Економија
ФЗОМ: Лицата со повисоки примања немаат обврска да плаќаат придонес за здравствено осигурување на 100% основица на просечната плата
Согласно со Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, Фондот за здравствено осигурување на Македонија секоја година на почеток на месец февруари, ги објавува лимитите за остварени приходи поради потребата од пререгистрација/регистрација за лицата со ниски и повисоки примања, со цел да имаат континуитет во здравственото осигурување.
„Оваа година како и претходните години продолжува автоматската пререгистрација на оваа категорија на осигуреници и затоа сакаме да ги известиме лицата со ниски и повисоки примања, дека нема потреба да дојдат во подрачната служба на Фондот да се пререгистрираат, односно дека нивното здравствено осигурување автоматски ќе се продолжи, со исклучок на осигурениците кои имаат промена во однос на остварениот приход“, наведуваат од Фондот.
Од таму објаснуваат дека новите лимити за здравствено осигурување согласно нето-приход остварен во 2018 година изнесуваат:
До 145.980,00 денари – здравственото осигурување е на товар државата, односно Министерството за здравство плаќа придонес за здравствено осигурување;
Од 145.980,00 денари до 216.102,00 денари ако во последните два месеца оствариле вкупен приход помал од 24.330,00 денари – здравственото осигурување е на товар државата, односно Министерството за здравство плаќа придонес за здравствено осигурување;
Од 145.980,00 денари до 216.102,00 денари – здравственото осигурување го плаќа осигуреникот во износ од 50% на просечната плата односно, плаќа 1.333,00 денари месечно придонес;
Над 216.102,00 денари – здравственото осигурување го плаќа осигуреникот во износ од 50% на просечната плата односно плаќа 1.333,00 денари, месечно придонес.
Од Фондот напоменуваат дека како приходи на семејство се сметаат личните и приходите на членовите на носителот на здравственото осигурување (брачен другар, деца).
Со измените и дополнувања на Законот за придонеси од задложително социјално осигурување објавени во „Службен весник“ на РМ бр. 247 од 31.12.2018 година, лицата со повисоки примања нема да имаат повеќе обрска да плаќаат придонес за задолжително здравствено осигурување на 100% основица на просечната плата во Републиката објавена во јануари во тековната година туку основица за пресметка на придонес за задолжително здравствено осигурување за оваа категорија осигуреници е 50% од просечната плата во Републиката објавена во јануари во тековната година. Оваа законска поволност ќе ја користат 462 осигуреници.
Осигурени лица кои имаат решение да плаќаат придонес на 100% основица за пресметка и плаќање на придонес, а тоа е просечната плата во Републиката објавена во јануари во тековната година според податоците од Државниот завод за статистика, ќе се пререгистрираат по службена должност за што ќе добијат ново решение со кое осигуреникот ќе се презадолжи со новата основица со тоа што од 100 % истата ќе се намали на 50% основица за пресметка и плаќање на придонес од просечната плата. Притоа овие лица нема потреба да доаѓаат на шалтерите во подрачните служби на Фондот.
Лицата кои ќе поднесат ново барање за утврдување на својство на осигурено лице од 1 февруари 2019 година согласно член 5 став 2 од Законот за здравствено осигурување, односно во делот од образецот на барање БОЛ-Н во делот лица со повисоки примања ќе ја заокружат точката 2 ќе добијат решение со кое ќе се задолжат за уплата на придонес за здравствено осигурување на 50% основица од просечната плата.
На осигурениците на кои автоматски ќе им се продолжи здравственото осигурување и немаат промена во однос на лимитот на остварен приход, нема да добиваат нови решенија по пошта.
Лицата кои првпат поднеле пријава за здравствено осигурување во текот на месец јануари 2019 година потребно е да дојдат на шалтерите во Фондот повторно да се пријават од 01 февруари до 31 март 2019 година, согласно сегашните објавени законски лимити, бидејќи истите во однос на остварените приходи за 2018 година се зголемени, со цел да го остварат правото на здравствено осигурување.
Лицата кои имаат промена во висината на нето-приходите за минатата 2018 година, потребно е да дојдат во подрачните служби на Фондот од 1 февруари до 31 март оваа година и да донесат документи за нова пререгистрација.
Доколку се утврди дека осигуреното лице спаѓа во друга категорија со повисоки приходи, а не пријавило дека има приходи и користело здравствени услуги, Фондот по службена должност ќе донесе решение за престанок на својството на осигурено лице, со што му се укинуваат правата од задолжителното здравствено осигурување, освен правото на итна медицинска помош. Овие лица на кои нема да им се продолжи здравственото осигурување поради повисоки приходи од наведените лимити ќе треба да дојдат во подрачната служба да го регулираат своето здравствено осигурување.
За сите подетални информации поврзани со Проектот за регистрација/пререгистрација на невработените лица, осигурениците може да се обратат на бесплатната инфо/линија 080033222 или на мејлот: [email protected] како и на веб- страницата www.fzo.org.mk во делот на пререгистрација на лица со ниски примања.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Исплатени се 338.468.141 денари кон 9.567 овоштари
Извршена е исплата во износ од 338.468.141 денари кон 9.567 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Истата е реализирана согласно Мерка 1.6 – директни плаќања по обработлива површина за одржување на постоечки овошни насади, со што се обезбедува континуирана поддршка за одржување и унапредување на овоштарското производство.
Економија
Отворен Економскиот бизнис форум помеѓу Северна Македонија и Словачка
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Скопје, заедно со министерот за финансии на Словачката Република, Ладислав Каменицки, го отвори Економскиот бизнис форум помеѓу Република Северна Македонија и Словачката Република, на кој присуствуваа голем број домашни и словачки компании.
„Настанот, организиран од двете министерства со вклученост на повеќе економски институции, беше одлично посетен од претставници на стопанските комори и бизнис-заедницата. Присутните имаа можност за директни средби и вмрежување со словачките компании од секторите енергетика, градежништво, здравство и медицина, туризам, ИКТ, трговија и други услужни дејности“, соопштија од Министерството.
Во своето обраќање, министерот Муцунски истакна дека форумот претставува потврда не само на политичката блискост меѓу двете држави, туку и на заедничката верба во силата на економското партнерство.
„Економската дипломатија не е дополнување на надворешната политика – таа е нејзино јадро. Силните политички односи мора да бидат придружени со силни економски темели“, нагласи Муцунски, изразувајќи благодарност до словачките партнери и компании за нивното присуство, кое, како што посочи, претставува знак на доверба.
Тој истакна дека Северна Македонија нуди стабилност, отвореност и предвидливост како основа за инвестирање, при што континуираното усогласување со европското законодавство претставува заложба за транспарентност и правна сигурност. Посебно ги нагласи потенцијалите во автомобилската индустрија, производството на компоненти, ИКТ-секторот, обновливите извори на енергија и агробизнисот.
Министерот посочи дека достигнувањата на Словачка во автомобилското производство, иновациите и енергетската транзиција создаваат природна основа за продлабочување на партнерството преку заеднички инвестиции, интеграција на синџирите на снабдување и трансфер на технологии.
Во рамки на форумот беше потпишан и Меморандум за соработка меѓу Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Северна Македонија и словачката агенција SARIO, со што се отвора дополнителен простор за директна институционална соработка и заедничка промоција на економските потенцијали.
Муцунски истакна дека Владата останува цврсто посветена на поддршка на бизнис-заедницата преку дипломатската мрежа, институциите за промоција на инвестиции и механизмите за олеснување на трговијата, со цел идентификување нови можности и отстранување на административните пречки.
Форумот, како што беше оценето, претставува конкретен чекор кон продлабочување на економската соработка и создавање нови можности за инвестиции, иновации и одржлив раст во интерес на двете држави.
Економија
Компанијата Зегин и Фондацијата д-р Верица Механџиска со донација за погодените семејства од поплавите во Кичево
По поплавите во Кичево што доведоа до евакуација на околу 250 луѓе од 63 домаќинства, компанијата Зегин и Фондацијата д-р Верица Механџиска уште еднаш ја потврдија својата општествена одговорност преку донација на средства за лична хигиена за лицата кои се привремено згрижени во градската спортска сала „Христо Узунов“.

Пакетите, кои содржат основни производи за секојдневна хигиена, како и вода и храна се наменети за најзагрозените домаќинства со цел да им помогнат полесно да се справат со последиците од природната непогода.


Со оваа хуманитарна иницијатива, компанијата испраќа силна порака за солидарност и поддршка во моменти кога заедништвото е најпотребно, останувајќи доследна на својата општествено одговорна мисија.
(ПР)

