем број на зелени туристи кои ја препознаваат Македонија како неоткриена еко туристичка дестинација, но за да можеме вистински да имаме приход од овој тип на туризам потребно е да го подготвиме локалното население. Еко туризмот и Агри туризмот овозможуваат директен финансиски инпакт на локалните заедници, создавање на микро и фамилијарни бизниси, намалување на миграцијата и нови зелени работни места поврзани со туризмот”, додадоа Методјески и Филипоски.
Во третиот панел се испрезентираа успешни бизнис приказни-производители на органски Мед од мариовскиот крај, единствената фарма за магариња во Велестово, Охридско и производители на органска Истевничка аронија.
Ден на органското произвотство и форум за еко туризам преку регионални практики е одлична можност на едно место да се споделат искуствата, изложат органските производи и испрезентираат практиките во руралниот туризам. Вмрежувањето на органските производители на едно место и приближување на регионалните практики ќе овозможи продолжување на растотот на ова произвдство и еко туризмот со дополнителен финансиски импакт и зајакнување на локалниот економски развој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Македонските вина се продаваат во 40 држави во светот, Владата најавува зголемено производство и извоз
Македонија денес се претставува на „Винскa визија на Отворен Балкан“ во Белград.
Оваа година 80 винарски визби се претставуваат на овој саем од кои што 68 се мали семејни винарии и 12 винарски визби кои што се дел од здружението „Wines of Macedonia“, а за првпат имаме и изложувачи на квалитетна македонска традиционална храна.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, рече дека ова е одлична можност македонските квалитетни вина да бидат промовирани на саемот.
Тој посочи дека е зголемена продажбата на македонското вино надвор од границите на државата.
„Република Македонија е на 22 место во светот по производство на вино, а се наоѓа на 29-то место по извоз на вино во светот“, заклучи министерот.
Трипуновски додаде дека Владата има за цел да се зголеми производството на вино во државата со што ќе се зголеми и извозот на истото во светот. Девизен прилив од извоз на вино за 2023-та година изнесуваше над 57 милиони евра.
„Нашите вина се продаваат во преку 40 држави во светот. А, најголем дел се пласира овде во регионот, односно на Балканот“, истакна тој.
„Како Влада продолжуваме посветено да работиме во делот на секторот винарство бидејќи е втора најзначајна гранка во Република Македонија по извоз и девизен прилив“, нагласи министерот Трипуновски.
Економија
Илон Маск го сруши сопствениот рекорд на богатство, има 347,8 милијарди долари
Богатството на американскиот тајкун Илон Маск достигна рекордни 347,8 милијарди долари во петокот, поттикнато од континуираните добивки во акциите на „Тесла“ и новата рунда на финансирање откако неговиот стартап со вештачка интелигенција беше проценет на 50 милијарди долари.
Многу компании на Маск забележаа пораст на нивната вредност откако изборната победа на Доналд Трамп го круниса со политичко внимание.
Акциите на Тесла пораснале за 3,8 отсто во петокот, продолжувајќи да го поттикнува оптимизмот дека плановите на тимот на Трамп за автономни возила и субвенции за електрични возила ќе и дадат предност на компанијата на Маск пред конкуренцијата.
Маск, најбогатиот човек на светот, сега го собори сопствениот рекорд од 340,4 милијарди долари поставен во ноември 2021 година, според индексот на милијардери на „Блумберг“.
Економија
BLACK FRIDAY во СЕТЕК со попусти и до 70 отсто
Акцијата BLACK FRIDAY во СЕТЕК ги носи најголемите попусти и до 70 проценти.
На едно место бирајте сè што ви е потребно од најпознатите светски брендови за бела техника, телевизори, ИТ, мобилни уреди, апарати за домаќинство и уште многу други останати производи за домот и деловниот простор.
Искористете ја можноста да купите најмногу техника со најниски цени за BLACK FRIDAY во сите салони на Сетек и онлајн на www.setec.mk .
Сетек и оваа година, со радост ве очекува во сите салони полни со вашите омилени производи и уникатно шопинг искуство.
Акцијата трае oд 25 ноември до 2 декември 2024.
Има зошто сите купуваат во СЕТЕК.
Сетек – сè од техника е помеѓу водечките во трговијата со техника.
Не пропуштајте, сè што е најдобро – сега е и достапно: бела техника, апарати за домаќинство, уреди за ладење и греење, телевизори, мобилни телефони, гејминг опрема и ИТ уреди.
Сетек континуирано, повеќе од 30 години ја развива својата мрежа и стратегија за блискост со купувачите. Со застапеност на 32 различни локации и модерни салони, вклучувајќи ја и онлајн продавницата, Сетек е достапен до секој миленик на современата техника.
Воедно Компанијата нуди и и многу помошни улуги како лојална програма, кешбек, премиум достава, можности за кредитирање, рати без камата и многу експертски услуги за правилен избор и корисна употреба.
(ПР текст)