Спорт
Ол стар: Јанис ги зеде Јокиќ и Вучевиќ, Кајри и Дејвис кај Леброн

Јанис Адетокумбо и Леброн Џејмс ги избраа соиграчите за Ол стар викендот. Главниот натпревар во Шарлот ќе се одигра на 18 февруари (2 часот по средно европско време). Адетокумбо во својот тим ги избра играчите од Балканот Никола Јокиќ (Денвер) и Никола Вучевиќ (Орландо).
Од стартерите на Истокот и Западот што беа избрани според гласовите на навивачите, тренерите и медиумите Јанис и Леброн ги избраа оние што ќе го почнат мечот, а потоа и резервите. Интересно откако ги избраа тимовите Јанис и Леброн направија трејд.
Леброн од тимот на Јанис го доби Бен Симонс, играчот на Милвоки го доби Расел Вестбрук.
? TRADE ALERT ?
Russell Westbrook will play for #TeamGiannis
Ben Simmons will play for #TeamLeBron pic.twitter.com/Ble0lmiD2b— NBA TV (@NBATV) February 8, 2019
Во тимот на Адетокумбо ќе играат Пол Џорџ, Кемба Вокер, Стеф Кари и Џоел Ембид, додека кај Леброн се Кајри Ирвинг, Кевин Дурент, Џејмс Харден и Каваи Ленард.
Team Bron or Team Giannis? pic.twitter.com/wjTijuES9b
— Bleacher Report (@BleacherReport) February 8, 2019
Покрај Јокиќ и Вуќевиќ резерви кај Адетокумбо се Расел Вестбрук, Блејк Грифин, Кајл Лаури, Дирк Новицки и Дианџело Расел, кој е замена за повредениот Виктор Оладипо.
Резерви во тимот на Леброн се Ламаркус Олдриџ, Бредли Бил, Демијен Лилард, Ентони Дејвис, Клеј Томпсон, Карл-Ентони Таунс и Двејн Вејд.
The 2019 #NBAAllStar #TeamLeBron & #TeamGiannis rosters as drafted by #LeBronJames and #Giannis! pic.twitter.com/AbvnyJjMsv
— NBA (@NBA) February 8, 2019
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) ФИБА ги казни тепачите од Аргентина и Доминиканска република

Светската кошаркарска федерација (ФИБА) изрече суспензии и казни по натпреварот помеѓу Аргентина и Доминиканската Република на Купот на Америка.
Сликата на Гонзало Бресан како го напушта теренот облеан во крв по тепачката помеѓу играчите на двете репрезентации го засени натпреварот.
Тензиите што се создаваа за време на натпреварот избувнаа по последниот звук на сирената.
Инцидентот кулминираше мешу Дејвис-Џонс и Бресан, по што се вмешаа и останатите од двата тима.
ФИБА ги суспендираше двајцата на по два натпревари. Аргентинците Франциско Кафаро и Хуанпи Волет беа суспендирани на по еден натпревар, а тренерот Пабло Приџони беше казнет со 2.000 швајцарски франци. Аргентинската федерација ќе мора да плати 20.000 франци.
Во Доминиканската Република, Хуан Гереро и Хуан Суеро беа суспендирани на по еден натпревар, додека Анхел Делгадо е условно суспендиран на еден натпревар.
Tremenda trifulca luego del fin del partido donde República Dominicana venció a Argentina en tiempo extra. pic.twitter.com/PW9MHqbI8L
— 8DeportivoTN8 (@8DeportivoTN8) August 24, 2025
Pablo Prigioni's Argentina fights rival Dominican Republic after FIBA loss
2 years ago the DR kept Argentina out of the World Cup
Prigioni in 🇦🇷 huddle calls St John's 🇩🇴 Joel Soriano "the fat guy who can't move"🤣
Spurs David Jones-Garcia (#8🇩🇴blue) is provoked, throws down🥊 pic.twitter.com/d8BqnJmoGS
— New York Basketball (@NBA_NewYork) August 25, 2025
Спорт
Каират го елиминира Селтик, ќе игра во Лигата на шампионите

Фудбалерите на Каират направија големо изненадување, први што се квалификуваа за Лигата на шампионите од клубовите кои се бореа за место во елитното европско натпреварување преку квалификациите.
Во плејофот, шампионот на Казахстан беше подобар од шампионот на Шкотска, тимот на Селтик. Откако првиот натпревар во Глазгов заврши нерешено 0:0, во реваншот во далечниот Алмати (6.000 км воздушно растојание помеѓу Глазгов и Алмати) резултатот по регуларните 90 плус дополнителни 30 минути гласеше идентично 0:0, а по изведувањето на пенали, фудбалерите на Каират славеа со 3:2.
Херој беше 21-годишниот голман Темирлан Анарбеков, тој им одбрани три пенали на играчите на Селтик и му го трасираше патото на својот тим во главната фаза од Лигата на шампионите.
Каират стана вториот тим од Казахстан кој стигна до главната фаза од Лигата на шампионите. Претходно тоа и успеа на Астана во сезоната 2015/16.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Најскапото засилување во историјата на Аталанта се пресели во Бешикташ

Напаѓачот од Мали, Ел Билал Туре (23) ја напушти Аталанта и ќе го помине остатокот од сезоната на позајмица во редовите на Бешикташ. Турскиот клуб ќе може да го откупи неговиот догоговор по завршувањето на сезоната.
Пред две години, Туре стана најскапото засилување во историјата на Аталанта кога дојде од Алмеира за нешто повеќе од 30 милиони евра.
Сепак, тој не се снајде во Бергамо. Речиси веднаш по пристигнувањето во Италија, тој заработи сериозна повреда на тетивата, што го спречи да игра до февруари.
Минатата сезона ја помина на позајмица во Штутгарт, а сега се сели во Бешикташ.
Претходниот тренер на Аталанта, Џан Пјеро Гасперини, не беше задоволен од неговата форма, а новиот тренер на „Ла Деа“, Иван Јуриќ, очигледно не смета ниту на него.
Тој одигра вкупно 17 натпревари за Аталанта, постигнува три гола, додека минатата сезона одигра и 17 натпревари за Штутгарт, постигнува три гола.
Туре е роден во Брегот на Слоновата Коска, но игра за репрезентацијата на Мали, вза која одигра 25 натпревари и постигна девет гола.