Контакт

Вести

Умберто Паскали: Целта на тероризмот во Франција и Европа е да се прeдизвика страв и парализа

Објавено пред

Целта на тероризмот во Франција и Европа е да се прeдизвика страв и парализа, а Македонија и премиерот Никола Груевски можат да промовираат Антитерористичка алијанса на Балканот, вели реномираниот американски аналитичар Умберто Паскали по повод терористичките напади врз редакцијата на парискиот сатиричен неделник Charlie Hebdo.

dobivaj vesti na viber

„Македонија да стапи во антитерористички сојуз со балканските земји, но и да соработува со големите светски сили, Русија, Кина, Франција, Германија, Италија и други“, изјави во интервјуто на програмата „Гласот на народот“ на ТВ Сонце, со новинарот Слободан Томиќ, угледниот американски аналитичар Умберто Паскали.

Ваквиот совет на Паскали уследува по најновата крвавата париска драма која завшри во петокот со вкупно 17 жртви. Според него, треба да се види каква ќе биде реакцијата на една здрава и нова промена на владата на Франсоа Оланд кој предлага да се стави крај на судирот меѓу Европа и Русија, како и крај на санкциите против Русија.

Притоа, Паскали додава: „На 4-ти јануари, три дена пред терористичкиот напад во Париз, Франоа Оланд имаше интервју на меѓународното радио во кое го изјави следново: ‘Ако Русија е во криза, тоа не значи дека е добро за Европа. Јас мислам дека е време да се прекине со санкциите веднаш. Убеден сум дека господин Путин нема намера да ја анексира Украина. Тој единствено не сака да ја види Украина во кампот на НАТО’“, нагласува американскиот аналитичар за Гласот на народот.

Паскали го цитира и заменикот канцелар на Германија, Зигмар Габриел кој вели „Тие што сакаат да ја дестабилизираат Русија економски и политички, имаат свои лични интереси, различни од нашите. Некои чинители во Европа и САД би сакале да ја уништат Русија, но тоа не е во интерес на Германија, ниту на Европа. Ние сакаме да помогнеме да се реши конфликтот во Украина а не да ја видиме Русија на колена. Нашата цел е да не ја туркаме Русија во економски и политички хаос. Тие што го посакуваат тоа, ќе предизвикаат многу опасна состојба за сите нас во Европа“.

Според Умберто Паскали, сите политички лидери, пред се’, треба да знаат дека целта на овој тероризам е да се предизвика страв и парализа, да се спречат одговорни и разумни луѓе да преземаат правилни, соодветни мерки за својот народ. Тие мораат да сфатат дека ваков напад, не е никаков знак на сила, туку дека е тоа знак на очајаните и на слабост.

Веројатно тие би ѝ се заканиле и на цела Европа, но според се’, се чини дека Европа е изгубена за нив, односно дека е на пат на една нова независност.

Осврнувајќи се на Македонија, американскиот експерт за приликите на Балканот вели: „Вие, во Македонија имате среќа што имате еден државник каков што е Никола Груевски, којшто има стратешки ум, морал и храброст и е во состојба да ги трансформира објективните слабости од македонската сегашност во субјективни сили. Тој е во состојба да спроведува една деголистичка политика таканаречена 360 степени тус азимутс (tous azimuts). Ова и дава на Македонија една улога што е многу поголема од нејзината вистинска големина. Денес Македонија е дел од една голема регионална игра на Балканот но и пошироко“, нагласува Паскали во Гласот на народот. Додава дека „оваа географска површина, сега веќе де факто, има постигнато сериозен степен на независност и во суштина го менува текот на еден долговечен процес на ропство спроведен од Британската империја – Балканизација. Овој ужасен збор Балканизација имаше значење на распаѓање на секоја држава на се помали и помали делови кои беа лесни за манипулација и немоќни да се одбранат самите. Тоа беше екстремна верзија на политиката дивиде ет импера (подели па владеј). Погледнете што направија со Балканот. Ја имавте Турција во судир со Грција, Грција во судир со Македонија, Македонија во судир со Албанија, Хрватска наспроти Србија, Босна поделена , Косово претворено во НАТО зона франка…Бугарија, Романија… Турција како Британски сојузник, мораше да биде спротивставена на Русија (основна цел на Британската геополитика) , во војна со Сирија итн… Впрочем, историскиот миг во кој живееме е опасен , но опасен е бидејќи ние сме на работ на една нова историска ера , раѓање на еден нов, поправеден систем на меѓународни односи и економски напредок“, вели уште Паскали.

„Ова е посебно вистинито за Балканот. Сега вие почнувате да го доживувате обратното“, рече мберто Паскали за Програмата „Гласот на народот/крај/мф/ст

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 часа

Филипче: Нема да дозволам внатрепартиско роварење и поделби платени од ВМРО

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на вечерашната средба во Штип со општинските организации од изборната единица 3,...

Македонија13 часа

Забраната на социјалните мрежи за најмладите во Македонија би била радикален чекор, рече министерот Андоновски во Прилеп

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, изјави дека Владата не размислува за забрана на социјалните медиуми за деца и млади,...

Македонија13 часа

Трендафилов побара мерки против пратеничката Дафина Стојановска оти ги објави неговите деца и за утре најави блокада на газдите

Утре напладне, повторно со најмалку 21 работник, Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) ќе ги блокира Стопанската комора, Организацијата на...

Македонија15 часа

Парите на граѓаните кои ваделе пасош си ги ставал во џеб, кривична пријава за вработен во одделот за издавање документи во Штип

Вработен во Одделението за управни работи Штип ги лажел граѓаните кои ваделе пасош дека не работи пост терминалот за наплата со...

Македонија15 часа

ВМРО-ДПМНЕ предлага продолжување на рокот за легализација на бесправно изградени објекти до 2031 година

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата минатата недела поднела Предлог на закон за изменување на Законот за постапување со бесправно...

Топ16 часа

МВР со детали за тешката сообраќајна незгода на влезот во Скопје: автомобил и камион целосно изгореа, 25-годишник тешко повреден

Вчера во 23:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје-Куманово, пред клучката за обиколница на Град Скопје,...

Македонија18 часа

(Видео) Се уриваат дискотеките во Градски парк, ќе се гради нов Луна парк

Старите дискотеки во Градскиот парк во Скопје ќе бидат урнати, а на нивно место ќе се изгради нов Луна парк,...

Македонија18 часа

Бубевски: Стојам зад секоја одлука која сум ја донел, за навредите ќе поднесам тужба ако не добијам извинување

Поранешниот обвинител од специјалното јавно обвинителство, Гаврил Бубевски, ги отфрла сите наводи за какво било влијание и вели дека стои зад...

Македонија19 часа

„Спасовски вршел притисок врз обвинителите во СЈО за кои луѓе да се гонат, Катица Јанева работела по наредба на Заев“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„СДС, Заев и Спасовски, преку Катица Јанева, контролирале кои предмети СЈО ќе ги обработува, кој обвинител ќе ги води и...

Македонија19 часа

„Одбија Законот за 600 евра плата да биде на дневен ред, сакаат авион за Мицкоски“, велат од СДСМ

„Пратениците од тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ, на вчерашната собраниска седница застанаа против работниците: одбија Законот за минимална плата од 600 евра...

Европа19 часа

(Фото) Три деца загинаа во руски напад врз Харков, луѓе останаа без струја во Запорожје

Во напад со руски беспилотни летала врз Боходухив во Харковската област загинаа три мали деца и еден маж, додека нападите...

Свет19 часа

Трамп ѝ дава на Европа контрола врз три клучни бази на НАТО

Доналд Трамп им ја предаде контролата врз три клучни командни центри на НАТО на европските нации во историско реконструкција во...

Свет21 час

Ученик за пукањето во училиштето во Канада: Ја забарикадиравме вратата со клупи

Дариан Квист, матурант во средното училиште Тамблер Риџ, ги опиша моментите од пукањето во неговото училиште за CBC. Тој рече...

Свет21 час

(Видео) „Брзата реакција на полицијата спречи поголема трагедија во училиштето“

Премиерот на Британска Колумбија, Дејвид Иби, се обрати до јавноста во врска со нападот. „Ова е ужасна и незамислива трагедија“,...

Свет21 час

Канадскиот премиер: Шокиран сум од овој ужасен напад

Канадскиот премиер Марк Карни го нарече пукањето во Тамблер Риџ, Британска Колумбија, „ужасно“, велејќи дека е шокиран од нападот и...

Свет22 часа

(Видео) Масакр во Канада:10 лица убиени, најмалку 25 повредени во училишта и домови

Десет лица, вклучувајќи го и осомничениот напаѓач, се пронајдени мртви по пукање во град во североисточната канадска покраина Британска Колумбија,...

Македонија1 ден

Силен земјотрес почувствуван во Македонија

Силен земјотрес беше почувствуван вечерва во 22:05 часот во Македонија. Според информациите на ЕМСЦ, потресот бил регистриран во Косово, на...

Македонија1 ден

Владата најави вонредни контроли на фирмите за медицински канабис

Владата на 149-тата седница одлучи да ги задолжи надлежните институции да спроведат вонредни контроли на сите фирми што имаат одобрение за...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски и Тошковски ги покажаа 40 тони запленета марихуана: „Никој не е над законот“

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, и премиерот, Христијан Мицкоски, дадоа изјава пред просториите во МВР во кои се сместени...

Македонија2 дена

Превентивно повлечени одредени серии „Аптамил“ формули за доенчиња, соопшти АХВ

Агенцијата за храна и ветеринарство информира дека, врз основа на информации добиени преку европскиот Систем за брзо предупредување за храна...