Македонија
Поради магла намалена видливоста кај Попова Шапка и Стража
Намалена видливост поради магла до 100 метри има на Попова Шапка и 30 до 50 метри на планинскиот превој Стража, соопшти Авто-мото сојузот на Македонија.
Инаку, сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по претежно влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните служби на ЈП „Македонијапат“. Поради ниските температури можна е појава на голомразица, а снег врне на Попова Шапка, јавува АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони. На осојничавите места коловозите се влажни, па поради ниските температури, карактеристични за вечерните и утринските часови постои можност и од појава на голомразица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Родители на деца со попреченост утре ќе протестираат пред Собранието
Група родители на лица со попреченост утре во 11:55 часот пред Собранието ќе одржат мирен протест под мотото „Стоп за дискриминација и насилство врз лица со попреченост на работно место“.
Причина за протестот е регистриран случај на дискриминација, психичко и физичко насилство врз лице со Даунов синдром, вработено во јавна установа под надлежност на Град Скопје.
Родителите бараат од надлежните институции итна реакција, дисциплинска и кривична одговорност за сторителите, како и системски мерки за заштита на лицата со инвалидност во јавниот сектор.
„Настанот има за цел да ја потсети јавноста и институциите на обврските произлезени од Законот за вработување на инвалидни лица, со акцент на достоинствен третман, поддршка и инклузија“, велат родителите.
Македонија
Две сообраќајни несреќи и одрон на автопатот Скопје – Велес после патарината Сопот
На автопат Скопје – Велес после патарина Сопот пред тунелите на Башино село поради одрон на левата коловозна лента сообраќајот се одвива по десната коловозна лента се, и испратени служба од ПС за БПС Велес, извести АМСМ.
Во меѓу време на истото место случени се две сообраќајни незгоди со матријална штета повредени нема, сообраќајот се одвива по една коловозна лента, додаваат од АМСМ.
фото: архива
Македонија
Дел од Бутел денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, објектите на Дом за Малолетни Деликвенти. (општина Бутел)

