Македонија
Османи: Се наоѓаме во финишот на еден долг маратон и сега немаме право на грешка

Заменик-претседателот на Владата на Република Македонија, Бујар Османи, беше домаќин на делегациите на Република Ирска и Република Финска, кои се во работна посета на земјава.
Во рамките на посетата Османи оствари средба со двете делегации предводени од државната министерка за европски прашања на Република Ирска, Хелен Мекенти, како и со државниот декретар при Министерството за надворешни работи на Финска, Самули Виртанен.
„Ирска и Финска се веќе запишани во позитивен контекст во нашата евроинтегративна историја имајќи предвид дека во 2004 година, токму под ирското претседателство, Македонија ја поднесе кандидатурата за членство во Европската Унија, а во 2005 година земјава стекна кандидатски статус под мандатот на тогашниот комесар за проширување, Оли Рен, кој доаѓа од Финска“, истакна Османи на средбата заблагодарувајќи се притоа на севкупната поддршка на двете земји, особено на придонесот на Финска во задржувањето на фокусот на проширувањето на Унијата како земја која е следен претседавач со Европскиот совет и дел од ЕУ-претседателската тројка.
„А тоа, освен што говори во позитивен контекст за двете земји, зборува и за должината на нашиот маратон, кој навистина трае предолго и токму затоа, сега кога сме при самиот финиш, оваа шанса немаме право да ја пропуштиме“, истакна Османи посочувајќи на напредокот во имплементацијата на реформите од планот 18, како и од подготвеноста на земјава да испорача резлутат за уште една чиста препорака со позитивен извештај од страна на Европската комисија, која Османи очекува да резултира и со конфирмација на одлуката за преговори од страна на Европскиот совет во јуни.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Се излеа Маркова Река кај Батинци

Маркова Река се излеа денес по обилните врнежи од дожд.
Во селото Батинци, водата е надојдена, излевајќи се на неколку места околу речното корито.
Ангажирана е механизација за санирање на штетата, а градоначалник на Студеничани, Азем Садики, објави дека забележана е материјална штета во дворовите од куќите кои се наоѓаат во близина на реката.
Засега, според градоначалникот, нема потреба од евакуација.
Фото: ТВ21/скриншот
Македонија
Тетово повика на јавна дебата за промена на имињата на улиците

Општина Тетово в петок, со почеток во 15:00 часот, организира јавна дебата за предлози за имиња на улиците.
„Ги повикуваме сите граѓани, здруженија, невладини организации и граѓанскиот сектор да учествуваат на оваа јавна дебата за именување на улиците“, велат од општината преку допис.
Додаваат дека секој предлог од граѓаните е важен и помага овој процес да биде инклузивен и успешен за граѓаните и градот Тетово.
Македонија
Тошковски: Припадниците на МВР денеска примија плата зголемена за 10 отсто

Припадниците на МВР денеска примија плата зголемена за 10 отсто, информира министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.
„Изминативе години сосема оправдано имаше критики дека платите во МВР се ниски, а очекувањата и одговорностите големи. Често се укажуваше на разлики во однос на некои сродни служби, а чувството на потценетост беше реално и оправдано. Ова зголемување не е доволно, но е еден од многуте чекори што ќе следат во насока на враќање на достоинството и угледот на полицаецот. Целта е јасна – да изградиме модерна, професионална и силна полиција која ќе биде вистински сервис на граѓаните. Продолжуваме понатаму кон обезбедување на подобри услови, поголема поддршка и вистинско вреднување на трудот што секојдневно се вложува“, напиша Тошковски во објавата на социјалните мрежи.