Македонија
(Видео),,Парите ги потрошивме за инхалатори место за точаци”, порачаа учесниците на протестот
Поголема група граѓани денеска попладне излегоа на протест пред Собрание, против згадениот воздух. Oд граѓанската иницијатива ,,Канцерогена општество”, кои се организатори на протестот, порачаа дека власта мора да преземе не само краткорочни, туку и долгорочни мерки против загадувањето.

Тие носат транспаренти на кои пишува ,,Ставете налепници на тешката индустрија”, ,,Парите ги потрошивме за инхалатори место за точаци” и слично.

Учесниците на протестот алармираа дека високата концентрацијата на ПМ 10 честички измерена во последниот период, со што Скопје беше рангиран како најзагаден град во светот, предупредува дека ако не се преземе ништо таа бројка ќе расте.

Граѓаните се загрижени дека од загадениот воздух најзасегнати се децата и како последица на тоа се преполни детските клиники. Тие побараа да се лоцираат најголемите загадувачи во главниот град и место непродуктивни мерки како поскапување на паркингот и други кои удираат по џебот на граѓаните, да се преземат посериозни чекори.
Тие особено потенцираа дека 1,5 милиони евра за борба со загадувањето не се доволни и порачаа дека повеќе се исплаќаат пари за патни трошоци за пратениците, отколку за справување со овој сериозен проблем.

Групата од Собранието се упати кон Владата каде ќе продолжи протестот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.

