Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Ние сме против вработување заменик-директор за земјоделство и нови 30 советници
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ реагираа остро во однос на точката за поставување заменик-директор на Агенција за поттикнување за развој на земјоделството.
Пратеникот Зоран Илиоски од ВМРО-ДПМНЕ на дебатата упати критики до владејачката партија дека избираат заменик-директор наспроти ветувањата.
„Не ветивте дека ќе ја зголемувате администрацијата. Сега ќе си поставувате заменик-директори, сметководители и што ли уште не. Не го ветивте тоа, ама, ете, си го правите. Многу работи ветивте, но ништо не направивте“, рече Илиоски.
На Илиевски се надоврза и неговата колешка од ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска, која рече дека веднаш било набавено ново возило од 16 илјади евра и нов мебел за канцеларијата на заменикот.
„Во оваа Агенција ќе се вработат уште 30 нови административци. Парадоксално е ова што го правите“, рече пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ.
На дебатата збор зеде и Татјана Прентовиќ од СДСМ, која истакна дека Агенцијата има потреба од човечки капацитети.
„Агенцијата постоела 20 години, а не била видлива. Оваа Агенција требало да има човечки капацитети, има 70 советници, но тоа не доволно. Техничкиот потенцијал е намален и сметаме дека ова Агенција треба да ги зголеми капацитетите. Затоа, треба да ја направиме Агенцијата финкционална и да дава советодавни услуги за земјоделците“, рече Прентовиќ.
Измените на законот што го вклучуваат изборот на заменик-директорот се во процедура и ќе бидат донесени по скратена постапка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне со услови за слаб локален снег
Утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне и кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за слаб локален снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 0, а максималната ќе достигне од 3 до 11 степени.
Во Скопје, претпладне ќе биде сончево, попладне ќе има зголемување на облачноста. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Под влијание на студена воздушна маса во среда ќе дува засилен до силен северен ветер што ќе услови и дневната температура на повеќе места да остане под нула. Во четврток ќе дува умерен до засилен северен ветер, а во петок ветерот ќе го смени правецот во јужен и ќе има услови за слаб дожд и снег на планините. За време на викендот ќе биде претежно сончево со пораст на температурата.
Македонија
Новогодишни пакетчиња од Општина Битола за штитениците, децата од центарот за рехабилитација
Традиционално и годинавабеа доделени новогодишни пакетчиња од Општина Битола за штитениците- децата од ЈЗУ Центар за рехабилитација на патологија на вербалната комуникација-Битола.
Дедо Мраз предизвика радост кај децата, а од името на Општина Битола празниците им ги честиташе секретарот на општината Борче Димитровски.
Во овој Центар кој работи со деца со посебни потреби денеска беше предновогодишно весело.
Македонија
Втора вечер од „Новогодишна приказна“ во Кисела Вода: Либеро Бенд, Антониа Гиговска и Оле Поцкова во парк Шопен
По успешниот старт на „Новогодишната приказна“, која вчера ја исполни oпштина Кисела Вода со енергија и убаво расположение, вечерва во паркот „Шопен“ продолжува програмата наменета за сите генерации и вкусови, соопштија од општината.
Настанот е отворен за сите граѓани, а посетителите ќе имаат можност да уживаат и во празничниот амбиент со новогодишни куќарки, украси и содржини наменети за целото семејство.
Втората вечер започнува во 19 часот и ќе ја отвори Оле Поцкова од „Зевзекманија“ со монодрама. Потоа сцената, после 20 часот ќе им припадне на Либеро Бенд, а вечерта ќе ја заокружи настапот на Антониа Гиговска. Водител на настанот е Миро Кацаров. Општина Кисела Вода ги поканува сите граѓани да се приклучат на втората вечер од „Новогодишната приказна“ и да уживаат во празничниот амбиент со своите најблиски.

