Македонија
(Видео) Мицкоски во Брисел на средби со претставници на Европската народна партија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во рамките на својата посета на Брисел оствари средба со претседателот на Европската народна партија, Жозеф Дол. На средбата, како што соопшти партјата, се дискутирало за актуелната политичка состојба, предизвиците со кои државата се соочува и заемната соработка со Европската народна партија.
Претседателот Мицкоски ја истакна загриженоста за состојбите со корупцијата и криминалот во државата.
„Светските организации Македонија ја препознаваат како произведувач на корупција, која е заштитена од државата. Тоа го говори и последниот извештај на ‘Транспаренси интернешнл’, кој државава ја сместува на дното во Европа. Тука е и тешката економска состојба, речиси најмалиот БДП во Европа со најмалиот економски раст во Европа. Со вакви стандарди наметнати од власта европската перспектива е загрозена“, истакна Мицкоски.
Мицкоски посочи дека сето ова, како и упорното бегање од предвремени парламентарни избори, кои би гарантирале заштитни механизми, отвора сомнеж дека власта сака да организира фалсификат на претседателските избори.
„Ние побаравме од европските партнери организирањето фер и демократски избори да се постави како предуслов за напредок на европската агенда и добивање позитивна оценка“, истакна Мицкоски.
Мицкоски и Дол ја истакнаа заедничката заложба за продолжување на продлабочената соработка на ВМРО-ДПМНЕ со Европската народна партија, како и искористување на расположливите потенцијали.
„Македонија мора да оди напред, но мора и да постави принципи и вредности, враќање на довербата во системот, напуштање на политичките притисоци, како и безусловно владеење на правото и правната држава“, истакна Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја денеска делови од Бутел и Аеродром

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.20 до 12.30 часот, дел од корисниците од ул. 1 во населба Радишани. (општина Бутел)
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Горно Лисиче лоцирани на потегот од Маг Комерц, А-М Стил, Феромонт Инжинеринг кон село Долно Лисиче. (општина Аеродром)
Македонија
Дел од Аеродром денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на 3-та Македонска Бригада бб, прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на Вива, Метро, Центро, Спорт М и Форд, општина Аеродром.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно со повремен локален дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од северен правец (локално над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 7 до 13 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
До среда ќе се задржи претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд и студени утра. Ќе дува умерен до засилен, а долж Повардарието повремено силен ветер од северозападен правец. Потоа следи период на стабилно и суво со постепен пораст на дневната температура.