Македонија
Физичко лице ги оспори пред Уставен пи-мерките од новиот Закон за следење на комуникациите
На седницата на Уставниот суд закажана за 6 февруари идната недела како втора точка на дневен ред е ставена иницијатива за оценување на уставноста и законитоста на членот 17 од новиот Закон за следење на комуникациите, кој Собранието го донесе лани.
Портпаролката на Уставниот суд за „Макфакс“ рече дека не можела да дава повеќе детали за иницијативата пред седницата на Уставниот суд оти таков бил Деловникот на судот. Можела да одговара на новинарски прашања само кога седницата ќе завршела. Потврди дека иницијативата ја поднело физичко лице, кое го оспорува целиот член 17 од Законот за следење на комуникациите од аспект на заштита на човековите права.
Членот 17, кој има 8 става, се однесува на спроведување посебна истражна мерка со посебни технички уреди и опрема. Во членот пишува дека посебната истражна мерка може да се спроведе со помош на посебни технички уреди и опрема, кои овозможуваат спроведување на мерката, без посредство на ОТА и операторите.
Во членот 17 од Законот за следење на комуникациите пишува дека по добивање на судската наредба во која за спроведување на посебната истражна мерка се определени техничките уреди и опрема, овластеното лице од правосудната полиција, приложувајќи ја наредбата, ги презема техничките уреди и опремата од Основното јавно обвинителство и по завршување на времетраењето на спроведувањето на посебната истражна мерка, веднаш ги враќа во Обвинителството.
Уставниот суд ќе расправа и за одлуката за разрешување на претседателот и членовите на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен од 23 јули 2018 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Угинат балкански рис најден на патот Ресен – Охрид, постојат само 50-тина единки од овој вид
Угинат рис денеска е пронајден на патот Ресен – Охрид. Од Македонското еколошко друштво (МЕД) велат дека ваквиот случај не треба да нè остави рамнодушни, особено ако се земе предвид дека постојат уште само 50-ина единки на балканскиот рис.
„По дојава од Здружението на ловци „Преспа-Ресен“, денеска на терен констатиравме дека е угинат рис на патот Ресен-Охрид. Во тек е координирана акција со Министерството за животна средина и просторно планирање, Државниот инспекторат за животна средина, Агенцијата за храна и ветеринарство и Македонското еколошко друштво со цел земање примероци за анализа и транспортирање на угинатото животно на Факултетот за ветеринарна медицина при УКИМ – Скопје заради обдукција“, велат од МЕД.
Од таму велат дека за зачувување на загрозените видови потребно е да се изградат зелени мостови.
„Ваквите случаи не нè оставаат рамнодушни, особено ако се земе предвид дека постојат уште само 50-на единки на балканскиот рис. Истовремено, се јасен показател дека ако сакаме да ги зачуваме загрозените видови, мора да се планираат и градат зелени мостови преку кои животните ќе можат безбедно да се движат и да ги надминуваат пречките создадени од човекот“, велат од МЕД.
фото/Facebook/Македонско еколошко друштво

