Контакт

Крвав четврток

И обвинителката Гешковска куртули за 27 април – 6 месеци ќе зема помала плата 

Објавено пред

Обвинителите Златко Биковски, Гордана Ѓешковска и Јован Цветановски куртулија од разрешување за несоодветно непостапување на 27 април во Собрнието. Петчлената дисциплинска комисија при Јавното обвинителство одлучи тие половина година да земаат само 30% помала плата поради тоа што биле пасивни и не ги презеле потребните истражни дејствија за настаните од крвавиот четврток во Собранието, дознава „Макфакс“.

dobivaj vesti na viber

Најстрогата казна во дисциплинската постапка е предлог за разрешување. Според нашите информации, критичниот ден не бил направен веднаш увид во Собранието и не биле собрани доказите, наводно поради безбедноста на обвинителите, а не бил свикан ниту колегиум во кој членуваат и виши обвинители.

Увидот бил направен следниот ден, в петок, на 28 април, од двајца обвинители, но дотогаш веќе биле изнесени компјутерските хард-дискови со снимките од законодавниот дом.

Дисциплинската комисија, која работи од средината на 2018 година, сослушала сведоци кои ги предложиле посочените тројца обвинители.  Државниот јавен обвинител Марко Зврлевски вечерта на 27 април свикал состанок на тројцата обвинители и заедно одлучиле да не постапат критичната вечер за организираниот напад на Собранието на 27 април. Зврлевски не може да биде дисциплиниран, зашто веќе не работи во Обвинителството.

Гешкоска, Биковски и Цветановски имаат право на жалба во рок од 8 дена до Советот на јавните обвинители. Предметот во јули 2017 година беше предаден на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција кое оформи предмет и чие судење е во тек.

Крвав четврток

Автомобил излета од патот кај Градско, тешко повредена 70-годишна жена

Објавено пред

Вчера на експресниот пат Дреново–Градско, во близина на приклучокот за автопатот Градско-Велес, автомобил со прилепски регистарски ознаки, управуван од М.А.(74) од Прилеп, излетал од коловозот.

dobivaj vesti na viber

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Љ.А.(70) од Прилеп, додека со телесни повреди се здобил возачот и другиот сопатник Ц.Б.(65) од Прилеп, констатирани во Општата болница во Велес

Извршен бил увид.

Прикажи повеќе...

Крвав четврток

Пресудата за 27 април е на 1056 страници, адвокатите се жалат на рокот

Објавено пред

Пресудата за 27 април кога се случи насилниот упад во Собранието е напишана на 1056 страници и веќе им се дели на дел од обвинетите, тврдат дел од адвокатите, кои коментираат дека максималниот рок за нејзиното изготвување е 60 дена, а дека таа е готова по повеќе од 90 дена, најверојатно поради обемноста.

dobivaj vesti na viber

Рокот за жалба е 15 дена, што според некои од адвокатите е прекраток период за да се прочита, да се анализира и да се состави квалитетна жалба.

Вкупно 211 години затворска казна добија 16 обвинети за крвавиот четврток.Поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков е осуден на 18 години затвор. Началникот Митко Пешов, началникот Душко Лазаров и Горан Ѓошевски Леви, полициски службеник и дел од обезбедувањето на експретседателот на Собранието Трајко Вељаноски се осудени на 15 години затворска казна. Игор Дурловски е ослободен од обвинението.

Оливер Поповски, полициски службеник, е осуден на 13 години затворска казна, Оливер Радулов на 10 години, Мунир Пепиќ, вработен во Агенција за разузнавање е осуден на 15 години затвор.

Абдуљфета Алими, член на обезбедувањето на Собранието е осуден на 7 години, Младен Додевски на 12 години, Јане Ченто на 15 години затворска казна, Горанче Анѓеловски на казна затвор од 12 години, Игор Југ на 12 години. Влатко Трајковски е осуден на казна затвор од 15 години, Вилјам Михајловски е осуден на затворска казна од 14 години, Никола Митревски Кољо е осуден на 15 години и Александар Василевски-Нинџа е осуден на затворска казна од 8 години.

По донесувањето на Законот за амнестијата на Собранието, 15 лица во овој случај беа помилувани и за нив беше прекината постапката. Меѓу нив беа и пратениците што ги отворија собраниските врати за да влезе толпата во законодавниот дом – Сашо Василевски и Крсто Мукоски, како и тројца од водачите на протестите „За заедничка Македонија“, Богдан Илиевски – Бетмен, режисерот Борис Дамовски и актерот Владо Јовановски.

Прикажи повеќе...

Крвав четврток

Поднесено обвинение против Јанакиески, Вељаноски, Ристовски и Атанасовски за организирање на упадот во Собранието

Објавено пред

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција денеска поднесе обвинение против ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, експретседателот на Собрание Трајко Вељаноски, ексминистерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски и поранешниот директор на УБК Владимир Атанасовски осомничени дека се организатори на упадот во Собранието на 27 април 2017 година.

dobivaj vesti na viber

На четворицата им се става на товар дека сториле кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

За експремиерот Никола Груевски, кој е во бегство во Будимпешта, и поранешениот вработен во УБК, Никола Бошкоски, кој е во бегство во Грција, постапката е запрена до нивно пронаоѓање.

„Наодите од истражната постапка укажуваат дека обвинетите на почетокот на 2017 година по неуспешните преговори за формирање Влада на Република Македонија, со намера да го загрозат уставниот поредок и безбедноста на земјата, подготвиле и реализирале план со акти на насилство да оневозможат мирно примопредавање на власта на новоформираното парламентарно мнозинство. За таа цел, обвинетите ги организирале и материјално ги поддржале масовните протести, најпрвин пред Државната изборна комисија, а потоа и протестите на движењето За заедничка Македонија што кулминираа со насилното влегување во Собранието на Република Македонија на 27 април 2017 година. Обвинетите, како организатори, ја вклучиле севкупната партиска структура и материјални средства за исполнување на целта, притоа овозможиле и континуирано намалување на бројот на полициски службеници за обезбедување на протестите и на зградата на Собранието“, соопштија од Обвинителството.

Критичниот ден организирале непречено влегување на народните маси во законодавниот дом, вклучувајќи патриотски здруженија и ангажирајќи лица за извршување насилство.

Во соопштението се наведува дека во седиште на политичка партија двајца од обвинетите континуирано го мобилизирале членството на партијата од Скопје и другите градови во одреден момент да извршат насилен упад во Собранието, знаејќи однапред дека објектот не е соодветно обезбеден и заштитен со полициски сили и дека пречките за влез во Собранието ќе бидат отстранети.

Во исто време, еден од осомничените, за кого постапката е прекината поради недостапност, со возило, сопственост на Управата за безбедност и котраразузнавање, во непосредна близина на Градската болница, спроти паркот Жена борец донел огнено оружје и панцирни елеци наменети за лица што протестираат и имаат искуство во ракување со оружје. Во текот на немирите еден од обвинетите, со цел да се прикријат трагите од извршеното кривично дело и да не се откријат регистрираните дејствија од насилниот упад и насилството извршено внатре во Собранието, дал наредба на две веќе обвинети лица од мониторинг собата во Собранието на Република Македонија да ги извадат хард-дисковите од собраниските камери. Со сите овие усогласени и поврзани дејствија и активности обвинетите предизвикале чувство на несигурност, загрозување и страв кај граѓаните, а притоа дел од пратениците и новинарите се здобиле со телесни повреди.

Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител до судија на претходна постапка достави предлог за продолжување на мерката куќен притвор за еден од обвинетите, додека за двајца обвинети предложи определената мерка притвор да биде заменета со мерка куќен притвор.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија25 минути

(Видео) Кузеска: Владата на Мицкоски склучила договор за надзор со ИРД Инженеринг, истата фирма за која велеа дека е епски криминал

Со фирмата ИРД Инженеринг, за која велеа дека е епски криминал и сомнителна, владата на Христијан Мицкоски склучила Договор за...

Свет1 час

(Видео) Десетици повредени по руски напад врз железничка станица во Украина

Руските сили ја нападнаа железничката станица во Сумската област на северот од Украина, а во нападот беше погоден и патнички...

Македонија2 часа

Мицкоски: СДСМ настапува со слоганот „се бориме за нашиот дом“, а заборавија дека до пред година дена управуваа со домот кому му ги уништија темелите

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на митингот во Битола во рамки на кампањата за локалните избори на 19 октомври која...

Македонија3 часа

(Видео) Петрушевски: СДС не може да има црвени линии, тоа е уште една лага како жицата од гитарата на Заев во која се колнеше

СДС не може да има црвени линии, тоа е уште една лага како жицата од гитарата на Заев во која...

Македонија3 часа

(Видео) Николовски: 90% лаги на Орце, од 30 каптални ветувања нема остварено ниту едно

Кандидатот за советник во Град Скопје од СДСМ, Емил Николовски, денеска на прес-конференција го критикуваше кандидатот за градоначалник на Град...

Свет3 часа

(Видео) Бурата Ејми предизвика бројни проблеми: илјадници без струја, откажани летови, затворени железнички линии

Сите осум кралски паркови во Лондон, вклучувајќи ги Хајд Парк и Ричмонд Парк, денеска се затворени поради силни ветрови предизвикани...

Регион3 часа

Трагедија во Хрватска: маж почина од убоди на стршлени додека сечел дрва за огрев

Додека сечел дрва во шума, 54-годишен маж бил нападнат од стршлени. И покрај брзата лекарска интервенција, починал на самото место....

Свет6 часа

Трамп му нареди на Израел „веднаш“ да престане со бомбардирањето на Газа, откако Хамас се согласи да ослободи заложници

Американскиот претседател, Доналд Трамп, му нареди на Израел „веднаш“ да престане со бомбардирањето на Газа, откако Хамас делумно го прифати...

Македонија20 часа

Мицкоски: Да не дозволиме СДСМ да биде влада во Македонија, зошто секогаш кога се власт се случуваат грешки како прифаќањето на бугарскиот ултиматум

На денешниот народен митинг во Новаци во рамките на изборната кампања за локалните избори 2025 година со слоган „Вистинскиот избор!...

Топ23 часа

Два случаи на семејно насилство во Скопје: Едниот напаѓач ја давел сопругата до бессознание, другиот ја тепал со боксови

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против две лица за семејно насилство. Едниот случај е во Ѓорче Петров, каде осомничениот...

Македонија1 ден

Чекањето автобуси што не доаѓаат во Бутел Шукова ќе го решава со БРТ: Овој систем ќе ја намали социјалната и економска отсеченост на бутелчани  

 „Бутел не е далеку од центарот, но е далеку од основните услови за достоен градски живот“, порача денес кандидатката за...

Топ1 ден

Наставник физички нападна ученик во основно училиште во Кисела Вода

Наставник физички нападнал ученик во основно училиште во Кисела Вода. Според информациите на МВР, вчера во 13:10 часот во СВР Скопје,...

Македонија1 ден

До 15 октомври сите дефекти на мрежата за централно греење ќе бидат остранети, објави Владата

По серија на ладни и топли проби на топлификацискиот систем настанаа нови пукнатини на два секундарни водови, по што одредени...

Македонија1 ден

Обвинителниот акт за пожарот во Кочани – одобрен во целост

Советот за оцена на обвинителен акт при Основниот кривичен суд Скопје во целост го одобри обвинението поврзано со пожарот во...

Македонија1 ден

Судскиот совет го разреши судијата Енвер Беџети, кој е на црната листа на САД

Судскиот совет го разреши судијата од Апелацискиот суд Скопје, Енвер Беџети, од функцијата. Инаку, тој во декември минатата година, заедно...

Македонија1 ден

Вработени во Општина Гази Баба организирале создавање и палење депонии, објави Арсовска

Општината Гази Баба и нејзиното јавно претпријатие се затекнати во незаконски активности кои директно ја загрозуваат животната средина и здравјето...

Свет1 ден

(Во живо) Последниот брод сè уште плови кон Газа, Израел објави забрана за влез

Последниот брод во меѓународната флотила за помош за Газа го продолжи своето патување рано утрово, според организаторите, откако околу 40...

Свет1 ден

Трамп: Ако продолжи блокадата на владата, ќе има отпуштања

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека федералните работници би можеле да бидат отпуштени, а проектите би можеле да бидат...

Европа1 ден

Прекинат воздушниот сообраќај на аеродромот во Минхен, забележани се дронови

Воздушниот сообраќај беше прекинат преку ноќ на аеродромот во Минхен поради прелет на дрон, чие потекло се истражува, изјави портпарол...

Европа2 дена

(Видео) Орбан: Посилни сме од Русија; Туск: Ми се допаѓа кога ги користи моите аргументи

Унгарскиот премиер Виктор Орбан повтори дека Европската Унија не треба да се плаши од Русија бидејќи е посилна од неа...