Македонија
„Екогерила“: Загадениот воздух се враќа во Тетово, неисчистени патишта, Општината троши пари на концерти
Движењето „Екогерила“ и движењето „Мајка и дете“ реагираат во врска со енормното и алармантно загадување на воздухот во последните 3-4 дена во Тетово, каде што нивото на честички ПM10 надминало речиси 4 пати над дозволената граница, со надминување од 195 µг/m3.
„Се чини дека Општина Тетово нема никаква идеја како да се намали нивото на загадување! Во текот на овој период Општина Тетово можеше да ангажира надворешни експерти за процена, идентификување и констатирање дека, освен ‘Југохром’ како најголем загадувач, кои се другите фактори и извори на загадување на воздухот и кои мерки треба да се преземат. Наместо да трошат пари за нови работни места, дури и со најоптоварената администрација во Македонија, за семинари, патувања, концерти, нетранспарентна финансиска помош, финансиите можеа да помогнат да се реши овој проблем со кој се соочува овој град“, се наведува во реакцијата.
Оттаму велат дека улиците во Тетово никогаш не биле повеќе неисчистени од снег. Освен главните улици, другите улици во градот не се допрени, а како што додаваат, како резултат на тоа има над 150 случаи на телесни повреди пријавени во Ургентниот центар.
„Ако не можете да се справите со овие проблеми, тогаш поднесете оставка. Иако побаравме транспарентност во финансиските извештаи за работата на Општината, градоначанкичката Арифи нè упати да ја посетиме веб-страницата на Министерството за финансии. Бараме Oпштината и градоначанкичката Арифи директно да комуницираат и да поднесуваат извештаи до граѓаните, без да ги збунуваат во лавиринтите на министерствата. Последните неколку дена се зборува за големи финансиски злоупотреби и нетранспарентност. Затоа, за да се избегнат можни погрешни толкувања, во корист на граѓаните и самата општина, бараме независна ревизија детаљно да ја согледа вистинската состојба, при што граѓаните на Тетово ќе бидат отворено информирани колкав е долгот на Општината, кому му должи, зошто должи и во кое време е направен долгот“, стои во реакцијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ноќеска повремени врнежи дожд насекаде
Управата за хидрометеорологија извести дека кон крајот на денот во крајните западни региони ќе има повремени врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се прошират насекаде. На повисоките планини на северозапад врнежите ќе бидат од снег. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.
Македонија
(Видео) Полицијата заплени 40 тони дрога: откриена неусоглесеност на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат
Министерството за внатрешни работи извести дека во тек е опсежна акција, во рамки на која е запленета голема количина на марихуана. Во правно лице во Скопје пронајдени се и одземени околу девет тони марихуана и над 1300 шишиња произведено масло од канабис (полупроизвод). Од правни лица пак од источниот регион, одземени се над 31 тон марихуана и биомаса.
Во координација со Царинската управа и надлежната Комисија за контрола на овој вид на дејност од Министерство за здравство извршени се контроли во повеќе правни лица чија основна дејност е одгледување зачински, ароматични и лековити растенија и растенија со употреба во фармацијата, а во координација со јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, се преземаат мерки и активности заради утврдување на фактите дали неодамна запленетата марихуана во Р.Србија потекнува од нашата држава.
„Со оглед на тоа дека едно од осомничените и приведени лица во Р.Србија е дел од сопственичката структура во правното лице од Скопје, извршени се детални проверки и контроли на количината која е затечена во правното лице и целосната документација која што е пронајдена во просториите на правното лице. Врз основа на пронајдената документација од страна на Комисијата од Министерството за здравство сочинет е записник, во кој се констатирани низа неправилности при работењето и голема неусогласеност во однос на количините кои правното лице ги поседува, произведува, набавува и отуѓува. Со оглед на констатираните неправилности и по доставено известување од надлежен Јавен обвинител, од просториите на правното лице е подигната целосната количина на пронајдена марихуана“, известија од МВР.
Полицијата извршила проверки во неколку правни лица во источниот регион каде исто така од надлежната комисија се утврдени неправилности и неусогласеност во однос на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат, по што е одземена затекнатата количина.
Министерството за внатрешни работи во координација со ОЈО ГОКК, каде е формиран посебен тим за овој и слични предмети, продолжува и во наредниот период со преземање на мерки и активности за целосно расчистување на овие случаи.
МВР по завршување на акцијата и по целосно расчистување на случаите детално ќе ја информира јавноста.
Македонија
Петнаесетгодишник претепан пред обложувачница во Скопје
Осумнаесетгодишник ноќеска претепал петнаесетгодишник пред обложувачница во Скопје, а настанот го пријавиле лекарите од Клинички центар.
„Утрово во 06:31 часот во Полициската станица Кисела Вода од Ургентен центар при комплекс клиники ’Мајка Тереза’ во
Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен 15-годишник од Скопје, кој претходно, според пријавеното околу 00:30 часот во обложувачница во Скопје бил физички нападнат од Л.В.(18)“, извести МВР.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

