Црна хроника
Тешко повреден пешак во Кавадарци, возачот избегал

Шеесет и шестгодишен пешак е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила вчера во Кавадарци.
Според информациите на МВР, несреќата се случила околу 13.30 часот на улицата Цано Поп Ристов кога Б.Г.(48) од Кавадарци со „лада караван“ со кавадаречки регистарски ознаки удрил во пешакот П.Т. (66) од Глишиќ, Кавадаречко, и избегал.
Од ударот пешакот добил тешки телесни повреди и му била укажана лекарска помош во болницата во Кавадарци. Увид на место извршила екипа од Полициската станица Кавадарци. Се работи на расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Осомничен во Македонски Брод приведен за притисок врз гласач

Педесетгодишниот Б.М. од село Брест, општина Македонски Брод, вчера беше приведен од страна на полициски службеници од ОВР Македонски Брод. Тој е осомничен дека повеќепати телефонски се заканувал на Г.А. (47) од Македонски Брод со цел да ја поддржи неговата листа за претстојните локални избори.
Според пријавата, последната закана се случила додека Г.А. го пријавувал случајот во полициска станица, а заканите биле слушнати од присутните полициски службеници.
За ова бил известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава против него.
Овој случај ја отвора сериозната тема за притисок врз гласачите и закани поврзани со изборната кампања, кои се строго санкционирани според законот.
Црна хроника
Повикан во полиција возачот на службеното возило што дивееше на „Партизанска“

Денеска полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со Б.Б., постапувајќи по објавеното видео кое беше објавено на социјалните мрежи на 09.10.2025 на кое се гледа како на бул.„Партизански одреди” управува службено возило „шкода” со скопски регистарски ознаки, при што користи уреди за посебни светлосни знаци и преминува преку две полни линии.
Против Б.Б. се преземени мерки по член 139 став 11 и 30 и став 5 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.
Црна хроника
(Видео) Филмски грабеж во златара во Гостивар: Полицијата уште трага по маскираните кои побегнаа со црн џип

Вчера во центарот на Гостивар се случила дрска разбојничка кражба во златара. Неколку вооружени и маскирани лица влегле во објектот, ограбиле значителна количина злато и пари, а потоа со црн џип побегнале во непознат правец.
Разбојниците, за да го отежнат движењето на полициските екипи, фрлиле бодликави жици на повеќе локации во центарот на градот.
„На 10.10.2025 година во 18:45 часот во СВР Тетово, В.П. од Гостивар пријавил дека четири маскирани лица со автоматско оружје извршиле разбојништво во златара во близина на малиот пазар во Гостивар, по што со патничко моторно возило БМВ без регистарски таблички побегнале.
– Веднаш е постапено по пријавата и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случајот, соопштуваат од СВР Тетово.