Економија
Сугарески: Следната недела ќе распишеме јавен повик за 37 социјални станови во Струмица
Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, најави дека во текот на следната недела Министерството ќе распише јавен повик за распределба на 37 станови за најранливите групи граѓани во Струмица.
„Владата посветува особено внимание на ранливите категории граѓани и заеднички работиме и правиме сѐ што е во рамките на нашите можности и надлежности за да им обезбедиме подобар живот. Во согласност со критериумите, на јавниот повик ќе може да се јават само социјално загрозени лица, и тоа: деца без родители, корисници на социјална помош, лица погодени од елементарни непогоди, инвалидни лица, самохрани родители со малолетни деца, слепи лица корисници на социјална помош и припадници на ромската заедница, кои се социјално загрозени. Огласот ќе трае 30 дена, а сите документи ќе може да се достават до Центарот за социјални работи во Струмица“, изјави Сугарески.

Директорот на АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката, Кристијан Трајковски, истакна дека зградата ги задоволува сите енергетски стандарди и најави дека во тек се повеќе проекти од овој тип.
„Очекуваме во многу бргу да биде ставена во употреба и зградата во Гостивар, а исто така веќе имаме почнато и со постапка за избор на изведувач на зграда со 312 стана во општина Бутел. Очекуваме на почетокот на февруари договорот да биде потпишан и да почне изградбата.
Паралелно работиме на подготовка за проектирање вакви згради на 5 локации во Македонија, а во постапка за избор на изведувач се и проектите за изградба на социјални станови во Пробишип и Неготино“, изјави директорот на АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката, Кристијан Трајковски.
Градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски, нагласи дека Општината е партнер на сите проекти што ги реализира Владата.
„Покрај оваа зграда наменета за социјално ранливи категории граѓани, која е изградена од страна на државата, работиме и на неколку други проекти со кои имаме цел да им го подобриме животот на нашите граѓани, како што се изградбата на градинки, канализациски и водоводни системи и слични проекти“, изјави градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски.
Досега во земјата изградени се 17 станбени згради со вкупно 772 социјални стана наменети за ранливите категории граѓани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Електродистрибуција го имплементира најновиот систем SIEMENS SCADA за дигитално управување со мрежа – Скопје
Во финална фаза на имплементација е најновиот SIEMENS SCADA систем за дигитално управување со среднонапонска и високонапонска мрежа, со што значително ќе се унапреди дигиталната трансформација и системите за далечинско управување и мониторинг, соопштија од компанијата.
Со помош на најновиот SCADA систем, како што е појаснето, ќе се оствари меѓусебно поврзување на диспечерските центри на ЕВН и МЕПСО со цел поквалитетно водење на целата електроенергетска мрежа во државата.
„Со инвестиција од еден милион евра, најсовремениот SCADA систем овозможува повисоко ниво на автоматизација, сигурност и оперативна контрола, што претставува клучен предуслов за ефикасна енергетска транзиција и поголема диверзификација на изворите на електрична енергија во земјата. Системот има особено значење во периоди кога сѐ поголем број фотонапонски централи се приклучуваат на дистрибутивната мрежа. Досега се регистрирани 2.963 нови приклучоци од обновливи извори, со вкупна инсталирана моќност од 860 MW, што во одредени ситуации може да претставува предизвик за стабилноста на енергетскиот систем. Со ваквите инвестиции во дигитализација на клучните процеси, Електродистрибуција обезбедува поквалитетни, доверливи и поефикасни услуги за своите корисници и ја зацврстува сигурноста и ефикасноста на мрежата, потврдувајќи ја својата заложба за модерна, транспарентна и дигитална енергетска инфраструктура“.
Економија
Божиновска меѓу енергетските лидери на P-TEC форумот во Атина: фокус на новата трансатлантска соработка
Во Атина денес официјално започна Шестото партнерство за трансатлантска енергетска соработка (P-TEC)– глобален форум што ги обединува енергетските министри од 25 земји од Европа и Северна Америка, посветен на унапредување на енергетската безбедност и стратешките инфраструктурни проекти.
По покана од американскиот секретар за енергетика Крис Рајт и грчкиот министер за енергетика Ставрос Папастравру, министерката Божиновска присуствуваше на свеченото отворање на форумот и потпишувањето на новиот договор за соработка меѓу САД и Грција.
Форумот, кој ги обединува енергетските министри од 25 земји од Европа и Северна Америка, претставува водечка платформа за дијалог за енергетската безбедност, диверзификацијата на изворите и стратешките инвестиции во регионот.
На настанот беше потпишан стратешки енергетски договор меѓу ExxonMobil, Energean и Helleniq Energy, кој предвидува 60% инвестициски удел во истражувањето на гасното подрачје „Block 2“во Јонското Море, северозападно од Крф.
Со овој потег, САД и Грција ја отворија новата фаза на билатерална енергетска соработка, вредна меѓу 50 и 100 милиони долари, насочена кон засилување на регионалната безбедност и диверзификација на европскиот пазар.
Во своето обраќање, грчкиот министер за енергетика Папастравру ја спомена Северна Македонија како пример за успешна и стабилна регионална соработка, истакнувајќи дека заедничките енергетски проекти со Македонија се модел за доверба и интеграција во југоисточна Европа.
Вчера вечер, министерката Божиновска по посебна покана на новоименуваната амбасадорка на Соединетите Американски Држави во Атина, Кимберли Гилфојл, присуствуваше и на приемот во чест на американскиот секретар за енергетика Крис Рајт и секретарот за внатрешна безбедност Даг Бургам, организиран во Амбасадата на САД во Атина.
Настанот беше од висок дипломатски карактер, на кој присуствуваа американската делегација, европски министри и претставници на водечки енергетски компании, со цел зајакнување на трансатлантското партнерство и инвестициите во чиста енергија и инфраструктура.
Форумот P-TEC, кој се одржува во Zappeion Megaron, оваа година собра над 400 високи претставници од 25 држави, и потврди дека енергетската соработка меѓу Европа и САД станува стратешка оска на стабилност и развој во регионот.
Присуството на Македонија на вакви форуми е потврда дека нашата земја се движи рамноправно со европските и трансатлантските партнери во новата енергетска ера, соопштија од министерството.
Економија
Бизнис-форумот Грција – Северна Македонија ги поттикнува економските врски
Повеќе од 60 компании од Грција и од Северна Македонија се собраа денес во Стопанската комора на Северна Македонија на бизнис-форум на високо ниво наменет за продлабочување на економската соработка. Настанот, коорганизиран од грчката амбасада во Скопје и од Стопанската комора на Северна Македонија, овозможи повеќе од 200 B2B (бизнис-до-бизнис) средби.
Форумот го отворија Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Северна Македонија, и Софија Филипиду, амбасадорка на Грција. Во своето воведно обраќање амбасадорката Филипиду нагласи дека овој форум претставува извонреден пример за тоа како две соседни земји, кои имаат толку многу заедничко, може да ги развиваат и продлабочуваат економските врски во корист на двете економии.
Високата посетеност и значајниот број на денешните B2B средби јасно укажуваат на интересот да се премине од дискусија кон конкретни акции.
Делегацијата ја сочинуваа високи претставници од Атинската стопанска и индустриска комора (ACCI), Хеленската федерација на претпријатијата (SEV), Асоцијацијата на грчките извозници (SEVE) и Enterprise Greece. Грчките компании што учествуваа на форумот претставуваа клучни економски сектори, меѓу кои градежништво и градежни материјали, енергетика, фармацевтски производи, храна и информатичка технологија.

