Свет
Воени возила гореа во турска база во курдскиот регион на Ирак
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2019/01/turska-vojska.jpg)
Еден демонстрант загина, а најмалку 10 лица се повредени, откако денеска влегле во камп на турската армија во близина на Дохук, полуавтономен курдски регион во Ирак, и запалиле два тенка и други возила, изјавија курдските претставници и жители од оваа област.
Главниот здравствен чиновник во областa, Наџиб Саид, рекол дека турските војници пукале на демонстрантите, но одекнале и повеќе експлозии од запалените воени возила и опрема, па поради тоа не е познато што точно ја предизвикало смртта кај демонстрантите, пренесува агенцијата „Ројтерс“.
Турција објави дека нападот бил изведен од страна на членови на Курдистанската работничка партија (ПКК), кои се вмешале меѓу цивилите, со цел да се разгори конфликтот меѓу турските сили и локалните жители.
„Ние сме посветени на одржување на блиска соработка со луѓето од Дохук и правиме се што можеме за да спречат цивилни жртви во оваа област“, изјави портпарпл на турското претставништво.
Турција врши редовни воздушни напади во близина на границата, насочени против бунтовничката група ПКК, која има бази во северен Ирак и води повеќедецениски бунт во Турција, потсетува британската агенција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Свет
(Видео) Први снимки откако авион удри во автобус во Сао Пауло, спасувачите на терен
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/2-7.jpg)
Авион удрил во автобус додека наводно се обидувал принудно да слета на улица во Сао Пауло.
Лесниот авион се урна околу 7.20 часот по локално време во Бара Фунда, во западниот дел на Сао Пауло.
Несреќата се случила во близина на аеродромот „Конгоњас“.
На социјалните мрежи кружат снимки од несреќата.
⚠️⚠️⚠️
Um avião de pequeno porte caiu na avenida de São Vicente, no bairro da Lapa, na zona oeste de São Paulo, próximo ao aeroporto de Congonhas. A queda aconteceu por volta das 7h20 minutos. Ainda não há informações sobre vítimas. A aeronave teria atingido veículos.
Leia:… pic.twitter.com/tuRov8j5Ct
— Metrópoles (@Metropoles) February 7, 2025
Во автобусот во кој удрил немало патници.
🚨URGENTE – Avião cai e atinge ônibus de passageiros na Barra Funda, São Paulo!
Ainda não se sabe o número de vítimas. pic.twitter.com/LxyaeUZCrq
— SPACE LIBERDADE (@NewsLiberdade) February 7, 2025
Нејасно е колку луѓе имало во авионот, а засега нема информации за повредени.
Свет
Авион удри во автобус при итно слетување: одекна силна експлозија во Сао Пауло
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/1-7.jpg)
Авион удрил во автобус додека наводно се обидувал принудно да слета на улица во Сао Пауло.
Лесниот авион се урна околу 7.20 часот по локално време во Бара Фунда, во западниот дел на Сао Пауло.
Очевидци рекоа дека слушнале експлозија и виделе голем облак од црн чад, објави „Глобо“.
Во автобусот во кој удрил немало патници.
Нејасно е колку луѓе имало во авионот, а засега нема информации за повредени.
Свет
(Видео) 158 километри автопат изграден во Кина, на проектот не работеше ниту еден човек
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/Screenshot-2025-02-07-112855.jpg)
Автопатот долг 98 милји (приближно 158 километри) во Кина е изграден целосно од роботи. Проектот е дел од автопатот Пекинг – Хонг Конг, а користени се напредни машини од групацијата Sany, со што е постигната милиметарска прецизност, пишува The Economic Times.
Автоматските возила ги дистрибуираа каменот и песокот по што автономните валјаци вршеа притисок за да обезбедат еднаква и издржлива површина на патот. Беспилотните летала го следеа напредокот на изградбата за да ја задржат топографската точност.
Според извештаите, роботскиот пристап резултирал со побрза градба и поквалитетни резултати во споредба со традиционалните методи. Успехот на овој проект покажува дека роботите би можеле да играат сè поважна улога во идните инфраструктурни проекти.
На проектот соработуваа три државни компании.
Извештаите ги истакнуваат заштедите на трошоците и времето постигнати со овој роботски пристап, иако не се дадени точни бројки, но алгоритмите го оптимизираа процесот на градба овозможувајќи поголема брзина и прецизност, што го прави овој метод поефикасен од човечката работа.
Проектот беше претставен на инфраструктурна конференција, на која 700 присутни ја набљудуваа автоматизираната технологија во акција.