Свет
Премиерката на Нов Јужен Велс доби пакет со сомнителен бел прав

Службите за итни случаи се околу зградата на Владата на Нов Јужен Велс во централниот дел на Сиднеј поради потенцијален инцидент со токсични материи, пренесуваат австралиските медиуми.
Седум полициски тимови пристигнаа во канцелариите на на премиерката Гледис Берејиклиен на „Мартин плејс“, вклучувајќи и два тима за справување со опасни материи, пренесува „Дејли телеграф“.
Специјалните пожарникари за хемиски инциденти и полицијата присуствуваа во пребарувањето на канцелариите по откривањето на коверт адресиран до канцеларијата на премиерката со супстанција за која „9Њуз“ вели дека е ‘бел прав’.
Министерската канцеларија на премиерката Берејиклиен е во зградата, но имаше шпекулации и дека инцидентот се случил на различно ниво. Освен тоа, премиерката не била во зградата за време на инцидентот.
Екипите на ХАЗМАТ во моментот ја тестираа токсичноста на супстанцијата пред да ѝ ја предадат на полицијата и утврдија дека не станува збор за опасна материја, пренесува „10Дејли“. Истрагата е во тек.
Берејиклиен, лидерка на Кибералната партија во Нов Јужен Велс, стапи на функцијата во јануари 2017 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Трамп: Нема да го убиеме иранскиот лидер, барем не засега

Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави низа пораки на социјалните мрежи во врска со Иран, вклучувајќи една во која бара „безусловно предавање“
Во претходните објави, Трамп изјави дека САД сега имаат целосна контрола врз небото над Иран и тврдеше дека знае каде се наоѓа врховниот лидер Али Хамнеи.
„Нема да го убиеме, барем не засега“, напиша Трамп, сугерирајќи дека целта е позната, но дека тој во моментов не планира напад врз иранскиот лидер.
САД испраќаат повеќе борбени авиони на Блискиот Исток
САД распоредуваат повеќе борбени авиони на Блискиот Исток за да го зајакнат своето воено присуство во регионот, поради ескалацијата на војната меѓу Израел и Иран, објави Ројтерс, повикувајќи се на тројца американски претставници.
Еден од изворите рече дека авионите што се испраќаат вклучуваат Ф-16, Ф-22 и Ф-35.
Двајца други претставници нагласија дека ова е одбранбено распоредување, со оглед на тоа што авионите веќе се користат за соборување беспилотни летала и ракети.
Аксиос: Трамп сериозно размислува за напад врз иранските нуклеарни објекти
Американскиот претседател Доналд Трамп сериозно ја разгледува можноста за американски воен напад врз иранските нуклеарни објекти, вклучувајќи го и подземниот објект за збогатување ураниум во Фордоу, објави Аксиос, повикувајќи се на тројца американски претставници.
Според извештајот, Трамп ќе одржи состанок со својот тим за национална безбедност во 13 часот по локално време денес во таканаречената Соба за ситуации во Белата куќа, каде што се очекува да донесе одлука за политиката на САД кон војната меѓу Израел и Иран.
Свет
Иран со нов воздушен напад врз Израел

Иран вечерва, по локално време, започна нов бран ракетни напади врз Израел, објави иранската државна новинска агенција ИРНА.
Според нив, ракетите биле испукани од различни делови на земјата.
Засега нема дополнителни информации.
Свет
Мерц: Иранскиот режим е ослабен и веројатно нема да се врати на својата поранешна сила

Израелските напади го ослабнаа Иран, а иранскиот режим е малку веројатно да се врати на своето поранешно ниво на моќ, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц.
„Овој режим е многу ослабен и веројатно нема да се врати на својата поранешна сила, што ја прави иднината на земјата неизвесна. Ќе мора да почекаме и да видиме што ќе се случи“, изјави Мерц за германската телевизија Велт на самитот на Г7 во Канада денес.
Тој додаде дека доколку се појави нова тешка политичка ситуација, Германија, Франција и Велика Британија повторно ќе бидат подготвени да понудат дипломатска помош, како што правеа до минатата недела.