Контакт

Вести

Вашингтон нерешителен во врска со резолуцијата на ОН за Блискиот исток

Објавено пред

Израел соопшти во неделата навечер дека се надева оти САД ќе ставата вето на каков и да е потег на Обединетите нации кој би се однесувал на носење рок за израелското повлекување од териториите на коишто Палестинците сакаат да ја формираат својата држава, а кои меѓународната заедница ги смета за окупирани по војната од 1967 година, меѓутоа неименуван висок американски функционер изјави дека за тоа е прерано да се зборува.
 

dobivaj vesti na viber

Израел соопшти во неделата навечер дека се надева оти САД ќе ставата вето на каков и да е потег на Обединетите нации кој би се однесувал на носење рок за израелското повлекување од териториите на коишто Палестинците сакаат да ја формираат својата држава, а кои меѓународната заедница ги смета за окупирани по војната од 1967 година, меѓутоа неименуван висок американски функционер изјави дека за тоа е прерано да се зборува.

 

Американскиот државен секретар Џон Кери во понеделник во Рим ќе се сретне со израелскиот премиер Бенјамин Нетанхају и ќе разговара за разните предлози коишто се однесуваат на палестинската држава. Потоа, Кери ќе замине за Париз каде што на истата тема ќе разговара со европските сојузници на САД, а потоа во Лондон ќе се сретне со главниот палестински преговарач Саеб Ерекат и со членовите на делегацијата на Арапската лига кои ќе го повикаат Вашингтон да не го користи правото на вето со коешто располага како постојана членка на Советот за безбедност на ОН, за да ги блокира предлозите за резолуцијата во врска со независна држава Палестина.

Палестинците имаат намера да ја прогласат својата држава која ќе опфаќа територии на окупираниот Западен брег (од реката Јордан), во енклавата Газа, а главен град да биде источен Ерусалим.

Организираните состаноци во многу кус временски период, според Reuters, укажуваат на итноста во американските настојувања од членките на Советот за безбедност на ОН да добијат нацрт на нов предлог пред одржувањето на предвремените парламентарни избори во Израел во март. Државниот секретар Кери во петокот изјави дека сака да ги ублажи напнатостите во текот на преговорите.

Нацрт резолуцијата за палестинската држава во којашто се бара до ноември 2016 година Израел „во целост да се повлече од областите окупирани во 1967 година“, неофицијални циркулира меѓу 15-те постојани и непостојани земји членки на Советот за безбедност на ОН на иницијатива на Јордан.

Франција, Велика Британија и Германија дискутираат за друг предлог, меѓутоа висока американски функционер за Reuters тврди дека меѓу претставниците на спомнатите земји нема консензус, како и дека од САД не е побарано да заземе став по тоа прашање. Париз веќе неколку седмици води консултации со Лондон и Берлин, како и со Вашингтон и со Аман, за да се договори компромисна верзија и можеби да се одреди рок за завршување на преговорите.

Компромисниот предлог би повикал на брзо продолжување на изралеско-палестинските мировни преговори, замрзнати од пролетва, врз основа на низа основни начела, како што е мирната кохабитација меѓу Израел и палестинската држава. Во втората фаза, според планот на Париз, се предвидува меѓународна конференција на којашто би била договорена рамката и би се поддржале тие преговори, со учество на арапските земји.

Западен дипломат за агенцијата вели дека Европејците се залагаа за резолуција којашто ќе биде донесена со консензус, со што би се овозможило носење на обрзувачки и неодреден временски рок, и тврди дека му се чини дека Американците во овој момент не се расположени за таквата можност. „Во овој момент постои можност, како и желбата на Европејците да се разгледаат опциите во Советот за безбедност“, изјави неименуван висок дипломат.

Меѓутоа, висок функционер на американскиот Стејт департмент тврди дека Вашингтон се’ уште не донел одлука за тоа дали резолуцијата на Советот за безбедност на ОН е вистинскиот начин за решавање на проблемот. „Во овој момент од нас не се бара да заземеме став во врска со одредена резолуција во Советот за безбедност. Би било прерано да се расправа за документи коишто во овој момент имаат неизвесен статус“, рекол./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

(Видео) Филипче: ВМРО-ДПМНЕ успеа за една и пол година да нѐ стави во групата со Косово, БиХ, Молдавија и со Украина

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција порача дека Извештајот на Европската комисија за напредокот на...

Македонија6 часа

Со 205 милиони евра од Британците изградбата на болниците во Штип, Тетово и во Кичево ќе почне најдоцна на почетокот на следната година

Градежните активности за изградба на болниците во Штип, Тетово и во Кичево ќе почнат до крајот на оваа или најдоцна...

Топ6 часа

Загинатите во тешката сообраќајна незгода кај Плетвар се од Кавадарци, објавен идентитетот на учесниците во несреќата

МВР објави информации за лицата кои загинаа и повредените во сообраќајната несреќа на патот Градско-Прилеп, во близина на Плетвар. При судир...

Македонија7 часа

До ДИК поднесени приговори за резултатите во Брвеница, Шуто Оризари и Карпош

До претпладнево, во Државната изборна комисија (ДИК) се поднесени вкупно 16 приговори во врска со постапката за сумирање и утврдување...

Регион8 часа

Еден кат подолу од пеколот: фотографот зборуваше за човекот покрај прозорецот во домот во Тузла

Eдинаесет лица загинаа во пожарот што го зафати пензионерскиот дом во Тузла, а дополнително 35 побарале медицинска помош во Универзитетскиот...

Регион11 часа

Силен земјотрес во Грција, почувствуван и во Бугарија: „На 5. кат сме, се тресевме 10-ина секунди“

Земјотрес со магнитуда од 4,7 степени според Рихтеровата скала ја погоди Грција во 8.16 часот наутро, а беше почувствуван и...

Македонија11 часа

Две жени намамиле човек во мотел во Скопје, каде што го пречекале двајца мажи: го удирале со боксови додека не паднал, па го ограбиле

Истрага против четири лица – двајца мажи и две жени поведе Основното јавно обвинителство Скопје за кривично дело – Разбојништво...

Европа11 часа

Вучиќ сака да продава муниција на Европа, реагира Кремљ: Не сакаме оружјето од братска Србија да биде употребено против нас

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ја коментираше изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ дека Србија е подготвена да продава муниција...

Регион11 часа

(Видео) Бројот на загинати во Тузла се зголемува, 35 повредени, со месеци имало предупредувања за домот

Според најновите официјални информации, вкупно 11 лица загинаа во пожарот што синоќа зафати дел од зградата на Домот за стари...

Свет12 часа

(Видео) Мамдани: Трамп, знам дека ме гледаш, имам четири збора за тебе

Новиот градоначалник на Њујорк, Зохран Мамдани, одржа победнички говор во Бруклин, во кој на остар начин рече дека „градот што...

Европа12 часа

(Видео) Украинците нападнаа база на една од најнапредните руски единици, убиени офицери

Припадници на Главната разузнавачка управа (ХУР) на Украина извршија прецизен напад во окупираниот град Авдиивка во регионот Донецк, уништувајќи го...

Македонија13 часа

Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило делницата од автопат А1 Велес – Градско затворена

Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило, во 01:20 часот делницата од Автопат А1 Велес – Градско...

Свет14 часа

(Видео) Зохран Мамдани е избран за градоначалник на Њујорк

Демократот Зохран Мамдани, кој се опиша себеси како „најлошиот кошмар на Трамп“, е избран за нов градоначалник на Њујорк. Мамдани...

Регион14 часа

(Видео) Ужасни детали од трагедијата во Тузла: Пожарот го зафати катот со лицата со попреченост, се задушија

Десет лица загинаа во трагичен пожар што избувна во дом за стари лица во Тузла. Пожарот се прошири на седмиот...

Регион14 часа

(Видео) Трагедија во Тузла: 10 луѓе загинаа во дом за стари лица

Најмалку десет лица загинаа во катастрофален пожар што избувна вчера вечер во дом за стари лица во Тузла. Најмалку пет...

Топ23 часа

Несреќата кај Плетвар во која загинаа две лица се случила при претекнување, соопшти Обвинителството

Во врска со тешката сообраќајна несреќа што попладнево се случи на патот Прилеп – Росоман, во близина на Плетвар, дежурен...

Топ23 часа

Двajца загинаа во сообраќајка кај Плетвар, петмина повредени

Денеска околу 17 часот на патниот правец Прилеп-Росоман, во близина на селото Радобил, се случила тешка сообраќајна несреќа помеѓу две...

Топ24 часа

Очув и мајка осомничени за обљуба на малолетно девојче

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против двајца сопружници за обљуба со злоупотреба на положбат. Осомничениот...

Топ1 ден

Обвинителството бара одземање на пасошите и дозволата за возачот кој го прегази Јорго Ќука во Скопје

Обвинителството достави до судот предлог за определување мерки на претпазливост за 37-годишниот возач кој на 3 ноември со автомобил удри...

Македонија1 ден

Беким Сали ќе го наследи Изет Меџити како прв вицепремиер

Портпаролот на коалицијата ВРЕДИ, Дритон Сулејмани, денеска потврди дека Беким Сали ќе биде новиот прв вицепремиер, на местото на  Изет...