Македонија
Алијансата за Албанците: ДУИ преку свои директори во ПИОМ ги оштетила граѓаните за 19 милиони евра
Парите од придонесите за пензиско осигурување на вработените што не се префрлени во вториот столб на пензиското осигурување, а најверојатно биле украдени од страна на функционери на ДУИ, кои 10 години управуваат со Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија како единствен надлежен орган за собирање пари за пензиски придонес, сведочи за алармот и постојаните реакции на Алијансата за Албанците дека оваа влада ја има за коалиционен партнер ДУИ, која тоне во корупција и организиран криминал, велат од Алијансата за Албанците.
Од таму обвинуваат дека ДУИ преку свои директори во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, кои раководеле со оваа институција повеќе од една деценија, ги оштетиле граѓаните за 19 милиони евра, пари наменети за вториот столб на пензиско осигурување.
„Последниот скандал за криминал и корупција на високи функционери на ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ е тој што го откри Министерството за труд и социјална политика во врска со злоупотребата на придонесите во пензискиот фонд на РМ за 12.000 вработени во јавниот и приватниот сектор во периодот 2007-2018 година. Ја потсетуваме јавноста дека во овој период со Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Република Македонија раководеле следните директори на ДУИ: Исни Јакупи, Беким Незири и актуелниот директор Шаип Зендели, заедно со нивните блиски соработници, кои што побргу треба да бидат изведени пред лицето на правдата и да ја добијат заслужената казна“, велат од Алијансата за Албанците.
Овој скандал, додаваат од партијата, кој е само еден од многуте досега неоткриени скандали, потврдува дека ДУИ веќе 16 години преку свои функционери ги краде своите граѓани, дури крадејќи им ги и нивните пензии, непростливо кривично дело кое не може да се толерира.
„Го прашуваме премиерот Зоран Заев, дали со овој коалициски партнер ќе ја зачлени земјава во ЕУ и НАТО и ќе ги исполни барањата на ЕУ кои стојат во извештајот за напредок од 2018 година, каде што главна точка е борбата против корупција?“, прашуваат од Алијансата за Албанците.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Никој во тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ не живее од плата туку на грбот на граѓаните, велат од СДСМ
„Антилогика – ЗНАМ го напаѓа СДСМ затоа што Максим Димитриевски призна дека не живее од плата.
Па СДСМ само ја објави вистината, не може да им бидеме криви ние за признанието на Максим.
Никој во тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ не живее од плата туку на грбот на граѓаните.
Тоа веќе сите го знаат“, велат од СДСМ.
Според опозициската партија, со ваквата политика, како што велат, сè да биде приватен бизнис на тендер коалицијата, веќе недостигаат две милијарди евра.
„Што се однесува на времето на ковид кризата државата се задолжуваше за да им помогне на граѓаните, бидејќи СДСМ и тогаш и сега, се грижи за граѓаните. За разлика од тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ кои се луксузираат на грбот на народот и вратат тендери.
Таков е примерот со тендерот од 1,2 милиони евра Пошта, за фирмата блиска до ЗНАМ. Додека вработените во Пошта со месеци им доцнат платите.
Работниците да гладуваат, а тие да живеат во луксуз. Така е составен и буџетот, само за нивните потреби“.
Македонија
Снег на Попова Шапка, магла на одредени патни правци, сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови,по претежно влажни коловози.
Врнежи од снег на Попова Шапка со задржување на коловоз од с.Лисец-Попов Шапка.
Намалена видливост поради појава на магла до 80 метри на патниот правец Штип – Неготино кај Серта, во Крушво до 50 метри, на планинскиот премин Стража до 100 метри и кај Маврово до 50 метри.
Сите патни правци во државата се проодни.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Утре променливо облачно и релативно топло
Времето утре ќе биде променливо облачно и релативно топло.
Претпладне ќе има слаб локален дожд, а по одделни котлини ќе има појава на магла. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има врнежи од дожд. На повисоките планини во северозападните делови врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови наместа повремено засилен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 5, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени.
Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Во наредните денови следува период на променливо време. Во недела претпладне ќе има локални врнежи од дожд, а на планините во северозападните делови од снег. Врнежи од дожд ќе има и во понеделник кои ќе бидат поинтензивни во југоисточните делови, а на планините ќе бидат од снег. Поради продор на постуден воздух врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и на некои од повисоките места. Потоа во следните два дена ќе се задржи претежно стабилно време, а нови врнежи повторно се очекуваат од четврток.

