Свет
Штетата од пожарите во Калифорнија достигна 11 милијарди долари

Вкупната сума на барањата за исплата на отштета по пожарите што во ноември лани ја погодија Калифорнија достигна 11,4 милијарди долари.
Како што јавува „Асошиетед прес“, сè поголема е загриженоста дека во иднина осигурувањето на домовите во делови на оваа американска држава би можело да стане недостапно.
Повеќе од 8 милијарди долари се однесуваат на барања за отштета на жителите од гратчето Парадајс, на северот на Калифорнија, каде што беа уништени околу 15 илјади дома, а 86 лица загинаа.
Другите 3 милијарди долари се однесуваат на штетата што ја направија два пожара во јужна Калифорнија.
Пожарите во Калифорнија се сè поразорни, а нивната сезона е сè подолга поради климатските промени.
Во пожарите во 2017 година во виноградското подрачје на северот на Калифорнија и во делови на јужна Калифорнија штетата достигна 11,8 милијарди долари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Вклучувањето на Америка во војната во Иран би било ужасна спирала на ескалација, смета Кремљ

Техеран и Москва предупредија денеска против мешањето на САД во конфликтот во Иран, нагласувајќи дека тоа може да доведе до опасна ескалација.
Иранскиот заменик министер за надворешни работи ги предупреди САД да не интервенираат за да го поддржат својот сојузник Израел во неговата војна против Иран, додавајќи дека неговата земја е подготвена да се брани во случај на ескалација.
„Ако САД сакаат активно да интервенираат за поддршка на ционистичкиот режим, Иран ќе мора да ги искористи своите алатки за да им одржи лекција на агресорите и да ги брани својата национална безбедност и интереси“, изјави заменик-министерот за надворешни работи Казем Гарибабади, пренесе државната телевизија.
„Се разбира, нашите воени носители на одлуки ги имаат отворени сите потребни опции“, додаде тој.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека американската интервенција во конфликтот ќе означи „ужасна спирала на ескалација“, пренесе Интерфакс.
Американските медиуми јавуваат дека претседателот Доналд Трамп ги одобрил плановите за напад на Иран, но се’ уште не донел конечна одлука.
Во средата, на прашањето на новинарите за американското учество, Трамп рече: „Можеби ќе го сторам тоа, можеби нема“.
Свет
Кина повика на итен прекин на огнот: „Ова особено важи за Израел“

Kина ги повика сите страни на Блискиот Исток, особено Израел, веднаш да престанат со борбите, пренесе АФП.
Изјавата доаѓа во време кога продолжува размената на оган меѓу Иран и Израел, а американскиот претседател Доналд Трамп размислува за можното учество на САД во конфликтот.
Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Гуо Џиакун рече: „Кина силно ги повикува сите страни вклучени во конфликтот, особено Израел, да ги стават интересите на народот во регионот на прво место, веднаш да го прекинат огнот и да го прекинат конфликтот“.
Тој додаде дека Пекинг се противи на секој чин кој го нарушува суверенитетот, безбедноста и територијалниот интегритет на другите земји, како и употребата или заканата со сила во меѓународните односи.
Свет
Иран им се заканува на САД: Ако се вмешате, ќе им одржиме лекција на агресорите

Заменик-министерот за надворешни работи на Иран, Казем Гарибабади, издаде предупредување до САД, додека американскиот претседател Доналд Трамп размислува дали САД ќе се приклучат на израелските напади врз нуклеарните постројки на Иран.
„Доколку САД активно се вклучат во поддршката на Израел, Иран нема да има избор и ќе мора да ги искористи своите капацитети за да им одржи лекција на агресорите за да се одбранат“, рече Гарибабади, според иранските државни медиуми.
Тој препорача Вашингтон, ако не сака да ги запре израелските напади, барем да не се меша. Додаде дека воените команданти на Иран ги имаат сите опции на маса.