Црна хроника
Шиповиќ во вторник пред истражен судија
Претседателот на советот на општина Центар, Мирослав Шиповиќ осомничен за криминал во „Машинорпомет“ во вторник ќе биде изведен пред истражен судија, каде ќе биде сослушан, соопштуваат од Кривичниот суд.
„На ден 22.11.2013 година во 12:00 часот во Основниот суд Скопје 1 Скопје примено е известување од Министерството за внатрешни работи дека обвинетиот Мирослав Шиповиќ е екстрадиран во Р.Македонија и истиот е спроведен во Затвор-Скопје Скопје.
Истражниот судија кој постапува по предметот во координација со Основното Јавно Обвинителство Скопје и бранителот на обвинетиот, закажа сослушување на обвинетиот Мирослав Шиповиќ за ден 26.11.2013 година“, соопштуваат од Судот.
Шиповиќ беше екстрадиран доцна синоќа од Виена./крај/со
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривична против маж од Врапчиште: со закана изнудил 5000 евра од негова роднина
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.Ј.(84) од село во општина Врапчиште поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда’’.
Во текот на јули 2025 година, пријавениот со закана побарал и добил 5000 евра од едно женско лице – негова роднина, а откако таа побарала да ѝ ги врати парите ја прекинал комуникацијата со неа.
Црна хроника
Инцидент во болница во Ѓорче Петров: Пациент физички нападнал вработена
Вчера во 11:00 часот во СВР Скопје, 56-годишната Д.Ѓ. од Скопје пријави дека околу 04:00 часот на работното место во здравствена установа на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од едно лице, кое се лекувало во установата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Семејно насилство во Скопско: им се заканувал на ќерките, а се обидел да ја нападне сопругата, полицијата го уапси 56-годишникот
Вчера во 20:30 часот во скопско село, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 56-годишниот С.К. затоа што упатувал закани кон неговата 44-годишна сопруга и се обидел физички да ја нападне, а претходно со остар предмет упатувал закани и кон нивните две ќерки и притоа оштетил дел од покуќнината во семејниот дом.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

