Бизарно
Поради нарушена исхрана, имаше помалку од 30 килограми, а сега ја покажа неверојатната промена
Една млада жена со нарушена исхрана опасна за животот ја открива својата трансформација.
Ени Виндли пет години живеела на диета со еден тост со џем секој ден и имала само 29 килограми. Со текот на годините 21-годишната девојка била во болница дури пет пати, но таа успеала да го надмине нарушувањето кога една ноќ ѝ се јавила желба за слатко и изела чоколатце „линд“.
Потоа сфатила дека тоа не влијаело врз нејзината тежина и постепено почнала да губи страв од храна и почнала да ја зема нормално. Таа сега има 45 килограми и првпат зборува за борбата со анорексијата, пишува „Дејли стар“.
„Не беше нормално што мислев дека ќе се здебелам ако изедам коцка чоколадо, но тој ден сфатив дека јадењето не е толку страшно колку што си замислував“.
Ени од Дербишир открива дека не можела да биде во просторија со храна и таа само сакала да биде сè помала и помала. Денес, кога ги гледа овие фотографии, ѝ изгледаат страшно.
Нарушувањето ѝ беше дијагностицирано во 2012 година, а поради тежината, ја исмеваа на училиште. Таа вели дека закрепнувањето воопшто не било лесно, но се труди да живее нормално.
Во октомври 2017 година таа се натера себеси да се бори со своето растројство, почна да вежба и здраво да се храни. Жали што не побарала помош порано бидејќи изгубила многу можности – како што се студирање или патување.
Училиштето го завршила со одличен успех, но враќањето во образованието денес ѝ се чини многу тешко.
„Сега се чувствувам подобро, но тоа е нешто што сè уште влијае на мене ментално“, вели таа.
„Имам момче и нови пријатели, кои ми помогнаа, па не сум осамена како што бев“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Бизарно
Брус Ли се врати во Мостар – полицијата успеа да ја пронајде украдната статуа
Украдената статуа на легендарниот актер и мајстор за боречки вештини Брус Ли, која беше поставена во големиот градски парк во Мостар во 2005 година, беше пронајдена од полицијата, а злосторникот што ја украл и сокрил е уапсен.
Статуата исчезна од паркот во Мостар на 3 март, а како што утврдила полицијата, статуата била одвоена од постаментот со пила и украдена. Потоа се преземени сите истражни мерки за пронаоѓање на статуата и изведување на сторителот пред лицето на правдата.
Настанот предизвика бројни осуди, критики, коментари и бура од реакции, бидејќи статуата во најголемиот град во Херцеговина стана своевидна атракција.
Автор на бронзената статуа на Брус Ли е загрепскиот академски скулптор Иван Фијолиќ, а споменикот во неколку наврати беше мета на вандали кои неколкупати го оштетуваа, па градските власти претходно го отстранија поради санација и доработка.
Бизарно
(Видео) Мона Лиза посипана со супа: Две жени го нападнаа познатото ремек дело во Лувр
На снимката се гледаат две демонстрантки како се прикрадуваат под бариерите заштитувајќи го ремек-делото на Леонардо да Винчи пред да ја потурат сликата со супа.
Потоа и двете ги соблекле јакните за да откријат бели маици на кои со големи црни букви беше испишано „Riposte Alimentaire“ – што значи „Одговор на храната“.
Сликата се наоѓа во музејот Лувр во Париз.
Демонстрантите, наводно, барале право на „здрава и одржлива храна“.
Ова не е прв пат Мона Лиза да биде мета на климатски активисти – во мај 2022 година, демонстрантите фрлија торта врз неа.
Маж преправен во постара жена во инвалидска количка фрли торта врз непроценливото дело, пред да извика „мислете на планетата!“ додека беше придружуван надвор од зградата.
Се обидел да го скрши и заштитното стакло пред сликата, но не успеал.
ALERTE – Des militantes pour le climat jettent de la soupe sur le tableau de La Joconde au musée du Louvre. @CLPRESSFR pic.twitter.com/Aa7gavRRc4
— CLPRESS / Agence de presse (@CLPRESSFR) January 28, 2024
Бизарно
УФЦ шампион донел девојка дома да ја вери, па дознал дека веќе е омажена
Навистина бизарна ситуација му се случила на актуелниот шампион на УФЦ во полутешка категорија, Алекс Переира. Тој тврди дека неговата поранешна свршеница Мерл Кристин во текот на целата врска криела дека веќе била мажена за друг маж!
Се чинеше дека на Переира му цветаат рози на сите полиња. Тој е непобедлив во октагонот, а одлично му оди и на љубовен план… Беше во долгогодишна врска со избраничката Мерл Кристин и планираше да се венчаат, но потоа откри дека неговата саканата водела двоен живот.
Кристин била во брак додека била во врска со познатиот борец. Барем така тврди Переира.