Македонија
(Видео) Димовски: Власта манипулира со пазарџиите со одложување на законот
Парламентарното мнозинство на чело со СДСМ, денеска уште еднаш покажа дека нема слух за проблемите и потребите на граѓаните. На денешната седница на Собранието беше одбиен предлог-законот за трговија на зелени пазари што го поднесоа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, изјави Љупчо Димовски, пратеник од колицијата „За подобра Македонија“.
Според него, овој закон, што СДСМ експресно го одби, предвидува престанок на важењето на штетниот закон за трговија на зелени пазари што го донесе СДСМ, без присуство на опозицијата.
„Свесни за штетниот закон што го донесоа, СДСМ во пресрет на изборите одлучи да поднесе закон со кој се предвидува одложување на стапувањето во сила на законот по изборите. СДСМ, наместо да им го реши проблемот на пазарџиите, само го одложува. Со штетниот закон на СДСМ се воведуваат казни од 1.500 до 2.000 евра и се бркаат пензионерите и хонорарците од зелените пазари. Законот што го донесе СДСМ директно ќе удри на најмалку 20.000 граѓани што егзистираат продавајќи на зелените пазари.
Власта мора веднаш да престане со хајката врз луѓето од зелените пазари, казните со илјадници евра и понижувањето на оние што чесно работат. Овој штетен закон мора да се укине, а не да се одложува. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе бараат да се одржи и јавна расправа во рамките на Комисијата за економски прашања, на која би се изнеле разни ставови и решенија од страна на сите засегнати страни од овој штетн закон“, додаде тој.
Изјавата следува кога пратениците денеска изгласаа да се носи закон по скратена постапка за одложување на неговата примена за една година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Повторно во прекин сообраќајот на „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 17:00 часот повторно е во прекин, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
Во 15 часот повторно беше нормализиран, а сега повторно е затворен.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.
Македонија
Левица: Очекуваме власта утре да покаже доблест и да се појави на Анкетна комисија за Кочани
Во пресрет на утрешната седница на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, повторно апелираме до пратениците од владејачкото мнозинство и поканетите претставници од власта, да не измислуваат изговори и да се појават на седницата, велат од Левица.
„Повторуваме дека оваа седница е свикана по претставка на родителите на трагично загинатите деца од Кочани, а датумот е успгласен токму со нив, бидејќи единствено утре не е закажано судско рочиште за „Пулс”. Оттука, утре е единствен ден кога родителите би можеле конечно да се обратат од Собранието кон претставниците на институциите од кои зависат одговорноста и промената на системот“, велат од партијата.
Од Левица наведуваат дека три пати се обиделе да закажат седница за трагедијата во Кочани.
„Три пати беше блокирана со директна улога на спикерот Гаши и ДПМНЕ. Власта која не најде сила ниту за комеморативна седница во Собранието, сега нема никаков легитимен изговор да ја кочи расправата. Досегашните изјави на власта дека токму утре било предвидено да се започне расправата за Предлог-буџетот, наоѓајќи алиби за повторно избегнување на седницата, е несоодветен и невистинит. Буџетската расправа трае пет дена, што е повеќе од доволно за да се исцрпи целата дискусија, а рокот за донесување на Буџетот е најдоцна до 31 декември“, велат од Левица.
Од таму упатија апел утре да не се повтори уште еден институционален срам.
„Седницата мора да се одржи, без одлагања, празни изговори и политички калкулации. Родителите доаѓаат да го кажат она што државата со месеци одбива да го слушне. Од власта и државниот врв се очекува, најмалку, да се појават и да погледнат во очи луѓе кои бараат правда, одговорност и промена. Секое ново бегање и саботирање би било уште една навреда за семејствата, но и народот, како и уште еден чекор кон одржување на системот кој дозволува да се повторуваат трагедии“, се наведува во соопштението.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на ГП „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 15:00 часот е нормализиран во двата правци, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.

