Спорт
(Видео) Тенискиот свет е воодушевен, освои поен со невидена ротација на топчето

Кој вели дека на Челинџ-турнирите не се игра добар тенис. На турнирот во Далас, Русинот со американски пасош, Денис Новиков, одигра фантастичен потег кој ги запали социјалните мрежи, а публиката на теренот ја доведе до делириум.
Новиков истрча на мрежа на скратена топка, ја пласира така што топчето фати неверојатна ротација.
„Тоа беше невозможна ротација. Тенискиот свет е воодушевен. Дали некогаш сте виделе нешто слично“, напиша шпанска „Марка“ на фејсбук-страницата.
Новиков завчера претрпе пораз од Еквадорецот Гомез со 1-6 и 1-6, но со потегот стана хит на интернет.
? ¡¡Efecto imposible!! El golpe del 268 de la ATP que alucina al mundo del tenis: ¿habías visto algo igual? ? pic.twitter.com/N7SWB9lOFn
— MARCA (@marca) February 7, 2019
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Клупско СП: Палмеирас славеше во бразилското дерби во продолженијата

Ботафого во групната фаза приреди едно од најголемите изненадувања, го победи во Пасадена шампионот на Европа, Пари Сен Жермен, но овој пат не можеше против земјаците од Сао Пауло. Фудбалерите на Палмеирас први се четвртфиналисти на Клупското светско првенство што се одржува во Соединетите Американски Држави.
Зелените од Сао Пауло беа подобри од црно-белите од Рио де Жанеиро во осминафиналето. Дуелот на два бразилска великанa на стадионот Линколн Фајненшл Филд во Филаделфија заврши со резултат 1:0 (0:0, 0:0).
Победникот е одреден дури по продолженијата откако по 90 минути игра немаше голови. Стрелец на одлуката беше Паулињо во 100. минута. Палмеирас по 90 минути имаше далеку повеќе удари кон голот (16:4), но идната ѕвезда на лондонскиот Челси, 18-годишниот „вундеркинд“ Вилијан Естевало и останатите фудбалери во зелени дресови не најдоа пат до мрежата на Ботафого во регуларниот дел.
Спорт
Норис со брутален круг до пол-позицијата во Австрија

Возачот на Мекларен, Ландо Норис, ќе стартува од пол-позицијата на трката за Големата награда на Австрија.
Британецот до третата пол-позиција оваа сезона дојде со брилијантен круг 1:03.971 минути. За речиси половина секунда го остави зад себе шарл Леклер од Ферари, а тимскиот колега Оскар Пајстри беше уште подалеку.
Вторито ред за утрешната трка го комплетира Луис Хамилтон од Ферари. Зад него се Џорџ Расел (Мерцедес) и Лијам Лосон (Рејсинг Булс). Актуелниот светски првак, Макс Ферстапен ќе стартува од седмата позиција, веднаш до него е дебитантот од Заубер, Гавриел Бортолето.
Топ 10 ги комплетираа Кими Антонели (Мерцедес) и Пјер Гасли (Алпин).
Трката на патеката Спилберг се вози в недела со почеток во 15 часот.
Спорт
Ѓоковиќ: Сакам да играм уште неколку години

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ им се обрати на медиумите пред учеството на претстојниот Гренд слем – Вимблдон.
Ѓоковиќ има 24 Гренд слем титули, а новинарите беа заинтересирани дали токму Вимблдон е негова најголема шанса да дојде до 25 Гренд слем трофеј.
„Дали е ова мојот последен танц? Не знам. Имам желба да играм уште неколку години! Би сакал да бидам физички здрав и ментално мотивиран да продолжам да играм на највисоко ниво. Тоа е мојата цел, но на оваа возраст којзнае. Би се согласил дека Вимблдон е мојата најголема шанса, поради резултатите овде и како се чувствувам и како играм овде.“
Новак Ѓоковиќ седум пати во кариерата победил на Вимблдон. Рекордер со осум трофеи е Роџер Федерер.