Свет
Портпаролката на Белата куќа смета дека Бог сакал Трамп да стане претседател

Портпаролката на Белата куќа, Сузан Сандерс (36), во интервју за КБС изјави дека верува оти Бог ги повикува сите да си ги исполнат своите разноразни улоги, па, така, Бог сакал Трамп да ја води земјата.
„Мислам дека Бог нè повикува сите нас да исполнуваме разни улоги во разни периоди и мислам дека сакал Доналд Трамп да стане претседател и затоа тој е таму. Мислам дека тој направи одлична работа поддржувајќи многу нешта кои им се важни на верниците“, рече Сандерс.
Таа не кажа, а не беше ни прашана, дали Бог го избрал и претходниот претседател Барак Обама.
Сандерс исто така се осврна и на својот однос со медиумите и прес-конференциите во Белата куќа, кои станаа ретки истакнувајќи дека повеќето новинари само сакаат да подметнуваат.
Оградувајќи се дека не сака да генерализира, Сандерс рече дека меѓу новинарите гледа многу налутени лица и објасни „луѓе на кои единствената цел им е да ве фатат неподготвени“.
Портпаролката на Белата куќа од јули 2017 година, Сандерс, е ќерка на истакната личност во американската политика, Мајк Хакаби, баптистички свештеник и поранешен гувернер на Арканзас.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Иран истрела проектили кон Израел по американскиот напад

Војската на Израел објави дека два брана проектили биле истрелани кон Израел од Иран по американскиот напад во текот на ноќта врз клучните центри на иранската нуклеарна програма.
Сирените за воздушен напад се вклучија во Ерусалим и Тел Авив, а новинарите на „АФП“ објавија дека слушнале силни експлозии. Дописникот на „Би-Би-Си“ од Ерусалим, Хуго Бачега, јави дека над градот се слушнале повеќекратни детонации како резултат на активирањето на израелската противвоздушна одбрана.
„Армијата неодамна идентификуваше проектили лансирани од Иран кон територијата на Израел. Одбранбените системи се активираат за да се пресретне заканата“, објави ИДФ околу 6:30 часот по средноевропско време.
Околу половина час подоцна, армијата објави втор бран проектили, пред да биде укината тревогата. ИДФ ги повика граѓаните веднаш да се засолнат во заштитените подрачја и да останат таму до понатамошно известување.
Според израелските служби за итни случаи, најмалку 11 лица се повредени во нападите.
Нападите се случија неколку часа откако американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека американските сили извршиле напади врз три ирански нуклеарни постројки – Фордо, Натанц и Исфахан – и ги нарече „исклучително успешни“.
Како одговор, иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи рече дека Иран го задржува правото на сите форми на самоодбрана и предупреди дека невидените американски напади ќе имаат трајни последици.
Свет
Шефот на ОН: Американскиот напад може да доведе до катастрофални последици

Генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш, го прогласи американскиот напад врз Иран за „опасна ескалација во регион кој веќе е на работ“, нагласувајќи дека тоа е директна закана за меѓународниот мир и безбедност.
„Постои се поголем ризик овој конфликт брзо да излезе од контрола, со катастрофални последици за цивилите, регионот и светот“, рече Гутереш.
„Во овој опасен момент, клучно е да се избегне вител на хаос. Нема воено решение. Единствениот пат напред е дипломатијата. Единствената надеж е мирот“, нагласи функционерот.
Свет
Нема контаминација околу нуклеарните постројки што ги нападна САД, објави иранскиoт регулатор

Иранскиот надзорник за нуклеарна енергија извести дека нема траги од контаминација околу погодените објекти и дека нема опасност за жителите на околните области, пренесува Ројтерс.
Американските сили бомбардираа три ирански нуклеарни постројки во неделата рано наутро кои се целосно уништени, според американскиот претседател Доналд Трамп.
Иранските медиуми објавија дека по американските напади не се пронајдени траги на контаминација во областите околу нуклеарните постројки и дека нема опасност за жителите на околните градови, пренесе Ројтерс.
Не се откриени радиоактивни траги во околината на Саудиска Арабија и другите земји од Персискиот залив по американскиот напад врз иранските нуклеарни постројки, објави во неделата нуклеарната организација на Саудиска Арабија на платформата „Икс“.