Контакт

Македонија

Мицевски до Жбогар: Предвремени избори се единствениот начин да се спаси земјата од неработливоста на власта

Објавено пред

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието и член на ИК на партијата, Никола Мицевски, денеска оствари средба со амбасадорот на ЕУ во Република Македонија, Самуел Жбогар.

dobivaj vesti na viber

Како што информираат од опозициската партија, на состанокот се разговарало за реформските закони кои ѝ претстојат на Република Македонија во иднина, од областа на правосудството, подобрување на етичкиот кодекс и деловникот за работа на Собранието во состав на процесот „Жан Моне“.

Мицевски и Жбогар разговарале и за очекуваната посета на пратеници од европскиот парламент на крајот на февруари.

„Мицевски го запозна својот соговорник за забелешките на ВМРО-ДПМНЕ во однос на злоупотребата на европското знаменце при носење на законот за двојазичност во Собранието, високото ниво на корупција, кое е забележано и од меѓународни институции како Транспаренси, неработата на оваа влада, која се гледа и преку слабото ниво на реализација на капиталните инвестиции за 2018 година, но и за назадувањето на економијата во целост“, образложуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Мицевски го информирал Жбогар и за барањето на партијата за предвремени парламентарни избори заедно со претседателските, како единствен начин за разрешување на, како што рекол, хаосот во кој е втурнато општеството поради неработата на власта.

Македонија

Левица предлага инспекторат кој ќе казнува за непочитување на грбот знамето и химната: МВР реагира за сквернавење, но не влегува по канцеларии

Објавено пред

Партијата Левица оваа недела ќе поднесе предлог-закон за формирање инспекторат за употреба на грбот, знамето и химната на државата, како и знамињата на заедниците во земјава. Бараат да се формира инспекторат оти секојдневно сме сведоци на непочитување на државните симболи, особено за време на јавни прослави, спортски манифестации па дури и официјални церемонии. Симболите, Левица вели дека неправилно и дури навредливо се употребуваат или пак ги нема онаму каде што Законот пропишува дека треба да ги има. Решение гледаат во формирање инспекторат чии инспектори ќе можат да влезат и во канцелариите во кои ги има сите други знамиња од светот освен македонското.

dobivaj vesti na viber

„ МВР генерално реагира на сквернавење на државните симболи, но дали МВР влегува во канцелариите на градоначалниците каде што нема македонско знаме? Дали МВР влегува во канцеларии каде што имаме американско, француско, германско, сите знамиња на светот само не македонско знаме. Дали МВР реагира во тој случај? Не. Затоа треба инспекторат кој е ја следи доследната примена на оваа материја и затоа сметаме дека со ова само ќе се дополни и ќе го пополни правниот вакуум кој веќе постои“, вели пратеникот Амар Мециновиќ.

Формирањето на инспекторат за државните симболи, Мециновиќ смета дека е само пополнување на досегашниот правен вакуум.

„Веќе 27 години постои Закон за употреба на државното знаме и грб, но овој Закон нема орган кој го спроведува. Исто така постои Закон за знамињата на заедниците, и тој Закон пропишува глоби, но нема институција која ги изрекува тие глоби. Практично имаме мртво слово на хартија. Овој закон има за цел да го исполни тој правен вакуум. Со него се превидува формирање инспекторат во рамките на Министерството за правда со јасно дефинирани надлежности, процедура за инспекциски надзор и прекршочни мерки. Инспекторатот ќе има капацитет да врши надзор и над институции и над правни и физички лица, а ќе постои и можност граѓаните да поднесуваат инцијативи до него“, рече пратеникот Мециновиќ.

Предлог-законот за формирање инспекторат што ќе поднесат во Собранието од Левица сметаат дека е суштински бидејќи конечно дава механизам за спроведување на веќе постојните Закони и законска материја оти сега имаме законска материја за која нема инспекторат кој ќе го следи нејзиното имплементирање и ќе казнува.

Очекуваат широка поддршка од парламентарните групи затоа што не се работи за политики калкулации туку се работи за пополнување на вакуум и враќање на достоинството на државните симболи по долго време нивно непочитување.

„Симболите на една држава не се декоративни елементи, тие израз на суверенитетот, идентитетот и колективната меморија на граѓаните кои заедно ја чувствуваат. Овој закон треба да ја зацврсти правната сигурност и еднаквост на сите граѓани пред правниот поредок“, рече Мециновиќ.

Сегашното непочитување на државните симболи партијата Левица смета дека го нарушува достоинството на државата и граѓаните.

Прикажи повеќе...

Македонија

Градскиот парк личи на џунгла, велат од ЛДП

Објавено пред

Обраснати грмушки, неискосена трева, запуштени езерца, неискастрени дрвја и расфрлани отпадоци – ова е сликата која ги пречекува скопјани секој ден кога ќе одлучат да го посетат Градскиот парк во Скопје, велат од Градска организација ЛДП Скопје.

dobivaj vesti na viber

„Неспособноста не само на актуелната градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска, туку и на целото градско раководство, уште еднаш излегува на површина со несреќната состојба во која се наоѓа Градскиот парк во пролет, кога и е најпосетен.

Наместо простор за одмор и рекреација на граѓаните, од кои голем дел се родители со бебешки колички и мали деца, најголемиот парк во градот е оставен обраснат со треви и потсетува повеќе на џунгла, отколку на современ „градски парк“.

Градската организација ЛДП Скопје во континуитет потсетува и алармира на пропустите во работењето на актуелното градско раководство, без разлика дали станува збор за степенот на нехигиена, поморот на животни Зоолошката градина или севкупно, генералната состојба во која се наоѓа Скопје.

Неспособноста и неработењето на градското раководство во Скопје се аргумент плус во насока на предлогот за враќање на одредбата за референдумско отповикување на градоначалници, предлог кој Либерално-демократската партија активно го застапува преку јавни настапи и учества и организација на панел дискусии и трибини во повеќе градови во државата. Измените и дополнувањата на Законот за локална самоуправа, кои веќе се наоѓаат во собраниска процедура, предвидуваат воведување на механизмот за отповикување на градоначалник, по што веќе нема да има законски заштитени функционери, без одговорност и отчетност пред своите гласачи.

Го повикуваме Град Скопје и јавното претпријатие „Паркови и Зеленило“, како надлежни за одржувањето на Градскиот парк, во најбрз можен рок да го искосат обраснатото зеленило и да им овозможат пријатен и нормален престој на сите посетители во паркот“, се вели во соопштението на ЛДП.

Прикажи повеќе...

Македонија

За еден ден казнети 968 возачи

Објавено пред

Од

За еден ден, полицијата вчера казни 968 возачи и пешаци.

dobivaj vesti na viber

МВР информира дека во врска со засилените сообраќајни контроли за почитување на сообраќајните правила и прописи на патиштата низ државава, вчера биле  издадени 968 платни налози. Од нив, поради непочитување на пропишаната брзина на движење беа изречени 636 платни налози, а за неправилно паркирање 57. Санкционирани се и 29 прекршоци заради некористење сигурносен појас, а 11 за користење мобилен телефон.

Вчера се откриени и санкционирани и 81 лице поради непоседување возачка дозвола, а 27 возачи управувале возило под дејство на алкохол. Согласно пак одредбите од Законот за возила – четири возила се исклучени од сообраќај заради техничка неисправност, а 21 возило затоа тоа што не биле со валидна регистрација.

„Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните сите да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, велат од МВР.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија27 минути

Левица предлага инспекторат кој ќе казнува за непочитување на грбот знамето и химната: МВР реагира за сквернавење, но не влегува по канцеларии

Партијата Левица оваа недела ќе поднесе предлог-закон за формирање инспекторат за употреба на грбот, знамето и химната на државата, како...

Македонија1 час

Мицкоски: Државата беше во слободно паѓање, ни требаше стабилизација во оваа прва година

Премиерот, Христијан Мицкоски, на денешниот Самит 2025 во организација на „Македонија 2025“ истакна дека првиот ден од стапување на функцијата...

Економија1 час

Се зголемуваат цените на бензините, се намалува на дизелот

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија3 часа

СДСМ: Филипче нема никави инвестиции, ниту имот во ОАЕ

„ВМРО-ДПМНЕ во целосна безидејност продолжува да лаже иако претседателот на СДСМ, Венко Филипче јасно кажа дека не поседува никакви инвестиции...

Свет3 часа

Масовни апсења деца во Европа, планирале терористички напади врз концертни сали и верски објекти

Вештачката интелигенција, колку и да е корисна, е сè повеќе фактор во радикализацијата на младите луѓе, што го покажуваат случаите...

Свет3 часа

САД и Кина постигнаа договор

САД И Кина се согласија за значително намалување на царините за стоките меѓусебно за период од 90 дена, по разговорите...

Македонија6 часа

Независниот синдикат на полицијата најави протест: Основната плата не може да биде под минималната во државата

Независниот синдикат на полицијата денеска со почеток од 12.00 часот на раскрсницата Мавровка кај судовите ќе одржи полициски протест. „Полициската...

Европа6 часа

Захарова: Русија и Кина се борат да го зачуваат историското сеќавање на Втората светска војна

Русија и Кина се борат да го зачуваат историското сеќавање на херојските дела на своите народи во Втората светска војна,...

Свет7 часа

Трамп: На корумпираните демократи им пречи бесплатниот авион

Владата на американскиот претседател Доналд Трамп има намера да прифати авион „Боинг 747-8“ како подарок од катарското кралско семејство, кој...

Свет13 часа

Зеленски согласен в четврток во Истанбул да се сретне со Путин за крај на војната

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, е согласен в четврток во Истанбул да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин за...

Македонија14 часа

Предложен притвор за кичевецот кој утрово со секира си го уби таткото и тешко ја повреди мајка си

Основното јавно обвинителство Кичево поведе истражна постапка против кичевец осомничен за кривични дела убиство и обид за убиство. „При вршење...

Македонија15 часа

Невреме со град, дожд и грмотевици вечерва во Струмица: поплавени улици, паднати дрвја и делови од градот без струја

Откорнати дрвја, поплавени улици и делови од центарот без струја е билансот од невремето со град, дожд и грмежи вечерва...

Топ16 часа

Малолетничка на болничко лекување пријавила дека лекар од Клинички центар во тоалет ја допирал по телото

Вчеравечер во СВР Скопје малолетничка од Виничко, која била згрижена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, пријавила дека околу...

Свет19 часа

Прво обраќање на папата Лав XIV: Запрете ги сите војни

Папа Лав XIV повика глобалните лидери да престанат да водат војни во првиот поголем говор до верниците. “Јас исто така...

Македонија22 часа

(Видео) Кривична пријава за 23 – годишниот кривопаланчанец кој со автомобил влечеше куче

Против 23- годишникот кој со автомобил влечеше куче ќе биде поднесена кривична пријава за мачење животни. „На 10.05.2025 во 23.30...

Македонија22 часа

(Видео) Таравари е одлучен да се врати во прегратките на Али Амети и ДУИ, следната недела ќе имаме завршно пиење кафе, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека следната недела ќе има уште една, завршна средба со лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен...

Македонија1 ден

(Видео) СДСМ ја повика ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи законот за Кочани: Нема закон што ќе ја избрише тагата, но да покажеме дека сме тука за семејствата

Социјадемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) ја повика партијата ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи законот за Кочани.  Од СДСМ велат дека како...

Македонија1 ден

Уапсен кичевец, со секира ги нападнал родителите, таткото починал

Утрово полицијата во Кичево го уапси Е.А. (48) оти со секира ги нападнал родителите и си го убил таткото. „Околу...

Македонија1 ден

Кривична и притвор за Турчин поради обид за убиство во Скопје

Единицата за насилен криминал при СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава по брза постапка против У.Х. (35) од...

Македонија1 ден

Димитриевски од Охрид: Венко, за што ќе ја користиш златната виза од Дубаи, со една нога надвор не се станува водач

На средбата со граѓани, членови и симпатизери на Движење ЗНАМ за Наша Македонија во Охрид, претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски...