Македонија
Унапредување на системот на собирање и дистрибуција на вишокот храна во Крива Паланка
На покана на градоначалникот Борјанчо Мицевски, денеска во општина Крива Паланка беше претставник на граѓанското здружение ,,Сите сити“ од Скопје, Блаже Јосифовски, со кого се разговараше за системот на донирање и дистрибуција на вишокот храна во општината.
На работниот состанок Мицевски ја изнесе идејата и потребата од проширување на постоечките народни кујни и разработка на идеи и начини за што поефикасно собирање и дистрибуција на храната од локалните ресторани, пекарски фирми и млекарници.
„Во моментот во општината имеме вкупно 92 корисника на дневни оброци од кои 37 се во општина Ранковце, но нашите согледувања се дека има потреба од зголемување на дистрибуцијата на храна на различни групи корисници со специфични потреби, а за тоа ни е потребен поефикасен и директен начин на собирање на храната”, рече Мицевски.
Претставникот од здружението ,,Сите сити“ ги пренесе нивните позитивни искуства во системот на донирање на вишокот храна на територијата на град Скопје, како и пилот-програмата за ваквите активности, која ова здружение веќе ја спроведува во општините Прилеп и Куманово.
На состанокот беа договорени идните чекори со кои, преку меѓусебна соработка и активности на општина Крива Паланка со граѓанските здруженија, ОО на Црвен крст и Меѓуопштинскиот центар за социјални работи, ќе се подобрат и унапредат можностите на веќе постоечкиот начин на собирање и дистрибуција на вишокот храна.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

