Контакт

Соопштенија

(Видео) Арсовски: Кој ќе преземе одговорност за скандалот со ПИОМ, Царовска или Зењели?

Објавено пред

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, на прес-конференција праша кој ќе ја преземе одговорноста за скандалот со ПИОМ? Дали Мила Царовска или директорот на ПИОМ, Шаип Зењели?

dobivaj vesti na viber

„СДСМ, за да го покрие својот неуспех во делот на пензиите, односно за да го покрие намалувањето на пензиите изминатиов период, обелодени скандал за кој всушност се виновни самите тие заедно со ДУИ како коалиција. Кој ќе понесе одговорност за скандалот тежок десетици милиони евра?

Дали Мила Царовска ќе си даде оставка или директорот на ПИОМ, Шаип Зењели? Или, според нас, најдобро е и двајцата да си дадат оставки, а Јавното обвинителство да отвори случај и да ги сослуша и актуелниот директор на ПИОМ и министерката на СДСМ, Мила Царовска.

Дали Царовска се обиде да ги прелаже пензионерите за својот неуспех како министер и вината да ја префрли кај коалициониот партнер од Владата, ДУИ, и кај нивниот директор поставен Шаип Зењели?

Ова е голем скандал за кој е одговорна директно Владата. Главното прашање е дали има проневера, колкава е проневерата и кој ја извршил проневерата со парите од пензискиот фонд?

Овој скандал со проневера на парите од ПИОМ, кој го објави Царовска и кој во моментот е актуелен, мора да има завршница и некој од надлежните мора да преземе одговорност. Или Царовска или директорот Зењели.

Во обид да привлечат ситни политички поени и да си ја прикријат својата неспособноста, СДСМ и ДУИ сега треба да им испорачаат оставки на Царовска и Зењели и потоа да се реши случајот и да се објави кој од нив двајцата е виновен за овој скандал.

Е, поради сите овие вакви афери и криминали на власта, треба да има предвремени парламентарни избори на кои, конечно, оваа криминална транзициска Влада ќе падне и ќе замине во историјата, а сите предизвикувачи на криминал ќе заминат во затвор, каде што им е местото“, порача Арсовски.

Соопштенија

Како преку паметен избор на снабдувач со струја да заштедите и до 40 отсто на сметките?

Објавено пред

Во услови на либерализиран пазар на електрична енергија, компаниите имаат можност самостојно да изберат снабдувач и директно да влијаат врз своите трошоци за струја. Разликата не е симболична – во одредени случаи, заштедата може да достигне и до 40%.

dobivaj vesti na viber

Но, за да се разбере вистинската разлика, потребно е да се разгледа структурата на самата сметка.

 

Секоја сметка за електрична енергија ги содржи следните ставки: надоместок за потрошена електрична енергија, надоместок за дистрибуција на енергијата („мрежарина“), фиксен надомест за пристап до мрежата, ДДВ, комунална такса за јавно осветлување.

Важно е да се нагласи дека сите надоместоци поврзани со мрежата и останатите давачки се регулирани од страна на Регулаторната комисија за енергетика и се еднакви, без разлика кој е снабдувачот.

 

Разликата се создава кај главната ставка – трошокот за потрошената електрична енергија.

Од каде доаѓа разликата? Предноста на ЕДС, која е членка на PPC Group, најголемата енергетска компанија во Југоисточна Европа, во однос на другите снабдувачи лежи во големината, оптимизацијата и регионалната инфраструктура. ЕДС секојдневно купува значителни количини електрична енергија, што овозможува оптимален енергетски дијаграм на балансната група и пониски трошоци за балансирање. Благодарение на големото портфолио и ефикасното управување, трошоците за отстапување се сведени на минимум. Компаниите добиваат гарантирана цена, што овозможува финансиска стабилност и подобро планирање.

Во современото деловно окружување, струјата повеќе не е само оперативен трошок – таа е стратешка категорија.

Паметниот избор на снабдувач значи контрола врз трошоците, предвидливост и директна финансиска заштеда што може да се пренасочи кон инвестиции и развој. А, бројките покажуваат дека разликата не е мала – таа е мерлива и значајна.

 

ПР

Прикажи повеќе...

Соопштенија

БРАКО донираше 330 топли оброци за лица во социјален ризик

Објавено пред

Компанијата БРАКО реализираше хуманитарна донација од 330 топли оброци од работничката менза на фабриката, наменети за лица во социјален ризик во Велес и околината.

dobivaj vesti na viber

Оброците беа подготвени од велешкиот ресторан „Боем“, кој ја обезбедува исхраната за вработените во БРАКО.

Во рамки на заедничката акција, храната се преземаше преку Народната кујна на „Боем“, а за лицата кои живеат во подалечни места или немаат пристап до информации и социјални мрежи, активисти ја доставуваа директно до нивните домови.

Со оваа донација, БРАКО уште еднаш ја потврдува својата посветеност на општествената одговорност и поддршката на локалната заедница, со посебен фокус на солидарноста и грижата за најранливите категории граѓани.

Компанијата и во иднина ќе продолжи да поддржува иницијативи кои имаат реално и директно влијание врз подобрување на квалитетот на живот во заедницата.

(ПР текст)

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Таткото троши – ќерката плаќа: смена на улогите во новата реклама за картичката за деца на Халкбанк

Објавено пред

Замислете кога во одреден момент со парите би управувале децата. Тие да можат да одлучат што да се купи, а што не или колку може да се потроши за чоколади и за слатки. Тие да кажат дали овој месец ќе заштедат или ќе го потрошат целиот буџет.

dobivaj vesti na viber

Во ваква улога се најдоа познатиот македонски актер Сашко Коцев и неговата 9-годишна ќерка Јоана, на снимањето на рекламата за првата платежна картичка за деца на Халкбанк. Станува збор за иновативен производ, наменет за деца од 9 до 15 години, кој ним им овозможува да стекнат финансиски навики, додека родителите имаат целосна контрола на тоа каде и колку трошат нивните деца.

Рекламата за картичката Халки се случува во слаткарница. Таткото е возбуден и сака да нарача сè од менито, но за тоа мора да побара дозвола од ќерката. Таа, од друга страна, е смирена и рационална и не дозволува да се претера со нарачките, но и конзумирање на слатко. На крајот, ќерката ја плаќа сметката со својата Халки картичка.

„Целта на кампањата е на забавен начин, со доза хумор, да покажеме дека децата знаат да се однесуваат одговорно кон финансиите доколку им се дозволи и им се покаже како да го прават тоа. Практично, идејата за креирање на првата картичка за деца и тинејџери до 15 години во Македонија е токму тоа – да им помогне да научат како да располагаат со одредена сума пари, да го планираат неделниот или месечниот џепарлак и да стекнат навики за штедење. Секако, со помош и со контрола на родителите“, вели Маја Наумовска Савеска, директор на корпоративни и маркетинг комуникации во Халкбанк.

Mastercard Junior дебитната картичка овозможува низа поволности како повлекување готовина без надоместок од сите банкомати во Македонија и во странство, бесплатен трансфер на средства од сметката на родителот или старателот на сметката на детето. Исто така, родителот има можност за поставување лимити на платежната сметка на детето, блокирање на картичката преку електронско банкарство во случај на губење, СМС инфо без надоместок на мобилниот број на законскиот застапник/старател и можност за дигитализирање на картичката на Google Pay или Apple Pay.

Процедурата за аплицирање за картичката за деца е едноставна и може да се направи во сите филијали на Халкбанк, а сите апликации до крајот на март годинава се ослободени од трошоци за издавање на картичката.

 

(ПР)

Прикажи повеќе...

Најново

Топ4 минути

Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош

Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош. Од Министерството за...

Македонија2 часа

Се разгледува можност за евакуација на македонски граѓани од ОАЕ до Саудиска Арабија со автобуси

Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во соработка со властите на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и Кралството Саудиска...

Македонија5 часа

Наредена ексхумација на уште една жена, можна жртва на 25- годишникот од Малотино осомничен за сериски убиства

Во наредните денови ќе биде направена уште една ексхумација на жена за која постојат сомневања дека е жртва на 25-годишниот...

Македонија5 часа

Недвосмислено ги осудуваме сите напади врз нашите пријатели, велат од МНР и апелираат граѓаните да се воздржат од патувања во поширокиот регион на Блискиот Исток

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија соопшти дека со внимание и загриженост ги следи случувањата во поширокиот регион на...

Македонија7 часа

Минималната плата се зголемува за 1.667 денари

Минималната плата се зголемува за 1.667 денари на 26.046 денари нето плата, соопшти министерот за економија, Бесар Дурмиши. Бруто платата за...

Македонија7 часа

Договорите за корупција треба да бидат многу поскапи, потешки и понеисплатливи – антикорупционерите со обука за полицајците

Регионалната иницијатива против корупција (РАИ) денес   во Скопје организираше обука за претставници на полицијата и Министерството за внатрешни работи за проценка...

Македонија8 часа

Трендафилов: Пробуваат на мала врата да ја усогласат минималната плата за 1.600 денари, излегуваме повторно на улица

Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, денеска ја напушти седницата на Економско – социјалниот совет, на која...

Македонија8 часа

Засега нема услови за евакуација на македонските државјани од ОАЕ и Катар, се разгледуваат алтернативи за државјаните во Израел

Повеќе од 400 македонски државјани се обратиле до дипломатско-конзуларните претставништва со барање за информации околу можноста за евакуација, додека околу...

Македонија9 часа

По речиси една година од пожарот во „Пулс“, семејствата ќе ги добијат личните предмети на настраданите – телефони, обувки, накит

Одделението за внатрешни работи Кочани информира дека, во врска со трагичниот настан – пожарот во клубот „Пулс“ на 16 март,...

Македонија9 часа

Левица поднесе кривична пријава против поранешната антикорупционерка Цвета Ристовска

Левица поднесе кривична пријава против поранешната членка на Антикорупциска комисија Цвета Ристовка поради сторено кривично дело Противправно стекнување и прикривање...

Македонија9 часа

Ахмети со поддршка на САД: Нападите и дестабилизирачките акти на Иран не служат никому

Во овие времиња на предизвици за меѓународниот поредок и безбедност, нашата позиција е јасна и непоколеблива: целосна солидарност со Соединетите...

Македонија9 часа

Мицкоски во разговор со претседателот на ОАЕ: Нашите институции се целосно мобилизирани за навремена помош на македонските државјани

Институциите на државата се целосно мобилизирани и внимателно ја следат состојбата, со подготвеност за навремена помош, поддршка и евентуална асистенција...

Свет13 часа

(Видео) Нови ирански напади: експлозии и сирени во Доха, Кувајт, Дубаи, Абу Даби

Иран денес започна голем ракетен и беспилотен напад врз неколку градови во Заливот, вклучувајќи ги Доха, Кувајт, Дубаи, Абу Даби...

Свет13 часа

(Видео) Војна меѓу Израел и Хезболах: Бејрут гори, луѓето масовно бегаат, се појавија снимки

Израел утрово изврши тешки воздушни напади врз јужните предградија на Бејрут, кои се контролирани од Хезболах, откако групата поддржана од...

Свет14 часа

(Видео) Иран објави снимка од тунел полн со дронови

Иран објави пропагандно видео за кое тврди дека прикажува подземни тунели на Револуционерната гарда полни со дронови и друго оружје...

Свет14 часа

(Видео) САД: Нападите продолжуваат

Централната команда на САД објави кратко видео за Икс со снимки од „Операцијата Епски гнев“. U.S. forces are taking bold...

Европа14 часа

(Видео) Експлозија во британска база во Акротири, Кипар, се сомневаат на напад со дрон

Британското Министерство за одбрана соопшти дека реагира на „напад со беспилотни летала“ врз неговата воена база на Кипар. Експлозијата се...

Свет14 часа

(Видео) Хезболах го нападна Израел за прв пат од прекинот на огнот во 2024 година

Либанскиот Хезболах потврди дека ноќеска истрелал ракети во северен Израел, први откако во ноември 2024 година стапи на сила прекинот...

Свет20 часа

(Видео) Ново обраќање на Трамп: Веројатно ќе умрат повеќе наши војници, тоа е така

Американскиот претседател Доналд Трамп денес вети дека ќе се одмазди за смртта на тројцата американски војници убиени во конфликтот со...

Свет20 часа

(Видео) Британскиот премиер: Ги ставаме нашите бази на располагање на Американците

Велика Британија го прифати барањето од Соединетите Американски Држави да користи британски воени бази за напади врз ирански ракетни објекти,...