Македонија
(Видео) Курц: Македонија и Грција ја донесоа најдобрата вест за Европа
Австрискиот канцелар, Себастијан Курц, на денешната средба со премиерот Зоран Заев во Виена рече дека преспанскиот договор е најдобрата вест за регионот, но и за цела Европа.
Како што соопштија од Владата, Заев и Курц се согласиле дека „Република Македонија, односно наскоро Република Северна Македонија и Република Австрија негуваат одлични билатерални односи и на политички и на економски план“.
Истовремено, канцеларот Курц посочил дека за Република Австрија од стратешки интерес е регионот на Западен Балкан што поскоро да се интегрира во Европската Унија.
По билатералната средба, Заев и Курц одржаа заедничка прес-конференција на која македонскиот премиер Заев посочи дека Австрија е еден од најголемите пријатели на Република Македонија и на економски план, бидејќи е еден од најголемите инвеститори.
Како што истакна Заев во земјава, во моментов работат 45 австриски компании.
Премиерот, исто така, рече дека Македонија во текот на следниот месец очекува да седне на 30-тото столче во НАТО, најсилниот политички и воен сојуз во светот, а најдоцна до средината на следната година да станеме и полноправна членка на ЕУ.
Курц на премиерот Заев му врачи медал „Алојз Мок“ за посебни достигнувања за мир и единство во Европа.
Алојз Мок, како што потенцираше канцеларот Курц, имал одлучувачка улога за пристапот на Австрија во Европската Унија, но и одиграл голема улога и за другите земји од источна Европа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

