Свет
Преживеаните затвореници положија цвеќе во Аушвиц на Денот на сеќавање на жртвите од холокаустот
Неколку десетици поранешни заробеници кои го преживеале пеколот во нацистичкиот логор на смртта – Аушвиц, лоциран на југот од Полска, утрово положија венци од бели и сини цвеќиња по должината на Ѕидот на смртта и така ја започнаа централна комеморација во чест на Денот на сеќавање на жртвите на холокаустот.
„За мене најлошото не беше гладта, ни тоа што бевме принудени на тешка работа, туку тоа што бевме лишени од човечко достоинство. Ние не бевме луѓе, не третираа како нешто непотребно, што треба максимално да се искористи, а потоа да се уништи“, рече денеска во Аушвиц, еден од преживеаните заробеници, 93-годишниот Станислав Залевски, претседател на Здружението на полски затвореници во фашистичките логори.
За полската приватна ТВ станица „Полсат“, Залевски предупреди дека денес, 74 години подоцна, луѓето и натаму не ги научиле лекциите од трагедијата од концентрационите логори во Втората светска војна.
„Во многу делови од светот, луѓето во име на своите амбиции или некои идеолошки аспирации вршат вооружени злосторства во кои гинат илјадници жртви и кои имаат карактеристики на геноцид. Оние кои доаѓаат во Аушвиц на годишнината од ослободувањето и оние кои имаат моќ да направат нешто во овој свет, тие се обврзани вакви работи да не се случуваат повеќе“, рече Залевски.
Денот 27 јануари, кога во 1945 година портите од најголемиот логор кој нацистичка Германија го подигнала во окупираната Полска, ги отвориле војниците на Црвената армија, ОН во 2005 го прогласи за Светски ден за сеќавање на жртвите од холокаустот.
Руските војници во Аушвиц успеале да спасат околу 7 илјади одвај преживеани луѓе. Ширум Полска, граѓаните на прозорците навечер палат свеќи како потсетник на еврејските соседи кои веќе ги нема, по пеколот кој зад себе го остави холокаустот.
Логорот Аушвиц беше претворен во музеј во 1947 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Врховниот лидер на Иран: Ова е предупредување до Америка
Врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, им честиташе на социјалните мрежи на учесниците на денешните провладини собири.
Во серија објави на X, ајатолахот сподели фотографии од провладини демонстранти и рече дека тие „одлично ја завршиле работата“ и „го спречиле планот на странските непријатели, кој требало да го спроведат домашни платеници“.
„Големата нација Иран им се покажа на своите непријатели, заедно со својата решителност и идентитет“, додаде Хамнеи.
„Ова беше предупредување до американските политичари да престанат да бидат измамници и да не се потпираат на предавнички платеници“, додаде тој.
Свет
Украинската војска објави видео: Го освоивме градското собрание во Купјанск
Украинските одбранбени сили ја вратија контролата врз зградата на Градскиот совет на Купјанск, објави Вториот корпус на Националната гарда на Украина (НГУ), познат како Хартија.
„Хартија воспостави контрола врз зградата на Градскиот совет на Купјанск. Единицата за пребарување и уништување на Хартија и тактичката група Купјанск ги завршуваат операциите за расчистување во градот, кој беше деблокиран за време на успешната операција предводена од командата на Вториот корпус на НГУ“, се вели во соопштението.
Корпусот објави снимка од GoPro камера за која тврди дека е направена од борци од 4-тиот баталјон Хартија за време на упадот во зградата на Градскиот совет на Купјанск. Војниците од извидувачката и ударна група на баталјонот го кренаа украинското знаме над градскиот совет во центарот на Купјанск.
„Операцијата во Купјанск докажува дека благодарение на планирањето, стручноста на командантот и штабот и висококвалитетната подготовка на единиците – сето тоа го нарекуваме метод на Хартија – е можно успешно да се запре и уништи непријателот“, рече полковник Ихор Оболенски, командант на Вториот корпус.
Свет
Белата куќа: Трамп не се плаши да употреби воена сила против Иран
Портпаролката на Белата куќа, Каролина Ливит, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп „покажал дека не се плаши да употреби воени опции“ кога смета дека е потребно.
„Мислам дека едно нешто во што претседателот Трамп е многу добар е тоа што секогаш ги држи сите опции на маса, а воздушните напади би биле една од многуте, многу опции што се на маса“, изјави Ливит пред новинарите.
Во исто време, таа додаде дека „дипломатијата е секогаш првата опција“ за Трамп.
„Претседателот ви кажа на сите синоќа дека она што јавно го слушате од иранскиот режим е многу различно од пораките што администрацијата ги добива приватно“, рече Ливит.
„Претседателот покажа дека не се плаши да користи воени опции ако и кога смета дека е потребно, а никој не го знае ова подобро од Иран“, заклучи таа.
фото/депозитфотос

