Македонија
Кривичниот суд ќе бара спас за истрагите на СЈО преку Собранието
За иднината на истрагите на СЈО и за преземањето предмети од редовните обвинителства, освен новиот закон, кој е во подготовка, ќе „пресуди“ и автентичното толкување на Законот за специјалното јавно обвинителство, кое кривичниот суд ќе го побара преку државниот јавен обвинител од Собранието. Ова било одлучено на судискиот колегиум во кривичниот суд кој се одржал вчера попладнето.
Најпрвин државниот обвинител Љубомир Јовески ќе треба да се произнесе за тоа кое обвинителство треба да ги води предметите на СЈО кои беа оспорени со мислењето на Врховниот суд, но и ќе се бара автентично толкување од Собранието на членот 22 од Законот за СЈО, за кој Врховниот суд даде мислење, дека Катица Јанева повеќе не е овластен тужител за да отвора истраги и покренува обвиненија.
Од кривичниот суд соопштија: „Колегиумот на судии при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, на седницата одржана на 04.02.2019 година, на која тема на дискусија беше правното мислење на Врховниот суд на Р.Македонија во однос на рокот во кој Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите (СЈО) може да поднесува и презема обвинениа, донесе заклучук да се обрати до Јавниот обвинител на Р.Македонија, Љубомир Јовевски, со барање Јавниот обвинител да се произнесе кое обвинителство може во иднина да постапува како овластен тужител во предметите поднесени од СЈО“.
Јовески веќе јавно го соопшти ставот дека Врховниот суд не бил надлежен да одлучува за ова прашање бидејќи не станува збор за невоедначена пракса на судовите, туку за толкување закон што е надлежност на Собранието.
Највисокиот суд минатата недела донесе начелно мислење дека рокот од 18 месеци за обвиненија и истраги СЈО требало да го смета од моментот кога биле преземени бомбите, а не од секој поединечно од преземањето на секој предмет од редовното обвинителство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Скопје руши рекорди по загаденост, утрово е втор град во Европа
Според светскиот сервис IqAir Скопје утрово е на 20 место во светот, а второ во Европа по загаден воздух.
Доколку се следат податоците од апликациите кои ја мерат загаденоста на воздухот, Скопје и утрово е град со многу висока загаденост. Според светскиот сервис IqAir Скопје утрово е на 20 место во светот, а второ во Европа по загаден воздух.
Најзагаден воздух утрово дишат жителите на населбата Илинден.
Министерството за животна средина алармираше дека е надминат прагот на алармирање. Загадувањето во Скопје е децениски проблем особено во зимскиот период и времетраењето на грејната сезона.
Македонија
Студено утро со измерени -5 степени во Берово
Најстудено изутринава е во Берово, каде се измерени – 5 степени, по што следуваат Битола и Струмица, -4, Скопје-Петровец и Штип, – 3, Демир Капија, Велес и Куманово, – 2. Во Тетово, Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци, Гевгелија, Прилеп, Mаврови Анови и Претор температура од – 1, Крива Паланка, Попова Шапка, 0, Охрид, 1, Виница и Kрушево 2, информира Управата за хидрометоролошки работи (УХМР).
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13 степени.
Во Скопје, променливо облачно и тивко со појава на магла. Максималната температура ќе достигне до 7 степени.
УХМР најави дека до вторник ќе се задржи стабилно и претежно тивко време. По одделни котлини ќе има појава на магла и зголемена облачност. Од вторник кон крајот на денот и во следните денови ќе има повремени локални врнежи од дожд. На планините и на повисоките места врнежите ќе бидат од снег.
Македонија
Ќе се менува проводник на далновод во Прилеп, градот неколку часа ќе биде без струја
Прилеп и приградските населби утре претпладне, од 6:30 до 11 часот, ќе останат без напојување со електрична енергија.
Како што информираат од АД МЕПСО, исклучувањето се врши поради планирани активности на електропреносната мрежа, кои опфаќаат демонтажа на старо проводно јаже од 110 киловлти за далноводот ТС Битола 1- ТС Прилеп 1 и монтажа на нов проводник. На замената ќе работат стручните екипи на АД МЕПСО.
Согласно со планираната динамика, работите ќе траат најмногу четири и пол часа, по што напојувањето со електрична енергија во Прилеп ќе биде повторно воспоставено.
Од АД „МЕПСО“ до корисниците апелираат за разбирање, имајќи предвид дека станува збор за планирани зафати од значење за сигурно и стабилно функционирање на електропреносниот систем.

