Забава
Колекционерите на кокичиња за еден примерок даваат и до 1.390 фунти
Ова хоби има своја „дијагноза” – галантофилија. Тоа е зависност од собирање кокичиња, од кои некои воопшто не се евтини. Рекордната цена на овој цвет беше 1.390 фунти, толку некој плати за една луковица од видот златно руно во 2015 година, според plantlife.org.uk.
Продадена е од колекционерот Џо Шерман на Ибеј, кој, освен со собирање се занимава и со вкрстување на кокичиња.
Joe Sharman at Myddleton House
Gepostet von Evolution Plants am Samstag, 25. Januar 2014
„Првото кокиче го добив кога имав 23 години и студирав хортикултура на Writtle College во Челмсфорд. Растението ми го даде Бил Бејкер, кој го собра на Пелопонез. Сега во мојата колекција имам 1.700 различни видови“, вели Британецот Џо Шерман.
Тој додаде дека бил поканет и на „кокичиња забава” каде што се собрале љубителите на овој цвет и разменувале искуства. Многумина се собираат во групи на социјални мрежи, имаат фестивали, организираат разгледување на нивните колекции …
Joe Sharman
Gepostet von Decoy Nursery am Sonntag, 21. Februar 2016
Тој кажа дека некои луѓе се прашуваат како нивните луковици може да бидат толку скапи, но понекогаш се потребни години и години на вкрстување, обиди и неуспеси за да се создаде нов вид кој колекционерите како него сакаат да го имаат.
Во старата традиционална медицина, кокичињата се користат за лекување главоболки и како лек против болки. Тие исто така се користеле за ублажување на симптомите на Алцхајмеровата болест. Сепак, специјалистите за растенија предупредуваат дека се отровни за луѓето ако ги јадат и може да предизвикаат повраќање, гадење и дијареја.
Тие се симбол на чесност, утеха, пријателство во неволја, надеж и чистота.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Нела Манческа ѝ донесе седмо место на Македонија на „Јуниор Евросонг“
Нела Манческа со песната „Miracle“, со која ја претставуваше Македонија на „Јуниор Евросонг“, го заврши натпреварот на високото седмо место, освојувајќи вкупно 141 поен.
Конечниот пласман беше одреден од комбинираните гласови на стручните жири-комисии и публиката, при што Македонија оствари одличен резултат кај жирито, пласирајќи се меѓу првите пет земји според нивното гласање.

Во жири-гласањето, Македонија доби 12 поени од Црна Гора и Италија, што дополнително го потврди силниот впечаток што настапот на Нела Манческа го остави кај професионалните оценувачи.
Победник на годинашното издание на Јуниор Евросонг е Франција со освоени 248 поени, второто место ѝ припадна на Украина, а третото на Грузија.
Забава
(Видео) „Miracle“ одекна во Тбилиси: Нела Манческа ја претстави Македонија на Јуниор Евросонг
Вечерва во Тбилиси, Грузија, се одржува 23-то издание на Јуниор Евросонг, а Македонија ја претставуваше Нела Манческа со песната Miracle.
Aвтори на песната се продуцентoт Лазар Цветкоски и Магдалена Ена-Цветкоска која го напиша текстот.
View this post on Instagram
На овогодишниот избор за песна на Детска Евровизија учествуваат 18 земји.
Гласањето можете да го следите во живо на линкот.
Забава
Љубов под елката: Три знаци ќе доживеат филмска љубов до крајот на месецот
Иако декември е хаотичен месец, за некои хороскопски знаци љубовта оваа година доаѓа посилно од очекуваното. Според астрологот Адама Сисеј од „Lilith Astrology“, клучни се транзитите на Венера и Марс – планетите на љубовта, привлечноста и страста. Кога тие се поволно поставени, се случуваат токму оние „филмски“ моменти: вистинско време, вистинско место, вистинска личност.
Овие три знаци имаат најголеми шанси Новата година да не ја дочекаат сами:
Близнаци – Венера и Марс се во силен аспект со вашиот знак, носејќи нови средби, лесна комуникација и природна хемија. Ќе бидете похрабри и поотворени – токму она што ви оди најдобро.
Стрелец – Венера и Марс се во вашиот знак речиси цел месец, па вашата привлечност е на врвот. Спонтани излегувања, флерт и романса доаѓаат без многу напор.
Јарец – Кон крајот на декември, двете планети влегуваат во вашиот знак и ги активираат романтичните и страстните импулси. Можно е новогодишниот бакнеж да биде со некој навистина посебен.
Ако не сте меѓу овие знаци – вреди да го проверите и вашиот подзнак.
Фото: Pexels

