Свет
Помпео најави повлекување на американската војска од Авганистан
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2019/01/21-pompeo.jpg)
Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, изјави дека САД сериозно размислуваат на можноста за постигнување мир во Авганистан и повлекување на војниците од таа земја.
Тој ова го напиша на својот твитер-профил и додаде дека САД се обидуваат да го зајакнат суверенитетот и независноста на Авганистан.
„САД се сериозно посветени на постигнување мир, спречување на ситуација во која Авганистан повторно би станал место на меѓународен тероризам и враќање на вооружените сили во своите домови“, наведе Помпео.
Американскиот претседател, Доналд Трамп, уште не се огласил по однос на ова прашање.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Регион
Мицотакис од Санторини: Властите ја следат сеизмичката активност, граѓаните да останат мирни
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/06/micotakis-x-epa.jpg)
Грчките власти се во подготвеност и ја следат зголемената сеизмичка активност на островот Санторини, изјави денеска грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, повикувајќи ги граѓаните да останат смирени и да ги следат упатствата на службата за цивилна заштита.
„Уште еднаш, сакам да ги уверам жителите на Санторини и на соседните острови, кои деновиве се пред тест, дека државниот механизам е на нивна страна“, рече Мицотакис за време на неговата посета на островот, додавајќи дека подготвеноста и превенцијата се клучни, пренесе Ројтерс.
Тој изрази надеж дека оваа појава брзо ќе заврши и дека островот целосно ќе се врати во својот нормален ритам.
Свет
Пукање во Брисел, едно лице загина
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/Screenshot-2025-02-07-105153.jpg)
Еден маж е убиен синоќа во нова престрелка за шверц на дрога во Брисел, соопштија локалните власти.
Ова е трето пукање од средата наутро во општината Андерлехт, каде властите знаат за неколку места каде се продава дрога.
Градоначалникот на општината Фабрис Кампс изјави дека станува збор за „војна на бандите за контрола на територијата“.
Тој апелираше да се зголеми присуството на полицијата.
Според првите информации од локалните медиуми, новото пукање се поврзува со слични инциденти во последните два дена недалеку од метро станицата Клемансо.
Регион
Блажиќ осуден за масовното убиствo кај Младеновац, се степал во затворот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/Screenshot-2025-02-07-102843-1.jpg)
Урош Блажиќ, осуден за масовно убиство во селата кај Младеновац, се судрил со уште еден притвореник со кој ја дели ќелијата во Окружниот затвор во Смедерево.
Од Управата за извршување на кривични санкции за Танјуг потврдија дека вчера Блажиќ и уште едно приведено лице имале кратка вербална и физичка пресметка во просторијата каде што биле заедно сместени.
Службата за обезбедување веднаш интервенирала и двете лица ги привела на лекарски преглед, што е дел од редовната процедура, по што биле сместени во различни простории, што исто така е задолжителен дел од постапката.
За овој случај е известен и надлежниот суд и судот треба да донесе одлука за дисциплински мерки против овие приведени, велат од Управата за Танјуг.
Урош Блажиќ со првостепената пресуда е осуден на 20 години затвор бидејќи на 4 мај 2023 година во селата Мало Орашје и Дубона уби девет и рани 12 лица.